Рецензии

Псевдонастани: Раскошна претстава на бедата – Extended & Upgraded

на 13. 10. 2014 | |

[Рецензија на новинарскиот текст со наслов „Македонското едноумие беше античка демократија за правилата на унијата“]

Новинарскиот текст што го рецензираме носи датум од 7 октомври, но објавен е на 8 октомври во печатеното издание на медиумот. Ова е битно да го напоменеме зашто истиот ден главна вест беше извештајот на еврокомесарите од Брисел за напредокот на нашата земја во евроинтеграциите и многу е важно да се има предвид кога се чита оваа медиумска содржина, зашто само така веднаш станува јасно зошто е стокмена и каква е нејзината цел. Тоа е еден од оние „неприродни“, псевдо новинарски текстови со своја агенда да го „одвлекува“ вниманието на јавноста кога за тоа има причина. Медиумот проценил дека на 8 октомври ќе имаат причина

Рецензија: ФОТО Документ од ФБИ докажува дека Хитлер побегнал во Аргентина

на 10. 10. 2014 | |
Теоријата за тоа дека Хитлер ја преживеал Втората Светска војна и дочекал длабока старост во Аргентина во повеќе наврати „гостувала“ во светските медиуми во зависност од тоа кој и со кои намери повремено ја пласирал. Написот кој е предмет на оваа рецензија се надоврзува на текстови во странски медиуми за објавување на декласификувани тајни документи на американската агенција ФБИ, во кои се зборува за сведоштва на аргентински агенти, кои тврделе дека знаат каде точно Хитлер живе во Јужна Америка. На својот сајт, ФБИ објави четири комплета од по неколку стотици факсимили на документи кои датираат главно од октомври 1945 па до 1947 година, од кои се гледа дека ФБИ добивал информации од разни лица во периодот по Втората Светска војна,

Рецензија: Стискаат лајкови на реклами за да заработат пари

на 9. 10. 2014 | |
Површно, многу површно е направена оваа новинарска сторија за можностите за заработувањето на интернет. И сосема е во право читателот на Сервисот за проверка на фактите од медиумите (СПФМ), кој вели дека „Текстот е неинформирачки и повеќе би го завел неупатениот читател, отколку што би го навел конкретно да дознае за можниот бизнис сугериран во насловот. “ Најголем и суштествен проблем на оваа медиумска содржина се изворите: две личности, од кои едната заработила нешто, а другата сѐ уште очекува да ги добие парите за кои смета дека ги заработила и „форумите на социјалните мрежи,“ кои никако не може да се сметаат за извори на кои еден професионален новинар би се повикувал. Линк до оригиналниот напис: Стискаат лајкови на реклами

Рецензија: Страшни предвидувања за ГМО храната – за десет години се очекува секое второ дете да има аутизам?!

на 9. 10. 2014 | |
Точно е дека вестите за ГМО храната, посебно ако таа се сака да се претстави како причинител на болести, се впиваат од гледачите како сунѓер. Притоа, јасно е дека медиумот (во овој случај телевизијата) ќе има гледаност и опфатот на таквите вести ќе биде над просекот. Плус, ако најавите и гостин кој ќе зборува на таа тема, тогаш „успехот е загарантиран“. Сите овие мометни ги има овој прилог. Прво, најава за топ тема, второ, наводно спектакуларно откритие за болест и трето – гостин. Но, дали сето ова на крајот на прилогот испадна ексклузивно и дали ги содржи неопходните новинарски елементи ќе видиме од рецензијата. Линк до оригиналниот напис: Страшни предвидувања за ГМО храната – за десет години се очекува секо

Рецензија: Скопје во трка за најдобро осветлен град во светот, за сега е втор на листата

на 9. 10. 2014 | |
Текстот кој го рецензираме е добар пример како и од што сé може да се направи спин и да се величаат „успесите“ на власта. Се работи за манипулација и измама на читателите со една маргинална и периферно ограничена акција за избор на најдобро илуминирани објекти или групи на објекти и делови на централните урбаните јадра во 16 градови, во изведба на реномираната компанија за производство на светлосни уреди „Филипс“. Меѓутоа, од тоа е направена бомбастична и лажна информација дека „Скопје во трка за најдобро осветлен град во светот, засега е втор на листата“. Линк до оригиналниот напис: Скопје во трка за најдобро осветлен град во светот, за сега е втор на листата Датум и време на објавување: 06.10.2014 Датум

Рецензија: Швеѓаните не сакаат ЗОИ во Осло?!

