Рецензии

Рецензија: Политика 2015: експертите очекуваат помирна година

на 12. 01. 2015 | |
  Прилогот што е пред нас на гледачите им подметнува една необјективна прогноза за политичките случувања во годината што почна (2015). Материјалот како да е наменски скроен за да се фали власта: дека е посветена на подобрување на благосостојбата на граѓаните, на намалувањето на невработеноста, дека носи странски инвеститори, а, исто така, таа е заслужна и за релаксираната политичка клима во државата! Дури, впечаток е дека е направен таков избор на експертите за да ја потврдат саканата поента.  И притоа, нивното мислење се издигнува на ниво на целата експертска јавност, што е навистина претенциозно. Линк до оригиналниот напис: Политика 2015: експертите очекуваат помирна година Датум и време на објавување: 08.01.2015, 18:23 Датум на рецензирање: 09.01.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

АХ,

Рецензија: „Професорскиот пленум“ пропушти шанса за дебата за реформите во образованието

на 12. 01. 2015 | | sq
  Ова е уште еден текст во низата напади врз професорите здружени во „Професорски пленум“ и врз нивните барања. Притоа, приказната се дефокусира од вистинската намера на ова неформално здружение и се спинува за да се омаловажат професорите и нивните барања. Во тоа придонесуваат и двајца професори со своите изјави, но прилогот не ја дава и другата страна. Посебно, тоа е потребно ако, како во прилогот, се напаѓа едната страна. Тогаш мора да му се даде можност на другиот да се брани. Линк до оригиналниот напис: „Професорскиот пленум“ пропушти шанса за дебата за реформите во образованието Датум и време на објавување: 07.01.2015, 17:43 Датум на рецензирање: 09.01.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ТЕКСТ-КОМЕНТАР

„Од скандал до јавен срам за „Професорскиот пленум“

Рецензија: Како се носеше одлуката да не се учествува на дебата?

на 12. 01. 2015 | | sq
  Одамна нашата новинарска практика заборави дека е можно поинакво мислење, такво кое отстапува од владејачкото или од преовладувачкото. И заборава дека и тоа мислење треба да има рамноправен третман од медиумите. Така вели, меѓу другото, и преамбулата на Кодексот на новинарите: Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот. Но, тоа е само една од повеќето аномалии на оваа медиумска содржина. Линк до оригиналниот напис: Како се носеше одлуката да не се учествува на дебата? Датум и време на

Рецензија: Примитивизам на дело-Људмил Спасов со недолично однесување на денешна професорска прес-конференција

на 10. 01. 2015 | |
  Рецензираме текст кој може да се смести во револверашко новинарство со една единствена цел, да се пука со сите дозволени и недозволени средства на опозицијата и на нејзините приврзаници, членовите на најблиското семејство, невладини и граѓански организации и здруженија, без оглед дали имаат или немаат врска со некој настан. Линк до оригиналниот напис: Примитивизам на дело-Људмил Спасов со недолично однесување на денешна професорска прес-конференција Датум и време на објавување: 5.01.2015, 23:21 Датум на рецензирање: 8.01.2015 Рецензент: Александар Писарев  

ПОЛУВИСТИНА

Текстот се осврнува на настанот пред хотелот „Александар палас“, во кој професорската бранша закажа прес-конференција во врска со измените на Законот за високото образование, со кои се воведува државен испит за студентите. Премиерот ниту бил поканет, ниту го најавил

Рецензија: ФОТО: Министерката Јанкулоска во нормално домашно расположение го замеси лепчето

на 10. 01. 2015 | | sq
  Оваа кратка фотовест содржи непроверени и неточни информации и коментари за непрецизни дефиниции, поради што го заслужи нашето внимание и е предмет на рецензија. Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Министерката Јанкулоска во нормално домашно расположение го замеси лепчето Датум и време на објавување: 06.01.2015 Датум на рецензирање: 09.01.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Конечно и министерката Јанкуловска да се оддалечи од секојдневните задачи и обврски како прв човек на МВР и како секоја нормална мајка, сопруга и домаќинка да го замеси Бадниково лепче.“ Она што прво паѓа в очи кај читателите, во оваа кратка вест е зборот „мајка“, кој наведува дека министерката Јанкулоска станала мајка, информација која е неточна, барем колку што е досега познато во јавноста. Ако авторот на

Рецензија: Премиерот го збунил професорскиот пленум – по консултациите со СДСМ професорите побегнаа од дебата

