Рецензии

Рецензија: Најголемата тајна на светот: НАТО не влезе во Ирак за нафта туку поради временската капија

на 19. 09. 2014 | |
Древните цивилизации Асирија и Сумерија, вгнездени на деловите од територија на денешен Ирак, со векови привлекуваат внимание на научниците и археолозите, но и на луѓето со бујна фантазија, кои од она што науката до денес не го објаснила прават разни сценарија и кои се на границата меѓу реалното и научната фантастика. Таквите соджини се секогаш интересни и за медиумите, особено ако новинарот знае својата фантазија да ја смести во актуелниот миг и да ѝ даде мистериозна димензија. Рецензираме поднаслов на еден таков текст кој е преземен од порталот во соседството, „Највеќа тајна на свету“ и без почитување на било какви новинарски стандарди при неговата обработка преточен во сензационална „вест“ дека: „НАТО не влезе во Ирак за нафта, туку поради временската

Рецензија: Сноуден ја откри најголемата тајна на НАСА

на 18. 09. 2014 | |
Чист кромид! И тоа бајат! Тоа би била кусата „дијагноза“ на текстот кој е предмет на оваа рецензија. Веста дека  Едвард Сноуден, поранешниот соработник на американската разузнавачка агенција НСА, обелоденил застрашувачка вистина дека нашата планета во текот на месец септември ќе биде изложена на уништувачки силни зраци на Сонцето и дека тоа ќе значи смрт за стотици милиони луѓе на Земјата, ја пренесоа неколку домашни портали, кои се повикуваа на еден ист тотално нерелевантен руски сајт специјализиран за езотерија (вонземјани, магии, пророштва, апокалипси). Но, фактот дека сајтот од каде веста потекнува е сѐ освен сериозен извор на информации, очигледно не ги поколебало оние кои ја пренеоа оваа „кромидна“ вест. Како што е познато, поимот „кромид-вест“ е феномен наречен по првиот

Рецензија: Во Турција има 6 милиони Македонци!

на 18. 09. 2014 | | sq
Македонија е земја во која никако да се изведе попис на населението, практично од нејзиното осамостојување. Имаше контроверзи и околу пописот пред 12 и нешто години и обвинувања дека заврши со политички договор, а оној вториот, од 2011 година не се доврши и се смета за неуспешен. Но, ако не можеме да ги изброиме Македонците во земјава, лесно ги броиме Македонците во другите земји. Одамна – уште од 70-тите години на минатиот век , во „усно предание“ кружи бројката дека не има 5 милиони и тоа во прекуокеанските земји (Австралија, Канада, САД) и таа бројка некако си опстојува во митовите на „каузата“. Сега, овој текст говори за нови пет милиони, кои ги сместува во Турција, со индикативен наднаслов „Колку

Рецензија: Пукна тиквата од „бомбата“ на СДСМ

на 18. 09. 2014 | |
Вест: „Основен облик на новинарско изразување, жанр што во себе донесува некоја новост, новина и најчесто останува на неа“; Извештај: „Извештајот произлегува од настан и го следи текот на настанот, ги донесува основните конститутивни елементи, компоненти што даденото збиднување го чиант податливо и заслужно за новинарско тертирање“; Коментар: „Коментарот претставува жанр во кој низ аналитичко согледување се вреднува определен настан, проблем, факт со нагласено авторско промислување, ангажирано толкување и понудување решение преку згуснато кажување“. „Новинарски жанрови“ Откако ова ќе се прочита, се поставува прашањето што, всушност, претставува конкретниот материјал: вест, извештај, коментар, или пак агитпропско медиумско изразување кое има многу малку заедничко со вистинско новинарство. Анализата покажува дека е најблиску до ова последното.  Линк до

Рецензија: Словенците ја распаднаа Југославија, не дозволивме да ја уништат и СЕХА

на 17. 09. 2014 | | sq
Оваа рецензија е по предлог на нашиот читател кој добро забележал дека во текстот има недозволиви квалификации и навреди кои се однесуваат на целиот еден народ „Словенците ја распаднаа Југославија, не дозволивме да ја уништат СЕХА“ . Написот е поврзан со ракометниот спорт и апсолутно не може да се најде никаков контекст преку кој одбивањето на словенечките ракометни екипи да учествуваат во натпреварите од СЕХА лигата би можело да се поврзе со распадот на југославија. Линк до оригиналниот напис: Словенците ја распаднаа Југославија, не дозволивме да ја уништат и СЕХА Датум и време на објавување: 11.09.2014, 19:24 Датум на рецензирање: 15.09.2014 Рецензент: Александар Писарев  

НЕМА АМНЕСТИРАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

Тоа што медиумот експлицитно ја пренел изјавата на првиот

Рецензија: Лекарите во шок: Неизлечливиот рак целосно излечен со – мед!

на 16. 09. 2014 | | sq
Сензационализмот во теми за човековото здравје и третирање медицински состојби е неодговорен и штетен. Неговите крајни последици вклучуваат лажна надеж за илјадници пациенти, но и ризик пациентот да се поведе од објавеното и да ја откаже својата стандардна терапија. Кој му дава право на новинарот ова да го прави? Од каде тој ја црпи компетентноста за теми за кои човештвото уште нема одговор? Не е етички медиумите да шират информации за медицински откритија кои шират лажна надеж. Линк до оригиналниот напис:  Лекарите во шок: Неизлечливиот рак целосно излечен со – мед! Датум и време на објавување: 26.08.2014 Датум на рецензирање: 10.09.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Со каква леснотија се тврди дека ракот се лечи со мед! Се изнесуваат паушални и стереотипни

Рецензија: Наместо влада во сенка, само „бледа сенка“ од минатото!

на 16. 09. 2014 | |
Ова е текст кој во најмала рака е чуден и тоа од неколку причини. Подолу ќе видиме што му недостасува на текстот од новинарски аспект, но она што прво боде во очи е дека тој е објавен (изворно) во портал кој се занимава со забава и естрада. И, за чудењето да биде поголемо, подоцна истиот тој текст е преземен од портали кои важат за информативни и политички. Инаку, текстот кој е објавен во рубрика „вести“, е полн со коментари и  поговорки на кои не им е местото во политичка анализа, како што сака да ни се продаде ова нешто што се вика текст. Во него преовладува поговорката стар виц нова будала со која длабоко се навредуваат и луѓето, но и

Рецензија: Случајно „уловена“ преубава „Скопјанка“

на 15. 09. 2014 | |
Кусата фото-вест е една од формите на новинарското изразување кои се популарни кај читателската публика, бидејќи најчесто се визуелно освежување од останатите, „посериозни“ содржини кои ги донесува медиумот. Било да се обработува полежерна или пак социјално ангажирана, но секогаш провокативна тема, акцентот е на добрата фотографија за чиешто појаснување не се неопходни многу зборови, а текстот кој ја следи фотографијата треба да е компримирана порака со поента. Фото-веста што ја рецензираме спаѓа во таканаречените „летни“ теми, создадени во тој дел од годината кога нема бројни актуелни случувања и кога, како непишано правило, деталите од урбаното живеење на градовите стануваат поинтересни за медиумите од вообичаеното. Притоа, како и во овој случај, еден од најомилените мотиви на објективот, па и на перата

Рецензија: ИСИС ги надмина границите: Oбезглавeни пет жени- главите ги фрлиле во ѓубре

на 15. 09. 2014 | | sq
Пример за лошо сработена агенциска вест дополнително новинарски нагрдена со несоодветен наслов кој на неумесен начин се обидува да направи некаква градација за однесување и постапки на една групација, која генерално манифестира секакво непочитување кон значењето на човечкиот живот и основните цивилизациски придобивки. Зарем некому му требало ново масовно обезглавување за да разбере дека тоа што ИСИС го прави е надвор од сите граници на нормалното?! Линк до оригиналниот напис: ИСИС ги надмина границите: Oбезглавeни пет жени- главите ги фрлиле во ѓубре Датум и време на објавување: 09.09.2014 Датум на рецензирање: 09.09.2014 Рецензент: Владимир Мирчески   НЕМА „ЛЕСЕН НОВИНАРСКИ ЗАЛАК“
Вистинитоста на овој материјал не е проблематична, бидејќи информацијата која се пласира е објавена од низа други медиуми. Спорен е

Новинарски текст или „суд на народот“?

на 12. 09. 2014 | |

[Рецензија:  Дали Заев ќе се извини за лагите?]

Невообичаена појава – не знаеш дали е новинарски текст, или „суд на народот“. Некој се осмелил не само да коментира судска пресуда преку т.н. медиумски производ, туку и да ја ефектуира пред таа и да стане правосилна. Ова, имајќи го предвид нивото на политичка култура во земјава, можеби би било разбирливо ако е изречено од партиска говорница, но не и ако е дел од нешто што треба да претставува информација за јавноста. Линк до оригиналниот напис: Дали Заев ќе се извини за лагите? Датум и време на објавување: 03.09. 2014, 16:47 Датум на рецензирање: 08.09.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ТЕКСТ ПО УРНЕК ОД НЕКОЕ ДРУГО ВРЕМЕ

Вакви слични текстови, особено со вакви