Рецензија: За СДСМ Скопје 2014 сега е гламур, а го оценуваа како кич
Објавено во Рецензии
on 30 - 09 - 2014 Автор: Зоран БојаровскиВо текстот што го рецензираме нема ништо од една од најбитните препораки на сите новинарски кодекси и правила – професионална дистанца од политичките субјејкти и непристрасно и избалансирано известување како што налага и Кодексот на новинарите во членот 14:
„Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“
Независноста на духот и на мислата, заедно со новинарската позиција на неутралност, се принципите во фокусот на новинарството. Застапувајќи ја независноста и неутралноста, новинарите не треба да ја преминат линијата која ќе ги одведе во ароганција.
Линк до оригиналниот напис: За СДСМ Скопје 2014 сега е гламур, а го оценуваа како кич
Датум и време на објавување: 30.09.2014, 11:23
Датум на рецензирање: 30.09.2014
Рецензент: Зоран Бојаровски
Авторите на овој текст, во кој ептен се препознава потребата да нескриено да се ликува од политичката наива на еден од политичките субјекти и нивните припадници, можеле да ги испочитуваат професионалните новинарски стандарди и со истата жар да пишуваат за овој настан.
Наместо силен политички текст напишан според неопходните професионални стандарди, на публиката и е предочена медиумска содржина од која блика сеирџиство и ликување во форма на најексплицитни коментари кои со ништо не се скриени и на ниту еден начин не се обележани како такви. А, правилото кое произлегува од членот 13 на Кодексот на новинарите, вели:
„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.“
Сепак, има нешто за што на овој текст може што може да му се оддаде признание. Тоа е видео прилогот од говорот на премиерот кој во 2011 година сосема прецизно го препознал настанот за кој се известува.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови

