Рецензии

Кога новинарството навива

на 15. 01. 2015 | | sq
[Рецензија: Државниот испит ќе биде на тест, одѕивот на протестите паѓа] „Напред реформи и еве зошто“. Вака накратко може да се резимира текстот, кој во отсуство на евиденција на извори, се обидува да го убеди читателот во исправноста на реформите во високото образование и да ги дискредитира противниците на владината иницијатива. Новинарството не треба да навива.  Рецензија: Државниот испит ќе биде на тест, одѕивот на протестите паѓа  Датум и време на објавување: 14.1.2015 Датум на рецензирање: 15.1.2015 Рецензент: Александар Пешев Функцијата на новинарството не е да ја тера публиката да прифати одреден став, туку да го информира гледачот или читателoт, оставајќи го сам да го формира своето мислење. Евидентно е дека тука немаме таков текст. Недостигаат атрибуции и изјави од

Рецензии: Македонската влада во 92-ра прифатила решение согласно грчките критериуми ?

на 15. 01. 2015 | |
  Еден од посензационалните наслови кои се појавија во нашите медиуми е и овој, кој сугерира дека македонската влада во 1992 година прифатила решение за името според критериумите кои ѝ одговарале на Атина. Прилогот, кој се заснова на интервју на дописникот на агенцијата од Атина, има проблем во просејувањето на битното од небитното (насловот не е извлечен од она што е повод за интервјуто – имено што може да се очекува од идната влада на СИРИЗА), но и во дефинирањето на „вината“ – кога се случил тој „пропуст“, кога за името меѓу нас и Грците теоретски можеле да одлучуваат две различни влади! Имено, се работи за процес кој почнал на некој датум и некаде и завршил – морало да се

Рецензија: Нема ништо сомнително во видеото со убиството на полицаецот

на 15. 01. 2015 | |
  Овој текст самиот си ја поткопува аргументацијата за употреба на „извори кои сакале да останат анонимни“, со тоа што во истиот текст, во рамка, е објавено мислење на израелски експерт со име и со презиме. Што е тоа што ја прави разликата меѓу нашите и израелските експерти? Дали редакцијата треба секогаш да им дозволува на таканаречените експерти за бидат анонимни? Што ќе изгубела редакцијата ако му рекла на анонимниот експерт „Не! Твојата експертиза како анонимен е безначајна. Потпиши се за да има релеванциија и твоето мислење и нашиот текст!“ Така требало да изгледа една замислена ситуација, во која новинарите се „натегаат“ со изворот „кој инсистира да остане анонимен“. Во својата анализа „Професија – експерт“, професорката Најчевска нагласува дека: „Експертските

Рецензија: Собранието ги усвои пакетот закони за образование

на 14. 01. 2015 | |
  Материјалот што го рецензираме ја дезинформира јавноста дека неколкуте нови закони и законски измени од областа на образованието добија зелено светло од парламентот. А тие, фактички, во саботата (10 јануари 2015 година), во раните утрински часови, поминаа на  собраниската Комисија за образование, наука и спорт и допрва ќе одат на пленарна седница, најавена за 14 јануари 2015 година. Линк до оригиналниот напис: Собранието ги усвои пакетот закони за образование Датум и време на објавување: 10.01.2015, 17:25 Датум на рецензирање: 12.01.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ПОГРЕШНА ИНФОРМАЦИЈА

Погрешната информација се испраќа преку целосно промашениот наслов: „Собранието ги усвои пакетот закони за образование“, а сосема истата формулација е употребена и во поднасловот и во првата реченица од прилогот. Тоа укажува на

Рецензија: ФОТО: Ова е убиената медицинска сестра

на 14. 01. 2015 | | sq
  Оваа вест многу наликува на муабет од улица. Згора на сè, пренесена е на начин што не ги задоволува ниту минималните професионални критериуми на новинарството. Веста е речиси несодржајна, таа е несеопфатна, а не може ниту да се провери нејзината вистинитост. Покрај тоа, крши два члена од Кодексот на новинари, па поради тоа и денеска е тука на рецензија. Објавувањето фотографии на кои се покриваат само очите, исто така, е проблематично. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Ова е убиената медицинска сестра Датум и време на објавување: 12.01. 2015, 16:25 Датум на рецензирање: 13.01. 2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Написот, иако се базира на вистинска информација, само делумно е точен, но му се додавани непроверени детали со кои се дезинформира читателската

Рецензија: Излезе на виделина скриената агенда на професорскиот и студентскиот пленум

на 13. 01. 2015 | |
  Преку неименувани и анонимни извори, кои се претставедни како „упатени“ и „познавачи на состојбата“, се дава квалификација дека дејствувањето на пленумите е за да се поддржат политиките на СДСМ. Оваа констатација е дополнета со онаа дека пленумите имаат скриена агенда. Сево ова се прави без да се чуе втората страна како што налага новинарскиот кодекс. Не е земена изјава ниту од „Студентски пленум“, ниту од „Професорски пленум“ за да се презентираат нивните ставови, односно зошто не влегоа во Собранието. Линк до оригиналниот напис: Излезе на виделина скриената агенда на професорскиот и студентскиот пленум Датум и време на објавување: 6.1.2015 3:58 Датум на рецензирање: 10.1.2015 Рецензент: Мирослава Бурнс Во поглед на вистинитоста, во текстот се тврди дека двата пленуми настапуваат

Рецензија: Професорите од регионот со десет пати повеќе научни трудови од нивните македонски колеги

на 13. 01. 2015 | |
  Професорите блиски до СДСМ имале нула научни трудови. Можно ли е професорите блиски на ДОМ, ДУИ, ДПА, ВМРО итн., итн., да имаат нула научни трудови? Можно ли е тоа да не зависи од партиската поддршка? Зарем е коректно да не се наведе за која база на податоци се пишува? На начин претставен како овој, се добива впечаток дека овие професори немаат ниту еден научен труд со импакт фактор, но не се наведува многу важен податок, а тоа е разгледуваната база, за која претпоставуваме дека е „Веб оф сајенс“ (Web of science), но сосема е можно да биде и некоја друга. Значи, ако професорите немаат научен труд во „Веб оф сајенс“, тоа не значи дека немаат научен труд со импакт

Рецензија: Стотици подржувачи на Мара Бунева во Скопје

на 13. 01. 2015 | |
  Овој текст има повеќе грешки, за што и детално ќе дадеме образложение. Во еден текст, кога речиси секоја реченица содржи по некоја материјална грешка, тешко може да се зборува за професонално новинарство. Прва работа на новинарот е да информира точно и вистинито. Линк до оригиналниот напис: Стотици подржувачи на Мара Бунева во Скопје Датум и време на објавување: 10.01.2015, 17:07 Датум на рецензирање: 12.01.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ЗАГИНУВАЊЕ/САМОУБИСТВО – ПЕРИЌ/ПРЕЛИЌ

„Под полициско обезбедување на кејот на Вардар кај Холидеј ин се одбележа годишнина од загинувањето на Мара Бунева, член на  ВМРО на Ванчо Михајлов, која по негова наредба на овој ден 1928 година го застрела српскиот полицаец Велимир Периќ.“

Во овој прв пасус се тврди дека Мара Бунева

Рецензија: Најгласните професори против реформите во високото образование избегаа…

на 13. 01. 2015 | |
  Прилогот кој го рецензираме е уште една потврда дека домашната полтичка и медиумска сцена се концептуализира како воено поле на кое политичките партии и медиумите кои ги застапуваат нивните интереси, водат отворена специјална војна за да ги придобијат или одвратат граѓаните од одредени политики кои ги застапува едната или другата страна. Како и во секоја војна, прва страда вистината. Линк до оригиналниот напис: Најгласните професори против реформите во високото образование избегаа… Датум и време на објавување: 7.01.2015 06:40 Датум на рецензирање: 10.01.2015 Рецензент: Александар Писарев  

„СИТЕ“ НÈ „МРАЗАТ“

Со нешто што би се нарекло „половина риба–половина девојка“, бидејќи е напишано како творба помеѓу анализа и коментар, се прави обид да се искомпромитира и етикетира „Професорски пленум“, да се

Типичен пример на инквизициско новинарство

на 13. 01. 2015 | |
 

[Рецензија: Ерол Ризаов ги задоволи Грците: Македонија била диктатура без слободни медиуми!?]

  Убаво рече еден мој колега – имаме пример на инквизицско новинарство, а јас би дополнил со елементи на кукавичлук, бидејќи станува збор за непотпишан текст, кој, без да имаме каква било дилема за тоа, всушност, врши „отстрел на колега“ кој нема врска со новинарство. Текстот силно мириса на анимозитет базиран на лични основи, иако се прикажува како некаква си анализа на професионалноста на споменатиот новинар. Имаме сè: од навреди, обвинувања за предавство, коментар, а најмалку од сè информација. Линк до оригиналниот напис: Ерол Ризаов ги задоволи Грците: Македонија била диктатура без лободни медиуми!? Датум и време на објавување: 10.01.2014, 13:08 Датум на рецензирање: 11.01.2014 Рецензент: Владимир