Рецензија: ФОТО: Родила црнче и рекла дека забременила гледајќи 3Д порно филм
Објавено во Рецензии
on 17 - 11 - 2014 Автор: Владо ЃорчевОва е уште еден текст од категоријата „научна фантастика“. Притоа, нема ниту едно прашање од таканаречените новинарски. Ниту зошто, ниту како, кога… Вакви текстови, покрај тоа што се непримерни за објавување во медиум, ги понижуваат и читателите, ја навредуваат нивната интелигенција и ги омаловажуваат. Затоа и овој текст е денеска тука на рецензија.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Родила црнче и рекла дека забременила гледајќи 3Д порно филм
Датум и време на објавување: 31.10.2014, 10:19
Датум на рецензирање: 14.11.2014
Рецензент: Владо Ѓорчев
ПОВЕЌЕ ОД СМЕШНО
Овој текст е скаран со вистината. Ова што се тврди во него е крајно смешно. Не знам зошто текстот сè уште не може да поверува во научното сознание за тоа како се прават деца? Приказната дури е неуверлива и за помладите.
Овој дел пак:
„За иронијата да биде уште поголема, таа вели дека бебето личи на порно актерот, којшто е црнец.“,
е крајно небулозен, ако може нешто посебно да се извади како ексклузивна глупост. Инаку, целиот текст нема ниту извор, ниту, пак, е наведено од каде е жената. Стои само „една жена од САД“. За содржајност не може да стане ниту збор, нема извори, нема ништо. Гол текст кој најверојатно е преведен, но притоа нема критички осврт, туку како „здраво“ четиво се пласира во медиумот.
Фотографијата е, исто така, проблематична. Не е наведено од каде е, а на неа се гледа само една жена со своето дете.
Други податоци нема.
Вакви текстови навистина омаловажуваат. Тие се крајно неновинарски, односно антиновинарски текстови кои имаат само една можна цел: или да се стави што било колку да има, или, пак, се ставаат поради несовесното и непрофесионално работење. Трето нема.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови