Рецензии

Рецензија: Градоначалникот Трајановски најангажирано во чистењето на снег низ улиците

на 9. 01. 2015 | |
    Имаме текст-реклама и тоа не каква било, туку политичка. Пример за неоправдано воспевање на функционер за извршување на неговата работа за која го плаќаат граѓаните преку „маркентиншки“ напис. Наспроти фалбите за првиот човек на Град Скопје, инаку од редовите на најголемата владејачка партија, се забележуваат и критики за неговиот колега од Кичево, кадар на помалиот владин партнер. Случајно?! – Би рекол не. Линк до оригиналниот напис: Градоначалникот Трајановски најангажирано во чистењето на снег низ улиците Датум и време на објавување: 03.01.2015, 15:12 Датум на рецензирање: 05.01.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

МЕДИУМСКО ВЕЛИЧЕЊЕ НА ФУНКЦИОНЕР ПЛАЌАН ОД ГРАЃАНИТЕ

Понудениот материјал е промашен од новинарска гледна точка и е поставен на криви нозе од самиот почеток. Не велам дека ако

Рецензија: Професорите бараа дебата, па избегаа

на 8. 01. 2015 | |
  Овој текст не може да се каже дека е вистинит. Во него е злоупотребена една изјава, по која се подведува една цела неформална организација. Поради тоа, текстот нема намера да ја прикаже вистината во целост, туку има само една цел: да ги направи сите професори несериозни. Но, како велат – една ластовичка не носи пролет, па така и во текстот, еден професор не се сите професори. Линк до оригиналниот напис: Професорите бараа дебата, па избегаа Датум и време на објавување: 05.01.2015, 14:26 Датум на рецензирање: 05.01.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПОДВЕДУВАЊЕ

Овој текст, само ако имал уште една реченица, можел да биде дури и вистинит. Вака не, и тоа поради една проста логика. Точно е дека професорката Билјана Ванковска,

Рецензија: Софијанова на дежурство: Се вжешти линијата на „Ало докторе“

на 8. 01. 2015 | |
  Станува збор за пристрасен прилог во кој се воздигнува директорката на Клиниката за детски болести, која на 3 јануари попладнето била дежурна на линијата „Ало докторе“.  Нејзиниот ангажман за време на четиричасовното дежурство во повикувачкиот центар, во кој се делат медицински совети, толку многу се предимензионира, што изгледа некако невкусно. Линк до оригиналниот напис: Софијанова на дежурство: Се вжешти линијата на „Ало докторе“ Датум и време на објавување: 04.01.2015, 17:00 Датум на рецензирање: 04.01.2015 Рецензент: Оливера Војновска   САМО ФАЛБИ ЗА ДИРЕКТОРКАТА! Пристрасноста е видлива уште во изборот на насловната конструкција , која е во два дела и има драматичен призвук: Софијанова на дежурство: Се вжешти линијата на „Ало докторе“ Истата порака се соопштува и на самиот почеток од прилогот,

Рецензија: Тунески ја кажа вистината за ЕСМ, но за Шекеринска тоа е „бонбона бизнис“

на 8. 01. 2015 | |
  Ова е текст кој наликува на прераскажување детска кавга. Целиот напис е „тој ѝ рече, таа му рече“. Притоа, напишан е само за да постигне една цел – да ја омаловажи опозициската партија и Радмила Шекеринска како нејзин заменик-претседател. Инаку не би имало смисла сè што е напишано тука затоа што е невистинито. Линк до оригиналниот напис: Тунески ја кажа вистината за ЕСМ, но за Шекеринска тоа е „бонбона бизнис“ Датум и време на објавување: 03.01.2015, 12:28 Датум на рецензирање: 05.01.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ЦЕЛОСНИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Додека возачите ја трпеа неспособноста на Кадриу, жителите на Охрид Струга, Дебар и околните села го трпеа монополот од „Бонбона бизнисот“ на СДСМ.“ Текстот уште при влезот шири дезинформации и наоѓа виновник

Филувани коментари за спинуван напад

на 7. 01. 2015 | |

[Рецензија на текст со наслов: Нулта професорите трет ден не одат на работа, деканот Давитковски- неработник на годината!]

Пред нас имаме текст кој создава впечаток дека медиумот е виктимизиран со тоа што не добил информации од избрани професори кои ги именува за политичка асоцијација без конкретни докази за читателот. Имаме едностраност, неизбалансираност и прозивање на академски граѓани и жигосување. Наводни факти се накалемени на коментари со што се постигнува новинарски спин, со јасна крајна цел – дискредитирање на тројца професори. Линк до анализираниот напис: Нулта професорите трет ден не одат на работа, деканот Давитковски- неработник на годината! Датум и време на објавување: 31/12/2014 Датум на рецензирање: 03/1/2015 Рецензент: Александар Пешев Аголот на приказната се базира на тврдења на кои не

Рецензија: ФОТО: Сите протести и напади врз Владата опозициските медиуми ги снимаат од станот на сестрата на Шеќеринска

на 7. 01. 2015 | |
  Шпекулација. Неаргументираност. Отсуство на извори. Пристрасност. Ова не е новинарство. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Сите протести и напади врз Владата опозициските медиуми ги снимаат од станот на сестрата на Шеќеринска Датум и време на објавување: 26.12.2014, 10:51 Датум на рецензирање: 03.01.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

НУЛА АРГУМЕНТИ И „ДЕБЕЛИ“ ШПЕКУЛАЦИИ

 Начинот на кој е срочен овој текст упатува на тоа дека дел од медиумите се толку „силни“, во секој поглед, што можат да си дозволат сопствена криминалистичка лабораторија или, пак, најмување експерт-форензичар. Како поинаку да се толкуваат наведените формулации дека „сите снимки од студентските протести пред Владата биле направени од еден стан“. Арно ама, овие наводи никако не можат да се проверат, а уште помалку и да се

Рецензија: На Балканот дипломи се купуваат со крави, овци, ориз, дрва

на 3. 01. 2015 | |
  Обид написите во некои германски весници да се претворат во „надворешна поддршка“ на војната што премиерот ја води со академската заедница, со студентите и со професорите. Во основа, се работи за трик на изместена перспектива, да не речеме – географија, за проблеми (афери) во две соседни земји да се генерализираат на целиот регион, како да се работи за грип кој неминовно „се шири“. Во текстот е најспорно и прашањето на авторството. Да расчистиме за што се работи.
Линк до оригиналниот напис: На Балканот дипломи се купуваат со крави, овци, ориз, дрва Датум и време на објавување: 28.12.2014, 21:06 Датум на рецензирање: 02.01.2015 Рецензент: Љубомир Костовски „Факултетските дипломи се масовна стока на Балканот а во Албанија некои студнти си ги

Рецензија: Против државниот испит со препишани текстови финансирани од Сорос

на 3. 01. 2015 | |
  Се остава впечаток дека се прави обид за дисквалификација на релевантно истражување на тема „Истражувања во општествените науки во Македонија“, спроведено многу пред власта да ја обзнани идејата за државен испит. Споменатиот документ е анализа на состојбите во високото образование од повеќе различни агли. Публикацијата е објавена многу пред власта да ги објави реформите во високото образование, односно во 2013 година. Оттука, тврдењето дека „Освен професорите со нула импакт фактор, против државниот испит длабоко е инволвирана и СДСМ, заедно со Сорос кои креираат незадоволство и погрешна перцепсија за реформите во високото образование“ е неточно и недокажано. Публикацијата не е по повод обзнаната за државен испит, туку e изработена претходно. Линк до оригиналниот напис: Против државниот

Рецензија: И денес работат сите, освен професорите на СДСМ со нула научни трудови

на 3. 01. 2015 | |
  Овој текст како да е излезен од практиката на некоја разузнувачка агенција. Толкава „посветеност“ на професори од најпрестижниот универзитет во земјава досега во македонските медиуми се нема случено. Дури написот и „гордо“ тврди дека ги следи професорите четири дена. Секако дека работа на новинарот е и да провери некоја информација, но со вакви параполициски методи да го прави тоа е недозволиво. Инаку, текстот понатаму е полн со навреди, спинови и нејасноти, па поради тоа е невистинит, необјективен и непрофесионален. Линк до оригиналниот напис: И денес работат сите, освен професорите на СДСМ со нула научни трудови Датум и време на објавување: 02.01.2015, 12:59 Датум на рецензирање: 02.01.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КОМЕНТАТОРСКИ ТЕКСТ

Написот врие од напади и ги омаловажува

Рецензија: Најгласните професори против државниот испит со нула објавени научни трудови

на 3. 01. 2015 | |
  Станува збор за обид за дискредитација и за спинување на основната причина поради која академската заедница претставувана од „Студентски пленум“ и од „Професорски пленум“ се противи на измените на Законот за високо образование. Главно споменуваната причина од нивна страна не се објавените трудови, туку воведувањето на државниот испит, кршење на автономијата на универзитетот и оценување на целосното знаење спротивно на Болоњскиот систем, односно со квантитативна метода (еден тест). Линк до оригиналниот напис: Најгласните професори против државниот испит со нула објавени научни трудови Датум и време на објавување: 28.12.2014, 13:18 Датум на рецензирање: 01.01.2015 Рецензент: Мирослава Бурнс „Новите законски измени за високо образование го нарушија комодитетот на дел од професорите, па токму истите се причина тие да се противат.“ Кој