Рецензија: Кременадла 100 денари, пиво 70 – цените во рестораните во Дојран „живо џабе“
Објавено во Рецензии
on 14 - 08 - 2014 Автор: Владимир МирческиНекој можеби имал илузии, но ова не е новинарски текст, туку класично рекламирање – факт кој воопшто не е наведен со што јасно е прекршен Кодексот на новинарите на Македонија.
Линк до оригиналниот напис: Кременадла 100 денари, пиво 70 – цените во рестораните во Дојран „живо џабе“
Датум и време на објавување: 11.08.2014
Датум на рецензирање: 13.08.2014
Рецензент: Владимир Мирчески
РЕКЛАМАТА НЕ Е ИСТО ШТО И НОВИНАРСКИ ПРОИЗВОД
„Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето. Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата“ – стои во членот 6 од Кодексот на новинарите.
Тоа во овој случај не е испочитувано. Секако, има новинарски мотив и приказна во екот на летната сезона на публиката да ѝ се прикажат цените во локалите и рестораните во едно од посетуваните домашни летувалишта. Внимавајте, зборуваме во множина: „локали“ и „ресторани“, а не само за едно место како што е направено во овој материјал. Од приложеното произлегува дека наместо новинарски имаме пропаганден производ, бидејќи се наведуваат цени од само еден ресторан.
Со таквиот пристап не е обезбедена објективност и соодветна анализа на состојбата, ниту пак е целосно поткрепено тврдењето дека „во Дојран е живо џабе“. Може е ефтино само во тој конкретен локал, а не во целиот град, бидејќи не ни се нудат податоци за кое било друго место. За да се извлече генерална оценка неопходни се информации од повеќе извори, односно угостителски места. Дополнително, со самото пласирање и на името на кафеаната, јасно е дека е добиена реклама. Поточно, преку екстензивната употреба на фотографии нам, како на заинтересирана јавност, буквално ни е доловено целото мени на еден ресторан. Не знам за што жанр станува збор, ама тој сигурно не е новинарски, зашто всушност е чисто ЕПП – глорифицирање на конкретна „меана“. Не навлегуваме во тоа дали е бесплатно или е наплатено.
Излишно е што било дополнително да се кажува, бидејќи „гастрномски пристап“ кон само едно единствено место, зачинето со целокупното мени и сето тоа претставено како општа слика за ценовните услови во Дојран секако не е новинарство.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
еден извор за генерализирана слика
официјални
релевантни, нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не е поткрепен
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови