verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Софијанова на дежурство: Се вжешти линијата на „Ало докторе“

on 8 - 01 - 2015       

ttp___sitel.com_.mk_sofijanova-na-de-crop-resize

 

Станува збор за пристрасен прилог во кој се воздигнува директорката на Клиниката за детски болести, која на 3 јануари попладнето била дежурна на линијата „Ало докторе“.  Нејзиниот ангажман за време на четиричасовното дежурство во повикувачкиот центар, во кој се делат медицински совети, толку многу се предимензионира, што изгледа некако невкусно.

ttp___sitel.com.mk_sofijanova-na-deЛинк до оригиналниот напис: Софијанова на дежурство: Се вжешти линијата на „Ало докторе“

Датум и време на објавување: 04.01.2015, 17:00

Датум на рецензирање: 04.01.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

САМО ФАЛБИ ЗА ДИРЕКТОРКАТА!

Пристрасноста е видлива уште во изборот на насловната конструкција , која е во два дела и има драматичен призвук:

Софијанова на дежурство: Се вжешти линијата на „Ало докторе“

Истата порака се соопштува и на самиот почеток од прилогот, кој, фактички, се потпира на раскажувањето на директорката за тоа како поминало дежурството. Но, нејзината изјава потоа дополнително е „исфилувана“. И тоа, со такво нагласено фалење што кај публиката предизвикува, дури, чувство на непријатност.

„Загрижени мајки и татковци барале лекарски совет за нивните болни  деца…  Имало над сто повици за 4 часа.  Од покачена температура, кашлица, пролив, бронхит.  Речиси сите завршиле со препораките од Софијанова…“

Од друга страна, ваквото величење изгледа и смешно. Прозвучува како Софијанова да ги „средила“ пациентите по телефон!

Прегледот на иформациите што во изминатиот период ги објавуваа медиумите покажува дека на споменатата телефонска линија во просек има од 100 до 150 јавувања за здравствен совет. А тоа, може да се види и на крајот од овој прилог, каде е наведено дека „за три ипол месеци колку што функционира Ало докторе, имало над 15000 јавувања од граѓани“.

 

ЕПП ЗА „АЛО ДОКТОРЕ“

Па, гледано од тој агол, нејасно е што било толку специфично „телефонското“ дежурство на директорката на Детската клиника? Или,  таа добива таков третман во прилогот бидејќи „го оправдува функционирањето на  „Ало докторе“, проект кој предизвика поделени мислења во јавноста.

Имено, дел од експертите реагираа дека „е спротивно на медицинската етика лекари да даваат совети, дијагнози и да препишуваат терапија по телефон.“

Материјалот  што го рецензираме е надвор од стандардите на добрата новинарска практика и наликува на наменски скроен пропаганден производ. Манирот во кој е напишан и пласиран остава впечаток дека е правен за да се пофали директорката, која, пак, има само убави зборови за владиниот проект.

Инаку, Софијанова беше иницијатор на Петицијата за поддршка за втор мандат на Ѓорѓе Иванов, а беше избрана и за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори во април минатата година (2014), но набргу по изборот си поднесе оставка на пратеничката фунција.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови