Рецензии

Рецензија: Премиерот Груевски оствари средба со менаџерскиот тим на компанијата „Вајбер“

на 22. 01. 2015 | | sq
  Вестa мора да биде кратка, јасна и содржајна и да одговори на пет основни прашања, кои ја чинат оваа новинарска творба. Ако тоа го нема, како што е во овој случај, читателите ќе бидат збунети и нецелосно или погрешно информирани за настанот кој медиумот сакал да го опише. Линк до оригиналниот напис: Премиерот Груевски оствари средба со менаџерскиот тим на компанијата „Вајбер“ Датум и време на објавување: 19.01.2015, 17:50 Датум на рецензирање: 20.01.2015 Рецензент: Александар Писарев Направен е обид да се објасни дека премиерот Никола Груевски имал средба со менаџерите на компанијата „Вајбер“ и дека се разговарало за соработка и за размена на искуства.
Во содржината недостигаат две важни информации, кога тоа се случувало, каде и која е и

Рецензии: Во повеќе општини во Македонија во вторник нема да се штрајкува

на 21. 01. 2015 | | sq
  Спроти најавите на СОНК – мнозинскиот синдикат во областа на образованието, предучилишното воспитување и културата – дека од 20 јануари нивните членови нема да работат, односно ќе стапат во штрајк, многу наши медиуми објавија прилози во кои негираат дека ќе има прекин на наставата и се повикуваат родителите да ги испратат децата на настава. И ова е еден таков прилог, кој почна да се емитува во неделата доцна попладне, но и преку целиот следен ден. Сознанијата во овој текст се еднострани и се засноваат врз фактори кои не се релеватни, во крајна линија, за процесот на образованието, додека оние кои се најрелеватни по ова прашање никаде ги нема. Линк до оригиналниот напис: Во повеќе општини во Македонија во вторник

Рецензија: Слаб одѕив на протестот пред Собрание, поддршката за реформите се поголема

на 21. 01. 2015 | |
  Можеби имаме зародиш на нов жанр во журналистиката – „пребројувачко новинарство“. Како поинаку да се толкува текст чија основна цел е да ги брои присутните на протест, надграден со епитети дека станува збор за партиски собир. Крајно обоен производ, со многу обвинувања без аргументи. Пример за некредибилно и тенденциозно известување, ако воопшто така и може да се нарече, со доминантно необјективен пристап. Линк до оригиналниот напис: Слаб одѕив на протестот пред Собрание, поддршката за реформите се поголема Датум и време на објавување: 14.01.2015, 12:38 Датум на рецензирање: 18.01.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

КАДЕ СЕ ЦРВЕНИТЕ КРУKЧИЊА?!

Едно е новинарски да се констатира дека одреден граѓански собир не бил масовен како претходните, а сосема друго е на тој ист собир

Рецензија: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поддржува Предлог-законот за високото образование

на 21. 01. 2015 | | sq
  Овој медиум ѝ отстапува преголем простор на оваа информација незаслужено и со тоа демонстрира отворена пристрасност. Како прво, се работи за соопштение на владејачка партија која го предложи законот и ги отфрли сите аргументи против него. Како второ, создаде поларизација во општеството и предизвика нови поделби… Освен тоа, медиумот е злоупотребен да пренесе лага со овој пасус: „… Идејата за носење на ваков тип на Закон, наиде на позитивни реакции во јавноста бидејќи ова решение ќе допринесе за поквалитетно воспитание и образование…“ Најблаго е да се каже дека овие измени на Законот за високо образование предизвикаа барем поделеност, а никако (само) позитивни реакции. Некој ќе рече дека ова е соопштение или прес-конференција на една партија, но тоа не е

Спинување со коментари на сметка на угледот

на 19. 01. 2015 | | sq
 

(Рецензија на написот: “Професорката “бегалка” избега и од емисијата на Ефтов)

  Текст кој со коментаторски елементи употребува постапка на професорка при јавен настап за да постигне спин со крајна цел – да даде еднострана подршка на владина иницијатива која се преточи во закон. Еднострана, неизбалансирана објава која има елементи на политичка пристрасност и на навивање. Линк до анализираниот напис: Професорката “бегалка” избега и од емисијата на Ефтов Датум на објавување: 15.1.2015 Датум на рецензирање: 18.1.2015 Рецензент: Александар Пешев На прв поглед, не е јасно каква објава имаме пред нас. Дали станува збор за осврт или информативен текст? Во секој случај, видно се издвојува епитетот „професорката бегалка“, што во основа не е поврзано со извор или нечија изјава. Во

Рецензија: Едмонд Адеми повикува на насилство помеѓу Македонците

на 19. 01. 2015 | | sq
  Текстот прави „анализа“ на една општо прифатена дефиниција, историски потврдена многупати, за тоа како паѓале режимите низ историјата и како секој народ ја стекнувал слободата, објавена на „Фејсбук“ и, за разлика од авторот на „новинарската творба“, потпишана. Од тоа се прави конструкција, при што заради фејсбук-статус уште во насловот се изнесуваат обвинувања за повик на насилство. Притоа, насловот е „филуван“ и со етничка компонента за на сопственикот на „инкриминираниот“ фејсбук-статус, Едмонд Адеми, да му се припише нешто што воопшто не го напишал – повик на насилство помеѓу Македонците. Многу опасна и загрижувачка конструкција со која се сака да се каже дека Адеми „прижелкува да види крв само на Македонците“. „Инквизицијата“, меѓутоа, не се задоволува само со повик за отстрел

Рецензии: Катар најавува поинтензивни бизнис активности во Македонија

на 18. 01. 2015 | | sq, en
  Колку пати треба да се посети Катар од некој од нашите врвни политичари за да се добие некоја нивна инвестиција? И колку пати треба некој од нивните официјални лица да дојде во Скопје за да се развијат потенцијалните економски врски? Ова е логично прашање кога и деновиве се читаат извештаите од Катар, во кои стои дека шефот на македонската држава, Иванов, заминал во оваа земја на Заливот. Јасно е дека како голем љубител на спортот, отишол да навива за македонската ракометна репрезентација. Не е јасно што е со онаа другата цел, која добива апсолутен приоритет во новинарските јавувања – развојот на меѓусебните економски односи. Со оглед на големиот интензитет на посети на нашите политичари во оваа земја, од еден

Рецензија: Грција му молчи на „Њујорк Тајмс“ за „Македонецот“

на 18. 01. 2015 | | sq
  Многу често се среќаваме со вести за кои не сме свесни зошто се појавиле и што сака да се постигне со нив. Ова е текст со намерно подбивање. Тој е напишан без притоа да се внимава на одговорноста и како да е излезен од вицот – „Те молам, не брани ме бато“. Новинарството не е тоа кое треба да соли памет и да се подбива. Тоа е тука да информира и да пренесува, а зошто текстов се закачил за Грција на ваков начин е прашање на кое тешко може да се даде издржан одговор. Линк до оригиналниот напис: Грција му молчи на „Њујорк Тајмс“ за „Македонецот“ Датум и време на објавување: 14.01.2015, 17:52 Датум на рецензирање: 15.01.2014 Рецензент: Владо

Рецензија: Откако рикна К15, на Бубо и компанија сите им се виновни

на 15. 01. 2015 | |
  Овој напис е полн со коментари, политички е пристрасен и изобилува со лични навреди и напади, упатени кон членовите на продукцијата „К-15“. Повод за ваквите напади, претпоставуваме, е интервјуто на Бубо Каров, дадено истиот ден за „Радио Слободна Европа“. Во текстот нема никакви факти и аргументи, туку само претпоставки и тврдења на авторот, чијашто точност не може да се потврди. Овој текст, меѓу другото, е и коментар, но без потпишан автор. Линкуван наслов на анализираниот напис: Откако рикна К15, на Бубо и компанија сите им се виновни Датум и време на објавување: 11.01.2015 Датум на рецензирање: 15.01.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Авторот на текстот уште на самиот почеток изнесува заклучоци кои се непроверени и за кои нема никакви факти. Во

Рецензија: Ова се разбојниците, тепачите и ајдуците на полицискиот ден

на 15. 01. 2015 | | sq
  Насловот: „Ова се разбојниците, тепачите и ајдуците на полицискиот ден“, прозвучува како да се случило своевидно спектакуларно апсење на некаква разбојничко–криминална група и тоа баш на Денот на полицијата! Но, од ваквата драматика најавена во насловната конструкција, нема ниту „д“ во редовите што се исшпишани подолу во написот, поточно препишани од полицискиот билтен. Ниту, пак, станува збор за Денот на македонската полиција, бидејќи тој е на седми мај, а не на 14 јануари. Линк до оригиналниот напис: Ова се разбојниците, тепачите и ајдуците на полицискиот ден Датум и време на објавување: 14.01.2015, 13:02 Датум на рецензирање: 15.01.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРЕПИШАН ПОЛИЦИСКИ ИЗВЕШТАЈ

Податоците наведени во материјалот се вистинити. Информацијата е проблематична поради начинот на кој е пласирана.