Рецензии

Рецензија: Зошто техничката влада во Бугарија не може да ги легитимира барањата на СДСМ?

на 11. 08. 2014 | |
Ова е текст кој споредува неспоредливи работи. Точно е дека работите се различни, но тоа што текстот го прави за рецензија е тезата дека: Опозициските медиуми со формирањето на техничка Влада во соседна Бугарија се обидуваат да го легитимираат барањето на социјалдемократите, без избори да се инсталираат на Илинденска. Досега никој во јавноста, ниту од СДСМ, ниту, пак, од таканаречените, според текстот, „опозициски медиуми“, не го застапувал овој став. Ниту еден аналитичар, кој ги подржува барањата на опозицијата за техничка влада, не побарал нешто такво. Линк до оригиналниот напис: Зошто техничката влада во Бугарија не може да ги легитимира барањата на СДСМ? Датум и време на објавување: 07.08.2014, 21:29 Датум на рецензирање: 08.08.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НАМЕТНАТИ ТЕЗИ

Текстот

Рецензија: Бакрачески ги кара медиумите, а бил на викенд во Грција

на 11. 08. 2014 | | sq
Кон средината на осумдесеттите години во екс-Југославија економско-политичките прилики почнаа да стануваат се полоши. Колективното раководство од „стар ков“ не ги признаваше лошите вести. Една анегдота вели дека  кога на некој состанок на државниот врв биле изнесени анализите и проценките на странските агенции и медиуми за состојбата во СФРЈ, некој од раководителите прашал чија е таа анализа. „Па, на Ројтерс“. „Сопрете го тој Ројтерс“, рекол анонимниот раководител на овој епохален „кризен менаџмент“. На оваа анегдота деновиве не потсети охридскиот градоначалник Бакрачески. Градот под неговиот менаџмент е ОК, само не чинат медиумите. Линк до оригиналниот напис: Бакрачески ги кара медиумите, а бил на викенд во Грција Датум и време на објавување: 07.08.2014 Датум на рецензирање: 08.08.2014 Рецензент:Стојан

Рецензија: По расправија со сопругата се самоубил газда на ресторанот „Буре“

на 8. 08. 2014 | |
Незабележливо, но континуирано, во домашните медиуми еродираат моралните принципи според кои тие треба да се водат кога известуваат за една така деликатна тема какво што е самоубиство на индивидуа. Еден типичен пример е смртта на сопственикот на скопската кафеана „Етно буре“ и начинот на кој се известуваше за тој случај. Ја рецензираме најрано објавената вест, на која потоа се повикуваа и други медиуми, воедно и една од оние во кои стојат најмногу детали од приватниот живот на починатиот, на кои никако не му е место во информација за настанот, а потоа тие детали беа објавени во поголемиот дел од извештаите и проширените вести на истата тема. Така, освен што се дозна за кого точно се работи (објавено е личното име

Рецензија: Толку беше од СДСМ во општина Центар

на 8. 08. 2014 | |
Ова би го нарекол медиумско-малициозен производ со многу „сеир фаќање од страна“, а малку новинарски елементи. Вистинската вест, како и причините за нејзиното постоење, се зафрлени „таму некаде“, а наместо тоа имаме обид за некаква си козерија која не само што не ја исполнува целта, туку застранува во насока која нема многу допирни точки со главната поента на кој било легитимен текст – вистинска и точна ИНФОРМАЦИЈА!!! Линк до оригиналниот напис: Толку беше од СДСМ во општина Центар Датум и време на објавување: 04.08.2014, 22:29 Датум на рецензирање: 07.08.2014 Рецензент: Владимир Мирчески   НЕМА ОДГОВОР КАКО И ЗОШТО ОПОЗИЦИЈАТА ГО ГУБИ МНОЗИНСТВОТО ВО ЦЕНТАР Вистинитост има, ама е преработена на таков начин што на моменти самата себе си се дискредитира.

Рецензии: Лиеж: Премиерот Груевски веднаш позади принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

на 8. 08. 2014 | | sq
Иако фотографиите ретко кога во рамките на Проектот за проверка на факти во медиумите биле повод за рецензија, еве и една таква исправка. Причина: присуството на македонскиот премиер Никола Груевски на одбележувањето на почетокот на Првата светска војна во Лиеж, што ги предизвика медиумите да ја издвојат позицијата на македонскиот шеф на Владата во однос на кремот на европските политичари, во распоредот за седење на главната бина во белгискиот град. Премиерот е прикажан како седи „веднаш зад принцовската двојка од Лондон“, што треба да значи, нели, дека Македонија и нејзиното раководство се на висока цена. Дали е тоа вистина? Линк до оригиналниот напис: Лиеж: Премиерот Груевски веднаш позади принцот Вилијам и Кејт Мидлтон Датум и време на објавување: 04.08.2014, 14:29

Рецензија: Агим Красниќи прободел затвореник со нож во Идризово

на 8. 08. 2014 | |
Уште еден пример за погубноста на копирачкото новинарство, каде што не се води сметка за основните постулати во професијата: да се провери веста, изворот или едноставно да се направи обид да се добие нешто повеќе како информација од таа на која се повикувате или ја препишувате, а станува збор за информација од земјава. Главниот проблем во случајов е што порталов ни нуди вест која е стара 13 месеци и 3 дена и која, за жал, како таква била објавена и во септември 2013 година на истиот портал, но сега ни се нуди како „нова“, овој пат под формата дека наводно истата ја објавиле порталите на албански јазик. Ваквиот начин на ретуширање на стари вести, го покажува непрофесионализмот во новинарството и

Рецензија: Како СОРОС само Струмица, Центар и Струга ги одбра за ангажирање координатори?

на 8. 08. 2014 | |
За новинарот фактите треба да бидат неприкосновени, а неговата обврска е да ги става во првилен контекст и да оневозможи нивната злоупотреба. Ако се работи за гласини, претпоставки или шпекулации тоа мора јасно да се каже и да се објави. Рецензираме текст кој во сосема легален, легитимен и транспарентен проект на Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ) гледа нешто „сомнително“. На тоа ја „предупредува“ јавноста, создавајќи за оваа организација негативна перцепција кај граѓаните и ја става во контекст на настани со кои таа нема ама баш никава врска. „Како СОРОС само Струмица, Центар и Струга ги одбра за ангажирање кординатори…Зијадин Села очигледно е ставен на приоритет на ФООМ како најгласен по пресудите за случајот „Монструм“ и протестите кои следеа потоа“. Линк

Рецензија: ВО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ: „Телеком“ и „Т-Мобиле“ со водечка позиција на пазарот

на 8. 08. 2014 | |
Станува збор за вест која е крајно комерцијално пристрасна, вест со изместени приоритети, која е и премногу скратена, што на места е и нејасна. Насловот, пак, е посебна приказна и тој во себе не ја содржи главната ударната информација, туку кажува работи кои се познати со децении. Сѐ на сѐ, вест со лошо обработени информации. Линк до оригиналниот напис: ВО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ: „Телеком“ и „Т-Мобиле“ со водечка позиција на пазарот Датум и време на објавување: 07/08/2014, 12:40 Датум на рецензирање: 07/08/2014 Рецензент: Владимир Петрески Веста нема проблем со вистинитоста на изнесените информации, но има проблем со начинот на кој тие се изнесени, а уште повеќе со информациите кои не се изнесени, а морале да бидат за веста да биде

Рецензија: Македонија финансиски на стабилни нозе!

на 7. 08. 2014 | |
Повторно се сретнуваме со наменски текст чија единствена цел е пофалба на одредена политика, направен без ни малку објективност. Во него се прави погрешна макроекономска анализа, се мешаат податоците, се споредуваат неспоредливи работи, се прави спој на податоци и бројки кои никако не можат да се поврзат, погрешно се толкуваат бројки и се изнесуваат судови кои едноставно немаат врска со реалноста. Линк до оригиналниот напис: Македонија финансиски на стабилни нозе! Датум и време на објавување: 06.08.2014, 07:45 Датум на рецензирање: 06.08.2014 Рецензент: Владимир Петрески Ако го рецензирате овој текст, прв проблем со кој се соочувате е што не знаете од каде да почнете. Си велите, најдобро е да се почне од почеток, но ако така се постапи оваа рецензија треба

Рецензија: Кејот на Вардар како Париз покрај Сена

на 6. 08. 2014 | |
Текстовите кои некритички ги фалат економските потези на актуелната влада не ретко лесно посегаат по споредби кои одат во претерување. Своевремено постоеше една изрека што сликовито ја опишуваше таа неумерена споредба: „Париз на Сена, Тето(в)о на Пена!“. „Градот на светлината“, изгледа, останал неостварен сон за домашните архитектонски, урбанистички и туристички желби? Линк до оригиналниот напис: Кејот на Вардар како Париз покрај Сена Датум и време на објавување: 04.08.2014 Датум на рецензирање: 05.08.2014 Рецензент:Стојан Синадинов Овој текст се потпира на информациите на Министерството за транспорт и врски, односно распишаната објава за продажба на градежни парцели по пат на електронско јавно наддавање. „Од вчера, во низата ќе се придружи уште една локација наменета за изградба на хотел, а тоа е кејот на