Рецензии

Рецензија: ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Водачот на ИД брутално убива христијанско бебе!

на 6. 10. 2014 | | sq
Овој напис, покрај тоа што има крајно вознемирувачки фотографии, кои по ниту еден основ не би смееле да се најдат во новинарски производ, е целосно невистинит. Згора на тоа, тој полн со предрасуди и стереотипи, а е објавен на портал првично наменет за информирање на Македонците во Австралија. Сето ова предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, зашто Македонците иселени од родната земја, сето тоа (пред сѐ, поради стереотипите) го поврзуваат со етничките односи во Македонија, што, пак, сосема ја извртува реалната слика. (НАПОМЕНА ПРЕД ОТВОРАЊЕ НА ДОЛНИОТ ЛИНК: Крајно вознемирувачки фотографии)  Линк до оригиналниот напис: ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Водачот на ИД брутално убива христијанско бебе! Датум и време на објавување: 20.09.2014 Датум на рецензирање: 03.10.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СТАРИ ПРИКАЗНИ

Рецензија: ФОТО: Среде Скопје му го искршија автомобилот на Тони Зен

на 2. 10. 2014 | | sq
Насловот: „Среде Скопје му го искршија автомобилот на Тони Зен“, прозвучува како некој намерно да му го уништил возилото на познатиот македонски рапер. А, всушност, во прашање е сообраќајна незгода. Така што, читателот на чиј предлог ја правиме оваа рецензија со право забележува: „Насловот манипулира дека Тони Зен бил жртва на намерен хулигански напад, а не на обична сообраќајка“. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Среде Скопје му го искршија автомобилот на Тони Зен Датум и време на објавување: 29.09.2014, 11:06 Датум на рецензирање: 2.10.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

НАСЛОВОТ – УТКА

Станува збор за фото-вест, преземена од друг медиум и тоа е наведено, но не е посочен линкот. Сепак, според  конструкцијата на речениците таа повеќе наликува дека е позајмена

Рецензија: Oд наредниот месец Facebook ќе наплаќа 143 денари за месечно користење

на 2. 10. 2014 | |
Дезинформација за читателите и голем професионален пропуст за медиумот е објавувањето на „веста“ дека популарната социјална мрежа Фејсбук од 1 ноември 2014 година ќе наплаќа 143 денари за месечно користење. Се работи за пара- или псевдо-вест, која припаѓа на жанрот познат уште и како „кромид“ според американскиот сајт, кој прв почна со објавувањето на ваквите содржини theonion.com. Феноменот „кромид-новинарство“ доби глобални размери со зголемувањето на присуството на овие сатирични или квази-новинарски портали на Интернет и неретко се случува конзументите на интернет-содржините да „паднат“ на нивните штосови, верувајќи дека се работи за вистинита информација. Притоа, тука важна улога играат и социјалните мрежи – Фејсбук, Твитер, преку кои ваквите лажни вести се шират како шумски пожар. Но, најчесто, пред да осамнат

Рецензија: Македонец меѓу повлијателните научници во ЦЕРН

на 2. 10. 2014 | |
Неодамна беше одбележан 60-тиот роденден на најзначајната научна институција во Европа – ЦЕРН, сместен во близина на Женева. Иако за ЦЕРН секогаш има што да се говори и пишува, само во овој текст е одбележан роденденот и тоа на најдобар начин – преку разговор со нашиот најистакнат претставник онаму каде „потешко се влегува отколку во НАТО и ЕУ“, како што ќе рече во далечната 2006 година соговорникот д-р Златко Димчовски. Покрај тоа, написот е покриен и со многу други факти – за самот ЦЕРН, други Македонци таму, за она што научниците ги држи на собир таму… Линк до оригиналниот напис: Македонец меѓу повлијателните научници во ЦЕРН
Датум и време на објавување: 29.09.2014
Датум на рецензирање: 30.09.2014
Рецензент: Љубомир Костовски
„ЦЕРН

Рецензија: Експертите ги поздравија уставните измени

на 1. 10. 2014 | |
Прилогот што е пред нас е правен во духот да креира атмосфера дека уставните измени – во делот на Судскиот совет, Народната банка, вклучително и уставното дефинирање на бракот – наидуваат на одобрување кај пошироката експертска јавност. Притоа, се посочува ставот на еден единствен експерт, што е навистина претенциозно. Со сиот респект кон мислењето на професорката, но, сепак, во конкретниот случај значењето на нејзината мисла е предимензионирано. Линк до оригиналниот напис: Експертите ги поздравија уставните измени Датум и време на објавување: 29.09.2014, 18:22 Датум на рецензирање: 30.09.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