на 9. 01. 2015 | | sq
    Имаме тенденциозен текст кој делумно се темели на факти, кои, пак, се искривоколчени до таа мера што сериозно е разнишана вкупната вистинитост на материјалот. Во суштината лежи длабок спин, би рекле со политичка заднина, чија цел е да ја дефокусира публиката од главната тема – владиното инсистирање, наспроти професорските и забелешките на студентите, по секоја цена да воведе „новини“ во високото образование. Линк до оригиналниот напис: Премиерот го збунил професорскиот пленум – по консултациите со СДСМ професорите побегнаа од дебата Датум и време на објавување: 05.01.2015, 14:17 Датум на рецензирање: 08.01.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПРОФЕСОРИТЕ ЗБУНЕТИ, ОПОЗИЦИЈАТА КАБАЕТ?!

Како што веќе споменавме, вистинтоста е сериозно поткопана од неколку причини. Првата: имаме факти кои се криво насадени, секако

Рецензија: ВИДЕО: Говорот на Груевски додека не се научи напамет

на 9. 01. 2015 | |
  Овој напис е класичен пример за тоа како не треба да изгледа еден новинарски текст.  Текстот изобилува со коментари, што е видливо уште во самиот наслов, без потпишан автор, без никакви заклучоци и извори. Направен е обид да се направи анализа на начинот на кој се пренесувало новогодишното обраќање на премиерот на националните телевизии и во дел од порталите, но таквиот обид пропаднал бидејќи во текстот нема релевантни изјави, нема извори ниту, пак, линкови. Текстот е пристрасен и коментаторски.  Линкуван наслов на анализираниот напис: ВИДЕО: Говорот на Груевски додека не се научи напамет  Датум и време на објавување: 01.01.2015  Датум на рецензирање: 08.01.2015  Рецензент: Ана Анастасовска   „Северна Кореја ли сме, или пак се вративме во некои други времиња? Започна

Рецензија: Денеска што правите, тоа ќе го правите цела година

на 9. 01. 2015 | |
  Овaа рецензија е на предлог на наш читател. Тој/таа вели „Функција на новинарството е да промовира суеверије… НЕ!“. И, сосема е во право. Не само што не треба да се промовира суеверие, туку е и сосема неспојливо со православната практика на која се повикува текстот. Но, тука и рецензентот на оваа медиумска содржина и „Сервис за проверка на фактите од медиумите“, пред да продолжиме понатаму со рецензијата, сакаат да направат една задршка: Секој има прво да верува во што сака. Тоа е едно од правата на човекот што произлегуваат од корпусот лични или приватни права. Дотука, дебатите за верувањата може да почнат и да завршат. Но, доколку за верувањата се пишува во медиумите како средства

Рецензии: Греењето изминатата годинава беше проблем за училиштата

на 9. 01. 2015 | | sq
  Кризата што ја зафати земјава пред и за време на новогодишните празници поради неспремност на неколку фактори да одговорат и на не толку големиот предизвик во форма на прв снег и голомразица, неминовно стана вест број еден во нашите медиуми. Кај дел од македонските медиуми вината се префрли на оние фактори каде раководни луѓе се претставници од коалициониот партнер во власта – ДУИ. Забележливо беше дека еден од оние кои посебно беа на удар беше и кичевскиот градоначалник, кому овде му е стокмен прилог кој го напаѓа за судените училници. Дали истиот има смисла со оглед на датумот кога е објавен и со оглед на фактот што проблемите со греењето на училиштата се застапени практично во целата земја? Линк

Рецензија: Политика 2014: Победа за ВМРО-ДПМНЕ, бојкот од СДСМ

на 9. 01. 2015 | |
  Со еден збор, несодржајна и необјективна искривена слика за настаните што ја одбележале минататa година. Еве зошто. Линк до оригиналниот напис: Политика 2014: Победа за ВМРО-ДПМНЕ, бојкот од СДСМ Датум и време на објавување: 04.01.2015, 16:11 Датум на рецензирање: 05.01.2015 Рецензент: Александар Писарев  

ПОРТОКАЛОВА СЛИКА

Целиот прилог е, всушност, рекапитулација на активностите и на успехот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и на претседателските избори, зајакната со партиска иконографија, со која цело време се занимава текстот. Тоа во никој случај не може да биде сериoзен и аналитички пресек на случувањата кои ја одбележале изминатата 2014 година. Се работи за провиден спин да се изманипулираат граѓаните и уште еднаш да се прикажат „успесите“ на владејачката партија која ја преводи