Рецензија: Предизвика негодувања: Мајка го нашминка нејзиниот 7-неделен син
Објавено во Рецензии
on 20 - 02 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
Насловот на овој текст е сензационален. Помислата дека една мајка го нашминкала своето бебе, навистина, ужаснува, но, сепак, се работи за тоа дека мајката користела веб-апликација, факт кој се открива подолу во текстот.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Предизвика негодувања: Мајка го нашминка нејзиниот 7-неделен син
Датум и време на објавување: 17.02.2015
Датум на рецензирање: 19.02.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
„28-годишна мајка со име Фиона го нашминкала својот мал си Габриел со „тешка“ шминка, а оваа нејзина забава предизвика многу полемики.“
На прв поглед насловот привлекува внимание и секој со голема љубопитност би го отворил овој текст, веројатно за да прочита и да види каква е таа мајка која се охрабрила да шминка мало бебе. Сепак, подолу во текстот се открива дека мајката ја користела апликацијата „јукам мејкап“ (YouCam Makeup), за да се забавува.
„Виртуелно нашминканото бебе на некои им беше забавно, но поголем дел негодуваа за постапката на мајката, особено што се работи за машко дете!“
Она што недостига во текстот е, секако, изворот на написот, информација каде тие фотографии биле објавени и, секако, коментарите во кои се негодува за ваквата постапка на мајката. Поради тоа, може да се каже дека текстот е некомплетен и дека вака пренесен има цел само да привлече повеќе читаност, но не и да му даде на читателот повеќе информации.
Доколку побарате на интернет, ќе го најдете истиот текст објавен во британски „Индипендент“, а во него ќе ги најдете одговорите што недостигаат во текстот кој е предмет на рецензија.
Не е спорно дека во денешно време, кога на пазарот има стотици портали, истите треба да се борат за повеќе читатели, објавувајќи сензационални наслови и текстови. Сепак, тие наслови не треба да го наведуваат читателот на погрешно мислење, а текстовите треба да бидат комплетни.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови