Рецензии

Рецензија: ФОТО: Родила црнче и рекла дека забременила гледајќи 3Д порно филм

на 17. 11. 2014 | |
Ова е уште еден текст од категоријата „научна фантастика“. Притоа, нема ниту едно прашање од таканаречените новинарски. Ниту зошто, ниту како, кога… Вакви текстови, покрај тоа што се непримерни за објавување во медиум, ги понижуваат и читателите, ја навредуваат нивната интелигенција и ги омаловажуваат. Затоа и овој текст е денеска тука на рецензија. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Родила црнче и рекла дека забременила гледајќи 3Д порно филм Датум и време на објавување: 31.10.2014, 10:19 Датум на рецензирање: 14.11.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПОВЕЌЕ ОД СМЕШНО

Овој текст е скаран со вистината. Ова што се тврди во него е крајно смешно. Не знам зошто текстот сè уште не може да поверува во научното сознание за тоа како се прават деца?

Нова „листа за отстрел“ на новинари и на јавни личности

на 17. 11. 2014 | |
 

[Рецензија на текстот со наслов: Агенти кои земаат повеќе од што заслужуваат]

Не постои новинарска форма во која би можел да се смести овој производ. Станува збор за елеватор со кој јасно се пренесени пораките и мислењата нарачани од одредени центри на моќ, чија континуирана цел е да се напаѓаат, навредуваат и да се стигматизираат оние што имаат различно или спротивно мислење за актуелните случувања во општеството од актуелната

Рецензија: АПСЕЊЕ: Уапсен И.Д.

на 17. 11. 2014 | | sq
Не секогаш една содржина треба да биде објавена, особено ако таа нема информација во себе. Така, кога работи „новинарството“„копи-пејст“, можеби се создава квантитет и се исполнува нормата на создадени текстови, но тогаш веќе за квалитет не може да се зборува. И не само што не може да стане збор за квалитет, во конкретниот случај не може да стане збор ни за новинарски производ. Ако се пласира на некој од медиумите, а не е новинарски производ кој содржи информации, тогаш чуму објавата? Линк до анализираниот напис: АПСЕЊЕ: Уапсен И.Д. Датум и време на објавување: 30.1 2014, 12:25 Датум на рецензирање: 12.11.2014 Рецензент: Викторио Јаковлески Конкретната објавена содржина (не може да се говори за информација) е дел од дневниот билтен на МВР,

Рецензија: Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

на 13. 11. 2014 | | sq
Сторијата „Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!“, третира актуелна тема  солидно обработена од сите аспекти. Фактички, на читателската публика ѝ е претставено истражување за загадувањето, поткрепено со стручни мислења, табели и со графикони. Материјалот е обемен, но е читлив, има добар приод и содржина и заслужува позитивна оценка бидејќи јавноста има право да ја знае вистината за овој долгогодишен проблем и за тоа какви се последиците по здравјето на населението. „Дури две третини од годината сме изложени на загадување, а се проценува дека една третина од смртните случаи се од аерозагадување.“   „Најголем број заболени од канцер во последните четири години се регистрирани во Скопје, каде само во општината Центар лани има 800 новозаболени во

Рецензија: Гори зградата на Влада

на 13. 11. 2014 | | sq
Утринските вести на почетокот на неделава беа поврзани со пожарот што се случи во зградата на Владата на РМ. Сигурно дека веста имаше и додатна публика поради фактот што неодамна истиот објект беше цел на напад со рачен фрлач, па фантазијата кај консументите на вести беше разгорена. Можеби и затоа, меѓу останатите, добивме и извори на редуцирани информации – оние кои процениле дека стварноста треба да се преобликува, за таа од „сензација“ што побргу да стане – „оладена супа“. Заборавена е, секако, основната потреба на веста, особено агенциската, каде прецизноста треба да е основниот двигател. Линк до оригиналниот напис: Гори зградата на Владата Датум и време на објавување: 11.11.2014 Датум на рецензирање: 12.11.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Утрово на платото пред

Рецензија: „ШОКАНТНО: Уште еден скандал ја тресе јавноста, но сите молчат?!“.

на 13. 11. 2014 | |
  Неиздржано, непоткрепено, нерагументирано, со целосно отсуство на извори, сензационалистичко и, конечно, крајно шепкулативно дело, кое свое место тешко дека би нашло и во таблоидите од најнизок ранг. Линк до оригиналниот напис: „ШОКАНТНО: Уште еден скандал ја тресе јавноста, но сите молчат?!“. Датум и време на објавување: 02.11.2014 Датум на рецензирање: 10.11.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

БАБА ВАНЃА НЕ БИ МОЖЕЛА ДА ГО „ТРЕФНЕ“ ФУНКЦИОНЕРОТ

Најчеста дефиниција за таблоид е „весник што се концентрира повеќе на сензационалистички „обоени“ информации, проследен со мноштво илустрации“. Откако ќе се спореди ова објаснување со материјалот што го разгледуваме, се поставува прашање дали во овој случај имаме пример за вест која ги исполнува условите да влезе во еден таблоид. Попрецизно, во ваквиот тип новинарски производи

Слободата на медиумите, како никогаш досега, под контрола

на 12. 11. 2014 | |
Во текстот што е предмет на нашата рецензија се покажува основно непознавање на улогата на медиумите во едно демократско општество и нивната улога на „чувар“ на демократските вредности, поради што во теоријата одамна се наречени и четврта власт. А, за тоа колку има слобода на медиумите во Македонија, авторот на текстот и во редакцијата можат да се информираат во целосно непристрасните и аргументирани последни извештаи на ЕУ и на Франк Ла Ру, но и многу други.* Линк до оригиналниот напис: Опозицијата, како никогаш досега, со најголем број на медиуми под своја контрола Датум и време на објавување: 19.10.2014 Датум на рецензирање:  10.11.2014 Рецензент:  Теофил Блажевски   „Опозицијата, како никогаш порано, со најголем број на медиуми под своја контрола“,  е класичен

Рецензија: 1800 денари за еден здрав ручек по рецепт на Владата

на 12. 11. 2014 | |
Рецензираме новинарски текст кој успеал она што е „невидливо“ да го направи видливо и на светлост на денот да „сервира“ еден најобичен ручек по рецептот на Владата. Да ја разобличи манипулацијата со граѓаните дека во услови на најниски плати во регионот, едно семејство може да се храни здраво, според препораките од владината кампања.
Медиумот со тоа испраќа јасна порака до читателите дека целата кампања „Здрава храна и здрав начин на животот значат долг живот“ е проблематична, бидејќи во услови на општа сиромаштија и на мали плати, ниту преку оваа кампања ќе го подобрат квалитетот на животот, ниту е можно да се хранат здраво. Линк до оригиналниот напис: 1800 денари за еден здрав ручек по рецепт на Владата Датум

Рецензија: ПРИКАЗНА на човекот кој ги капе МРТВИТЕ: Од ова ќе ви замрзне крвта во вените

на 12. 11. 2014 | |
Ова е текст што дури не може ни да се опише. Неверојатно е што сѐ може да се прочита во медиум. Притоа, воопшто не се водело сметка дали тоа вреди да се објави и што би предизвикало кај читателите. Ова е текст како од најморбидниот филм од Ц-категорија. Нема никаква новинарска логика, нема вистинитост, нема содржајност, нема релевантен извор, нема никаква допирна точка со новинарството. Линк до оригиналниот напис: ПРИКАЗНА на човекот кој ги капе МРТВИТЕ: Од ова ќе ви замрзне крвта во вените Датум и време на објавување: 28.10.2014, 02,20 Датум на рецензирање: 10.11.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПРЕМНОГУ ХОРОР

Во ниту еден момент не може да се поверува дека се работи за вистински настан. Иако има извор (Босански

Рецензија: Жерновски ја исполитизира и кошарката

на 10. 11. 2014 | |
Текстот: „Жерновски ја исполитизира  и кошарката“ зрачи со тенденциозност која е видлива уште во насловот. Целиот материјалот е  со јасна интенција да го оцрни градоначалникот на Општина Центар, на чија адреса се искажани купишта обвинувања дека го злоупотребува во политички цели најстариот кошаркарски клуб во Македонија. Линк до оригиналниот напис: Жерновски ја исполитизира и кошарката Датум и време на објавување: 06.11.2014, 10:09 Датум на рецензирање: 08.11.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

КРИТИЗЕРСКО ЧЕТИВО

Написот се осврнува на прекинатото кошаркарско дерби меѓу вечните ривали, Работнички и МЗТ Скопје, но на читателите не им нуди објективен приказ на настанот, туку критизерско четиво кое натежнува од напади кон Жерновски. Тој е посочен како главен виновник за незавршениот кошаркарски натпревар. Притоа, повикувајќи се на