СПИНЕРСКИ ПРОИЗВОД

Материјалот се темели на официјален  настан – завршната јавна дебата за уставните измени, организирана од собраниската Комисија за уставни прашања (на 29.09.2014). Ставот на професорката, како и

Рецензија: Заев: Македонија не требаше да реагира за „славомакедонци“

на 1. 10. 2014 | | en
Ова е текст кој не може да се нарече новинарски. И тоа од најмалку две причини. Прво, затоа што е невистинит и второ, затоа што има толку многу, правописни, граматички, технички и лекторски грешки што едвај може и да се протолкува. А, откако ќе се протолкува се заклучува дека секоја реченица е приказна за себе, додека истовремено е филувана, спинувана, или ѝ е одземен или додаден по некој дел од вистината. Линк до оригиналниот напис: Заев: Македонија не требаше да реагира за „славомакедонци“ Датум и време на објавување: 25.09.2014, 21:47 Датум на рецензирање: 27.09.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СКАРАН СО ВИСТИНАТА

Ова е текст кој е скаран со вистината. Идниот амбасадор на САД во Македонија не го употреби терминот „славомакедонци“

Рецензија: За СДСМ Скопје 2014 сега е гламур, а го оценуваа како кич

на 30. 09. 2014 | | sq
Во текстот што го рецензираме нема ништо од една од најбитните препораки на сите новинарски кодекси и правила – професионална дистанца од политичките субјејкти и непристрасно и избалансирано известување како што налага и Кодексот на новинарите во членот 14: „Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“ Независноста на духот и на мислата, заедно со новинарската позиција на неутралност, се принципите во фокусот на новинарството. Застапувајќи ја независноста и неутралноста, новинарите не треба да ја преминат линијата која ќе ги одведе во ароганција. Линк до оригиналниот напис: За СДСМ Скопје 2014 сега е гламур, а го оценуваа како кич Датум и време на објавување: 30.09.2014, 11:23

Рецензија: Кабранов има време да пишува за Фифи, а нема време да одговори со кого и што дувал во 1 по полноќ?

на 30. 09. 2014 | |
Навредлива и непријатна игра со приватноста, инсинуации за сексуалната ориентација сѐ со цел да се дискредитира уредник на портал што има уредувачка политика која е критички настроена кон власта. Ова не само што е непрофесионално, туку е и манипулантско и спинерско однесување. Стои и фактот што безобразно се работи на систематско уништување на либералната мисла, како и човековите права и слободи, меѓу кои и сексуалната ориентација. Наспроти новинарскиот кодекс кој налага да се зачува пристојноста, да не се користи медиумот за препукување со колеги, како и да се промовираат различните мислења, во овој дискурс е срочена синтеза на неновинарско однесување, неодговорни и ниски напади ad hominem, а за сето тоа се користи медиумот. Тоа се  прави пред очите на

Рецензија: ЕУ во паника што на европратеничка не и бил дозволен влез во Русија

на 30. 09. 2014 | |
  Имаме навивачки текст, обид на необјективен начин да се стави знак на равенство меѓу две работи, кои, за волја на вистината, се од слична природа, но, сепак, не се исти. Најверојатно, сакајќи да се долови народната изрека „со твој стап, по твои плеќи“ – овојпат европски, е отстапено од одредени стандарди: насловот не одговара на професионалните критериуми, а дека навистина „крајот го краси делото“ покажува токму финалето на овој напис. Линк до оригиналниот напис: ЕУ во паника што на европратеничка не и бил дозволен влез во Русија Датум и време на објавување: 26.09.2014 14:34 Датум на рецензирање: 29.09.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ВИСТИНА „ОБЛАНДИРАНА“ СО ПРИСТРАСНИ ФОРМУЛАЦИИ

Ако насловот и последниот пасус беа поинаку срочени тогаш овој текст ќе

Рецензија: СКАНДАЛ: Што дува главниот уредник на Либертас Ацо Кабранов во 1 по полноќ

на 30. 09. 2014 | |
Предизвик е да се разгледува вакво ниско медиумско препукување, кое ги надминува границите на елементарната пристојност, низ призмата на новинарските стандарди. Сепак, клучно е да се запази контекстот во кој е објавен овој текст, за потоа да се дојде до заклучокот дека медиумот се користи за лична пресметка, а не од некаков јавен интерес. Освен што е спротивно на новинарскиот кодекс, кој во членот 16 налага новинарот да ги чува угледот и достоинството на својата професија, да ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и да не го употребува својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги, писанието не може да се смести ниту во еден од новинарските жанрови. Линк до оригиналниот напис: СКАНДАЛ: Што дува