Рецензии

Рецензија: Кременадла 100 денари, пиво 70 – цените во рестораните во Дојран „живо џабе“

на 14. 08. 2014 | | sq
Некој можеби имал илузии, но ова не е новинарски текст, туку класично рекламирање – факт кој воопшто не е наведен со што јасно е прекршен Кодексот на новинарите на Македонија. Линк до оригиналниот напис: Кременадла 100 денари, пиво 70 – цените во рестораните во Дојран „живо џабе“ Датум и време на објавување: 11.08.2014 Датум на рецензирање: 13.08.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

РЕКЛАМАТА НЕ Е ИСТО ШТО И НОВИНАРСКИ ПРОИЗВОД

„Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето. Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата“  – стои во членот 6 од Кодексот на новинарите. Тоа во овој случај не е испочитувано. Секако, има новинарски мотив и приказна во екот

Рецензија: Исплаќање на К-15 како епизода од К-15. Смешно и трагично

на 14. 08. 2014 | |
Изминатиот период  медиумите во повеќе наврати информираа за враќањето на веќе заборавениот К-15. Популарниот регрес за годишен одмор имаат обврска да го исплатат сите приватни компании (според  Договорот потпишан меѓу ССМ и Организацијата на работодавачи), и тоа во перидот од 1 јули  до 31 декември и во висина на 40 отсто од просечната плата во државата. Текстот што го рецензираме е еден од ретките написи кој се обидува да даде одговор за тоа дали и како овој договор се спроведува  во практиката. Линк до оригиналниот напис: Исплаќање на К-15 како епизода од К-15. Смешно и трагично Датум и време на објавување: 05.08.2014 Датум на рецензирање: 12.08.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ФИНТИ И „ДУПКИ“

Во написот најпрво се дава еден кус

Рецензија: Две скопјанки и една битолчанка најбарани проститутки на јахтите во Црна Гора

на 14. 08. 2014 | |
За изнесен податок да биде веродостоен, зад него треба да стои извор кој што ќе биде релевантен. Во случајот такво нешто не постои. Иако формално се повикува на полициски извори, текстот не наведува линк до оригиналниот текст поради што не може да се добие впечаток дека навистина полицијата тврди оти девојките се од Скопје. Доколку е вистина дека девојките се бават со сексуална работа, која во Црна Гора е нелегална, а полицијата знае за тоа, тогаш прашање е зошто полицијата не си ја врши работата. Сосема е индикативно како полицијата знае „кои девојки се најбарани“, како што наведува текстот. Медиумите на интернет ја имаат уникатната можност да ги линкуваат содржините кои ги преработуваат со нивните оригинали, но тоа во случајот

Рецензија: Кој ја задушува Старата скопска чаршија?

на 13. 08. 2014 | | sq
Настанот кој се случи за време на викендот во Старата чаршија, а за кој известија практично сите медиуми и за кој долго се дебатираше на социјалните мрежи, наводното демолирање на локалот „Њу Орлеанс“, е предмет на обработка во овој напис. Навидум задоцнетото отворање на тој случај се оправдува низ фактот што текстот не се базира на очевидци и лица кои од втора рака чуле за настанот, туку се обидува на лице место да собере информации. За чудо, тие ја менуваат сликата која кај читателите се вкорени по првите медиумски одеци за настанот. Линк до оригиналниот напис: Кој ја задушува Старата скопска чаршија? Датум и време на објавување: 11.08.2014, 18:58 Датум на рецензирање: 12.08.2014 Рецензент: Љубомир Костовски Ресторанот вчера работеше најнормално.

Рецензија: Внимавајте: Уште кај три компании пронајдена листерија?

на 13. 08. 2014 | | sq
Желбата за наводна ексклузивност е тесно поврзана со шпекулирањето. Така и во овој случај, пишувањето на еден медиум за наводното ширење на сомнителните компании за преработка на месо, кај кои е пронајдена опасната бактерија „листерија“, е податлива за пренесување. Откако веста со сензационалистички наводи е демантирана од надлежните институции, медиумот кој ја лансирал ја повлекува од порталот, премолчено признавајќи ја грешката. Но, нејзините наводи остануваат во другите медиуми.
Линк до оригиналниот напис: Внимавајте: Уште кај три компании пронајдена листерија? Датум и време на објавување: 11.08.2014 Датум на рецензирање: 12.08.2014 Рецензент: Стојан Синадинов Текстот не се базира на факти, туку на претпоставки. Дури и во самиот текст се вели дека информациите за присуство на бактеријата листерија кај уште три други компании

Рецензија: Што монструмот го чека во затвор? – ќе го проколне денот на раѓање!!!

на 13. 08. 2014 | |
Без сомневање, пред нас е текст за кој се потребни и јак желудник и силни нерви да се прочита до крај и да се свари неговата содржина. Текстот е поврзан со случајот на неодамнешното свирепо убиство на девојче во Србија и претставува вознемирувачки опис на малтретирањата и ужасите на кои вообичаено (според тврдењето во написот) по затворите се изложени осудените за убиства, силувања и малтретирања на деца, а на кои ги подложуваат останатите затвореници. Иако и порано во повеќе наврати медиумите се занимавале со оваа шокантна појава на садизам и своевидна сурова ретрибуција со која самите затвореници ја „преземале правдата во свои раце“ и спроведувале сексуално насилство врз силувачите и убијците на деца, текстот кој е предмет на рецензијава дава

Рецензија – наслов пренесен без поправки: (АНАЛЗА) Пред банкрот се 11 земји во светот

на 12. 08. 2014 | |
Овде повторно се соочуваме со напис, кој пренесува проценки за ризикот од банкрот на земјите од светот кои се во најтешка финансиска состојба. За разлика од претходниот текст, во кој беа смешани и Македонија и некои земји од регионот и каде што анализата беше проблематична од повеќе аспекти, овде не се отишло толку далеку. Македонија и регионов не се спомнуваат, но текстот сосема незаслужено е наречен „Анализа“ (или „АНАЛЗА“ со печатна грешка во насловот), некои термини не се докрај објаснети и се погрешно преведени, а се стручни и крајно нејасни за обичниот читател и, исто така, станува збор за користење на застарени податоци. Линк до оригиналниот напис: (АНАЛЗА) Пред банкрот се 11 земји во светот (насловот е пренесен без поправки)

Рецензија: Убиецот на Тијана ужива во затворот?!

на 12. 08. 2014 | |
Ова е текст кој може да предизвика многу реакции во јавноста, пред сѐ, поради насловот. Заклучокот дека тој ужива во затвор е извлечен без конкретен податок или факт, иако сѐ уште е спорно како тоа се ужива во казнена установа, каде што бил сместен сам во соба. Линк до оригиналниот напис: Убиецот на Тијана ужива во затворот?! Датум и време на објавување: 11.08.2014, 10:10 Датум на рецензирање: 12.08.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

БЕЗ ДОКАЗИ

Тоа што некој е во затвор, а е сместен сам во повеќекреветна соба, не дава за право да се мисли дека затвореникот ужива. Тој сѐ уште се наоѓа во притвор, а според стандардите од Европската унија и законите во матичната земја точно се знае што треба

Рецензија: Укинат е секретаријатот за проширување на Унијата на подолг рок, се до 2019 година

на 12. 08. 2014 | |
Основниот проблем со материјалот што е пред нас е во насловот: „Укинат е секретаријатот за проширување на Унијата на подолг рок, се до 2019 година“.  Тој фактички ја дезинформира јавноста дека веќе е донесена одлуката да нема еврокомесар за проширување. Имено, прилогот се темели на анализата на друг медиум, кој, пак, повикувајќи се на свои извори од Брисел, објави  дека може да се случи такво нешто (поради најавите на новиот претседател на Европската комисја, Жан Клод Јункер дека проширувањето на ЕУ ќе биде одложено на пет години). Но, тоа ќе се знае на 30 август кога Жан Клод Јункер треба да го соопшти новиот состав на ЕК. Што значи, не станува збор за „завршена работа“, каква што е пораката

Рецензија: Ужасно убиство: Го фрлил двегодишното дете од десетти спрат па ја убил баба му

на 12. 08. 2014 | | sq
Да се пренесе информацијата коректно не значи само да се пренесат точни информации, туку и да се направи соодветен распоред на одговорите на петте основни новинарски прашања, односно тие да се подредат по приоритет. Сѐ почесто се случува во текстовите да се одбегнува да се наведе местото на настанот за кој се известува, со што, најверојатно свесно, се прави нечесен обид да се „залаже“ оној што чита, дека настанот се случил во Македонија и да се создаде привид дека настанот е  поимпактен и поблизок. Ова создава анимозитет и губење на довербата кај публиката што е запознаена со правилата на медиумското изразување. Линк до оригиналниот напис: Ужасно убиство: Го фрлил двегодишното дете од десетти спрат па ја убил баба му Датум