на 7. 10. 2014 | |
Насловот: „Швеѓаните не сакаат ЗОИ во Осло?!“,  е најпроблематичен елемент во оваа  преземена агенциска вест, во која не е наведен изворот. Тој на прв поглед остава впечаток како Швеѓаните да им завидуваат на своите најблиски соседи – Норвежаните, поради можноста третпат да бидат домаќини на Зимските олимписки игри во 2022 година! Всушност, во насловната конструкција е направен е гаф. Не се работи за Швеѓани, туку за Норвежани. Агенциската информација е дека и главниот  град на Норвешка се откажал од кандидатурата за организација на ЗОИ од финансиски причини. Инаку, пред Осло од  организација  на ЗОИ 2022 се откажаа Скокхолм,  Краков, Лвов, Сент Мориц и Минхен. Линк до оригиналниот напис: Швеѓаните не сакаат ЗОИ во Осло?! Датум и време на објавување:

Рецензија: Пронајден труп во распаѓање, се претпоставува дека е на младата Дениса

на 7. 10. 2014 | |
Парадоксално, но во првиот момент, кога ќе стигне информација за трауматичен настан во редакцијата, новинарите и уредниците велат: „Имаме добра сторија денеска…“. Новинарскиот инстикт и адреналин започнуваат да работат. Така вели новинарската лекција „Новинарите и трауматичните настани“ Во тој момент, ниту новинарите, ниту нивните уредници, ниту, пак оние кои најнепосредно погодени од траумати;ните настани, не сфаќаат како тие влијаат на нив. Бидејќи се многу важни, препораките за известување за трауматични настани се вклучени и во Кодексот на новинарите во член 8. За нашата рецензија е битен првиот став од овој член: „Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.“ Линк до оригиналниот напис: Пронајден труп

Рецензија: Каде одат парите на Курир.мк?

на 7. 10. 2014 | |
  Имаме текст во кој од рака се нафрлани податоци дека еден портал располага со годишни буџети од милиони и тоа во евра. Пласираните информации, кои навистина се сензационалистички, не се поткрепени со соодветни извори, забележливо е високо ниво на импровизација и произволност и не може, а да не се добие впечаток дека овој напис е некаква си „вратка“ за текст претходно објавен на порталот чија работа се сецира. Линк до оригиналниот напис: Каде одат парите на Курир.мк? Датум и време на објавување: 30.09.2014, 14:52 Датум на рецензирање: 06.10.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

НЕАРГУМЕНТИРАНО ЛИЦИТИРАЊЕ СО ВРТОГЛАВИ СУМИ

Вистинитост: ептен проблематична! Кусо би кажале и би објасниле зошто. Точно е дека споменатиот портал е близок до владејачката структура и често,

Рецензија: Србија го предупредува својот народ за масовно убиство кое се одвива преку нашето небо!

на 7. 10. 2014 | |
Ова е текст како од научна фантастика, со провлекување на теза за заговор против човештвото, особено на Балканот, со доза на поука за Македонија во смисла дека еве Србија се освестила, ама Македонија се уште не прави ништо. Па има една мешавина од тврдења со парафразирани „изјави“ од други држави без да се наведе извор, или соговорник. Во делот за Србија има само споменато наводно претседател на еколошко движење, но ниту од него нема конкретна изјава туку само: Никола Алексиќ претседател на еколошкото движење јасно и недвосмислено предупредува. Линк до оригиналниот напис: Србија го предупредува својот народ за масовно убиство кое се одвива преку нашето небо! Датум и време на објавување: 29.09.2014 Датум на рецензирање: 05.09.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

Рецензија: Дење сиромашна старица која моли и проси а ноќе…

на 6. 10. 2014 | |
Текстот со впечатлив наслов: „Дење сиромашна стари а која моли и проси а ноќе…“, само површно зафаќа една чувствителна социјална тема. Тој на читателската публика ѝ сервира приказна од Сараево, меѓутоа ја прикажува само од еден агол и со забележителен  негативен однос кон најсиромашните граѓани, со што ја поминува границата на дискриминација на оваа ранлива категорија. Написот, всушност, е целосна копија. Иако никаде не е посочено, тој е „позајмен“ од некој од босанските сајтови, кои, пак, се повикуваат на оригиналниот текст објавен на трет босански медиум. Линк до оригиналниот напис: Дење сиромашна старица која моли и проси а ноќе… Датум и време на објавување: 15.08.2014, 02:12 Датум на рецензирање: 03.10.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ТAНКО „СВЕДОШТВО“

Самиот напис не нуди елементи