Рецензии

Kоментари и обвинувања кои како да се пишувани од партиски портпарол, не новинар

на 21. 02. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ спрема насилство, со палки ќе рушат држава (ФОТО)]

  Авторот на оваа медиумска содржина пројавил амбиција врз основа на фотографии со сомнително потекло, за кои нема никаков податок од каде се и во каков контекст се снимени, и врз основа на една компилација од изјави, анализи и од новинарски текстови, да ја оправда својата теза во насловот дека опозициската партија со насилство и палки ќе ја руши

Рецензија: Грувски: Вистината ќе ја слушнат сите – за се ќе одговорам пред Судот

на 21. 02. 2015 | | sq
    Пример за „новинарство изгубено во времето и во просторот“. Стара информација пласирана како актуелна, наслов изваден од контекст, „тврди“ формулации непоткрепени со аргументи, неколку обоени коментари за дополнување на генералната слика дека станува збор за пристрасно четиво Линк до оригиналниот напис: Грувски: Вистината ќе ја слушнат сите – за се ќе одговорам пред Судот Датум и време на објавување: 16.02.2015 – 13:17 Датум на рецензирање: 18.02.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ЗБИРЕН БЕКГРАУНД СО „ЖЕЛБА“ ЗА ДНЕВНО-ИНФОРМАТИВНА ДИМЕНЗИЈА

В рака имаме материјал полн со, од професионална гледна точка, маани кои можеби биле и причината зошто тој, извесен период по објавувањето, мистериозно исчезна од порталот каде првично беше „закачен“. Благодарение на достапни интернет-алатки, лесно може да се пронајде овој производ

Рецензија: Заев почна да се крие од истрагата за Пуч

на 20. 02. 2015 | | sq
  Веста насловена: „Заев почна да се крие од истрагата за Пуч“ е лажна.  Манирот во кој е напишан и пласиран овој материјал остава впечаток дека не станува збор за некаков ненамерен превид или грешка, туку намерно е објавена дезинформација за да се оцрни лидерот на опозицијата Линк до оригиналниот напис: Заев почна да се крие од истрагата за Пуч Датум и време на објавување: 18.02.2015, 15:20 Датум на рецензирање: 19.02.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ВЕСТ СКАРАНА СО ВИСТИНАТА

Написот врз основа на непотврдени информации од  анонимни, но „сигурни“ извори, прави конструкција дека: „опозицискиот лидер почна да се крие од истражните органи во случајот Пуч“. Поента која се извлекува и во спинерскиот наслов и на читателите им се подметнува како

Наместо аналитички коментар, врвен спин

на 20. 02. 2015 | |
 

(Рецензија: Пендаровски: или ние на власт, или граѓанска војна!!!)

  Анализата како потформа на коментарот, дава извесна слобода за изнесување сопствени мислење врз основа на расчленетите факти. Тоа мислење, базирано врз логичките техники, е доста полезно во новинарството, особено кога сакате да одите во „длабочина“ и на тој начин на јавноста да ѝ ги направите нештата – појави, процеси, изјави… – појасни. Но, кога наместо врз факти, се анализира врз извртени факти, тогаш нема друго име за тој тип аналитички коментар освен спин и манипулација со јавното мислење. Токму таков е „аналитичкиот коментар“ што е предмет на оваа рецензија.  Линк до оригиналниот напис: Пендаровски: или ние на власт, или граѓанска војна!!!   Датум и време на објавување:18.02.2015, 23:53 Датум

Рецензија: Македонија гори одвнатре: Пеколот на Заев

на 20. 02. 2015 | |
  Пред нас имаме четиво кое недвосмислено е мотивирано од потребата да се пренесе ставот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и да се даде прилог во контракампањата насочена кон претседателот на опозицискиот СДСМ, по обелоденувањето на податоците за прислушување. Текстот нема јасен новинарски концепт – тој е „ни риба и ни девојка“, нешто помеѓу анализа и коментар, чија јасна одредница е – едностраноста и пристрасноста. Конкретно, текстот нуди политичко-партиска аргументација, со која се обидува да ги побие доказите презентирани од Заев за манипулациите и за злоупотребите на судскиот систем, за кои јавноста можеше да посведочи од снимките на разговорите на високи функционери во извршната и во судската власт, како и на новинари наклонети кон власта. Веќе од опремата на текстот – насловот

Рецензија: Предизвика негодувања: Мајка го нашминка нејзиниот 7-неделен син

на 20. 02. 2015 | | sq
  Насловот на овој текст е сензационален. Помислата дека една мајка го нашминкала своето бебе, навистина, ужаснува, но, сепак, се работи за тоа дека мајката користела веб-апликација, факт кој се открива подолу во текстот. Линкуван наслов на анализираниот напис: Предизвика негодувања: Мајка го нашминка нејзиниот 7-неделен син Датум и време на објавување: 17.02.2015 Датум на рецензирање: 19.02.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „28-годишна мајка со име Фиона го нашминкала својот мал си Габриел со „тешка“ шминка, а оваа нејзина забава предизвика многу полемики.“ На прв поглед насловот привлекува внимание и секој со голема љубопитност би го отворил овој текст, веројатно за да прочита и да види каква е таа мајка која се охрабрила да шминка мало бебе. Сепак, подолу во текстот се

Рецензија: Паника во СДСМ: Кој стои зад „Македонските Анонимуси“

на 20. 02. 2015 | |
  Овде има сè, од замена на тези и префрлување на паника и на загриженост на спротивната страна за да се сокрие сопствената, сеење ветер и магла да се сврти внимание од сериозноста на ситуацијата и да се амнестира актуелниот политички естаблишмент од одговорност за сè што може да произлезе од „бомбата“ и таа да се префрли на странците, до повик на мобилизација и притисок на судската власт преку сугестија што да се направи со Заев. Сè до непромислено објавување на фотографија на автомобил (со лични податоци) со дипломатски таблици пред седиштето на СДСМ што може да се протолкува како покажување со прст која странска држава е вмешана во аферата „Пуч“. Линк до оригиналниот напис: Паника во СДСМ: Кој стои

Рецензија: Што значат засуканите ракави и погледот во камерата

на 19. 02. 2015 | |
  Анализата на говорот на телото не е нешто што не е предмет на користење во многу анализи. Таа е метод кој е инструмент на комуниколозите, на маркетинг-агенциите… иако, ако ги користите во некој медиум и тоа згора во контекст на последните настапи на двајца најспоменувани политичари во земјава, морате да имате силен мотив и оправдување. Особено, кога тие политичари немаат свои говори на тела, како извор на сознанија, туку излегуваат со свои аргументи кои се користат во последните месеци како дел од силна политичка борба која длабоко го потресува општеството. Проблематично во текстот е што написот се јавува токму како замена на аргументи на едната страна во таа борба против другата страна! И, секако, она што е најважно, анонимноста

Кога се точни само датумот и времето на објавување

на 19. 02. 2015 | |

(Рецензија: СДСМ и Заев се херои во Грција: И покажале на ЕУ дека Македонија не ги исполнува критериумите за членство)

Вистинитоста на оваа медиумска содржина е проблематична зашто ако изворно ги прочитате новинарските извештаи на кои се повикува авторот на оваа медиумска содржина (се споменува дописник на еден друг медиум), се откриваат малку поинакви факти. Како извори на информации за оваа медиумска конструккција се наведуваат неколку грчки медиуми, од кои прв е грчкото издание на порталот „Еуроактив“, иако, чудно, се наведува само насловот на извештајот за втората прес-конференција на лидерот на СДСМ и – толку. Линк до оригиналниот напис: СДСМ и Заев се херои во Грција: И покажале на ЕУ дека Македонија не ги исполнува критериумите за членство Датум и

Рецензија: Заев објави нови прислушувани разговори

на 19. 02. 2015 | |
  Станува збор за целосно непрофесионален материјал кој има цел да ја релативизира мегааферата со прислушувањето, за која опозицијата го впери прстот во премиерот и во неговиот братучед  – директорот на УБК. Овој прилог (димензиониран на помалку од една минута) ги прикрива суштинските иформации кои беа искажани на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ (15 февруари 2015 година), на која беа објавени нови снимки од прислушувани разговори, уште поскандалозни од оние со кои опозицијата го обелодени случајот (9 февруари 2015 година). Линк до оригиналниот напис: Заев објави нови прислушувани разговори Датум и време на објавување: 15.02.2015, 17:25 Датум на рецензирање: 16.02.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ЦЕНЗУРИРАНО

На гледачите им е понудена една техничка, површна и необјективна информација, во која се скриени главните