verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Псевдонастани: Раскошна претстава на бедата – Extended & Upgraded

on 13 - 10 - 2014       

10102014-Dnevnik-EU-crop-resize

[Рецензија на новинарскиот текст со наслов „Македонското едноумие беше античка демократија за правилата на унијата“]

Новинарскиот текст што го рецензираме носи датум од 7 октомври, но објавен е на 8 октомври во печатеното издание на медиумот. Ова е битно да го напоменеме зашто истиот ден главна вест беше извештајот на еврокомесарите од Брисел за напредокот на нашата земја во евроинтеграциите и многу е важно да се има предвид кога се чита оваа медиумска содржина, зашто само така веднаш станува јасно зошто е стокмена и каква е нејзината цел. Тоа е еден од оние „неприродни“, псевдо новинарски текстови со своја агенда да го „одвлекува“ вниманието на јавноста кога за тоа има причина. Медиумот проценил дека на 8 октомври ќе имаат причина за ваков текст, во кој има ваква констатација:

„…не во смисла на разочарување, ами напротив, како поттик и освестување дека земјава има своја вредност и не смее да прифаќа условувања од Брисел на сопствена штета.“

Човекот кому му се припишува терминот „псевдонастани“ е Даниел Бурстин, американски историчар и политички аналитичар. Тој во својата книга „The Image: A Guide to Pseudo-Events in America “ од 1961 година, ги предвиде новите трендови на взаемното креирање на реалноста на медиумите и политичките и екномските центри на моќ. Еве зошто, според Бурстин, пседвонастаните се атрактивни: Претходно се напишани (подготвени) и драматачни. Вклучуват интересни ликови. Продуцираат слики со иконографски димензии: нестрплива толпа, потресни семејни драми, предимензионирани патриотски балони; Дизајнирани се да бидат смирувачки, односно вознемируваат исто толку колку што оние што ги продуцираат се прикажуваат дека ја „владеат ситуацијата“; Создаваат илузија на информираност кај оние кон кого псевдонастаните се упатени; Еден псевдонастан отвора пат за многу други псевдонастани.

Сите овие елементи ги има во овој текст.

И, уште нешто: Главниот превид е симплифицираната и тенденциозна теза дека за извештајот, кој содржи многу сериозни забелешки дека кај најважните политички критериуми имаа тенденции на назадување, иако препораката се повторува, која наведува на тоа дека за таа ситуација се виновни само Брисел и Грција. Како да решавањето на проблемите не е танго за двајца. Проблемите треба да се решаваат проактивно, а кога тоа не е случај, алиби е да обвинуваш само една страна.

10102014-Dnevnik-EUЛинк до оригиналниот напис: Македонското едноумие беше античка демократија за правилата на унијата

Датум и време на објавување: 07.10.2014

Датум на рецензирање: 10.10.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Соговорничката во текстот на новинарката, односно на јавноста, ѝ вели:

„Ние излеговме од еден систем, кој беше наречен едноумие, но во споредба со правилата на Унијата, тоа беше античка демократија.“

Обврска на новинарите е да им укажуваат на заблудите на своите соговорници, а не да ги афирмираат нивните погрешни сознанија и заклучоци. Следствено, тука морало де се укаже дека, како прво, не постои нешто што се нарекува „античка демократија“. Во енциклопедиите постои референца „Атинска демократија“, но до неа е напипашано дека од 250 илјади граѓани на Атина само плебсот, околу 30 илјади мажи, смееле да гласаат и да учествуваат во политиката на Атина која била робовладетелско општество. Жените едвај се сметале за граѓани, пишува енциклопедијата.

Кога веќе авторот и медиумот потсетуваат на македонското едноумие како драгоцена демократска придобивка, ќе беше фер да напишат дека во тоа едноумие, секогаш кога партијата ќе проценеше дека треба да му се каже одлучно „НЕ“ на домашниот и надворешниот непријател и на реакционерните сили, прво што правеше е на помош да ги повика писателите, уметниците и свесната младина. И тогаш тие пишуваа писма, свикуваа прес конференции и собири, а медиумите им даваа централно место, зашто нивните реакции биле олицетворение на желбата на народот. Ама тое беше едно друго време, нели?! Или?!?


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Повеќе на импресии

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови