Рецензија: ФОТО: Министерката Јанкулоска во нормално домашно расположение го замеси лепчето
Објавено во Рецензии
on 10 - 01 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
Оваа кратка фотовест содржи непроверени и неточни информации и коментари за непрецизни дефиниции, поради што го заслужи нашето внимание и е предмет на рецензија.
Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Министерката Јанкулоска во нормално домашно расположение го замеси лепчето
Датум и време на објавување: 06.01.2015
Датум на рецензирање: 09.01.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
„Конечно и министерката Јанкуловска да се оддалечи од секојдневните задачи и обврски како прв човек на МВР и како секоја нормална мајка, сопруга и домаќинка да го замеси Бадниково лепче.“
Она што прво паѓа в очи кај читателите, во оваа кратка вест е зборот „мајка“, кој наведува дека министерката Јанкулоска станала мајка, информација која е неточна, барем колку што е досега познато во јавноста. Ако авторот на овој текст имал дополнителни информации, требалo да ги поткрепи со докази и со извори, а не да создава забуна кај читателот. Втората работа, за која се одлучивме да го рецензираме овој текст е посочувањето дека Јанкулоска месела лепче „како секоја нормална сопруга и домаќинка“. Тука веднаш се наметнува прашањето: што е тоа нормална сорпуга и домаќинка и дали постои дефиниција за тоа? Ако постои, треба да се наведе во текстот. Во спротивно, се наметнува дилемата дали оние жени кои не го замесиле бадниковото лепче туку, можеби, го нарачале, не се „нормални сопруги и домаќинки“?
„Инаку денес сите христијани го слават Бадник и секако се меси лепче со паричка.“
И ова е неточна информација. На 6 јануари не сите христијани го слават Бадник. На овој датум Бадник го слават само православните христијани, а не и католиците и протестантите. Не е точно и дека на овој ден задолжително се замесува лепче со паричка. Меѓу православните христијани има такви кои замесуваат лепче со паричка на денот Василица, а не на Бадник.
Оваа кратка фотовест многу подобро би изгледала кога би се навела само фотографијата со веста дека министерката замесила лепче за Бадник. Во обид да се биде покреативен, во десетина реда текст „од памет“ се прават грешки, за што класичен пример е оваа вест.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови