Рецензии

Рецензија: Поранешниот известувач игнорира прашања на „Дневник“ за „Пуч“

на 6. 03. 2015 | | en
Фактот што еден од највлијателните европарламентарци, Ричард Ховит, се „осмелил“ да ја предупреди власта во Македонија да не помислува да го апси лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во некои кругови очигледно е земено за голем грев. Затоа, авторката на написот што е предмет на оваа рецензија, се обидувала од петни жили, како што таа вели, да стапи во контакт со овој британски политичар, чија адреса е, главно, бриселска. Обидот не бил успешен и покрај наводната упорност, што одново се товари на сметка на некомуникативноста на Ховит, чиј асистент, сепак, ѝ се јавил и, наводно, ѝ ветил одговор. Сè останало на тоа ветување. Линкуван наслов на анализираниот напис: Поранешниот известувач игнорира прашања на „Дневник“ за „Пуч“ Датум и време на објавување:

Рецензија: Германските пратеници разговараат за Македонија

на 6. 03. 2015 | |
  На гледачите им е понудена многу штура информација од седницата на Комисијата за надворешни рботи на германскиот Бундестаг (4 март 2015 година), која зад затворени врати расправаше за актулeните случувања во Македонија. А, тоа што седницата била затворена, се користи само како опрaвдување за јавноста површно да се информира дека во Бунестагот имало дебата за политичката криза во земјава. Иако од Берлин била испратена прилично експлицитна порака, која, сепак, преку други медиуми, одекна во македонската јавност: „Интеграцијата на земјата во ЕУ и во НАТО е загрозена поради авторитарниот курс на Владата.“ Линк до оригиналниот напис: Германските пратеници разговараат за Македонија Датум и време на објавување: 04.03.2015, 18:22 Датум на рецензирање: 05.03.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

„НЕСЛУШНАТИ“ ПОРАКИ

Овој кус материјал

Рецензија: Пандов: Низ судски процес да се утврди за колку пари Заев ни го продал името

на 5. 03. 2015 | |
  Ако го имаме предвид актуелниот политички момент во земјата, настанот од кој произлегува новинарскиот текст е, секако, легитимен извор на медиумска вредна информација. Исто така, секако, тој текст мора да ги почитува правилата на професионално однесување и постапување. Но, тој, за жал, потклекнува уште на првиот чекор поради проблемите со пристрасноста и со избалансираноста. Тоа го бара членот 14 од Кодексот на новинарите: Известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. Оваа медиумска содржина, во сите нејзини елементи, од насловот до завршниот дел, не е непристрасна, а уште помалку – избалансирана. Линк до оригиналниот напис: Пандов: Низ судски процес да се утврди за колку пари

Рецензија: Професорот Росоклија бил во право дека причината за смртта на Тамара не е сколиоза

на 5. 03. 2015 | |
  Медицински случај, кој поради сплет на околности заврши трагично за деветгодишната Тамара Димовска од Велес, ги разбранува не само духовите во Република Македонија, туку и политичката сцена, предизвика граѓански протести, како и оставки на двајца високи функционери во здравството, а тоа се одрази и на начинот на кој беше третиран во медиумите. Еден од написите кој генерираше најмногу коментари беше и информацијата која е предмет на оваа рецензија. Иако тоа што е објавен на веб-страница чијашто потесна профилираност (вести од областа на медицината, здравството и социјални теми) би требало да подразбира известување неоптоварено со дневна политика, овој напис покажува дека, во случајов, политиката имала влијание врз објективноста и професионалниот третман на материјата. Веста што е објавена е ексклузивна, а

Рецензија: Оглас за нов директор на Фондот за здравство до 15-март

на 5. 03. 2015 | | sq
  Ги нема главните актери, а ги нема и причините зошто, ниту одговорите „затоа што“, ама затоа, пак, ја има детално објаснето формалната постапка како треба да финишира една процедура!!! Неразбирливо е да се зборува за правното заокружување на процесот на именување на првите луѓе на Фондот за здравство, а притоа да не се каже ама баш ништо зошто воопшто и се влегува во избор на нови раководители на една значајна институција. Ако не е селективност, тогаш е голем непрофесионализам?! Линк до оригиналниот напис: Оглас за нов директор на Фондот за здравство до 15-март Датум и време на објавување: 28.02.2015, 17:56 Датум на рецензирање: 03.03.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ЖЕДЕН ПРЕКУ ВОДА

Чекајте, овде слушаме за отворена и транспарентна

Рецензија: „Ајде“ на протест пред МРТ, Бојаровски не спречил штетен договор!

на 3. 03. 2015 | | sq
  Ова е прилог кој Македонската телевизија го објавува во првата информативна емисија во 17 часот, веднаш по перформансот на платформата за граѓанска политика „Ајде“, со кој ѝ порача на МТВ дека треба да биде сервис на граѓаните, а не владин мегафон. Прилогот почнува коректно и е така сѐ до средината, кога со спин се извртува целата причина за перформансот. Со тоа се спинува настанот подалеку од причината за протестот, која е едноставна – да му се порача на јавнот сервис дека тој е на сите граѓани. (Напомена: Во име на целосна транспарентност, Ве известуваме дека во прилот кој овде е рецензиран, се спомнува и колегата Зоран Бојаровски, инаку соработник во „Сервис за проверка на факти во медиумите“)

Рецензии: За ЗНМ не е проблем што се прислушкувале новинари, ако е за потребите на СДСМ

на 3. 03. 2015 | | sq
Потребата од заштитата на екслузивноста на нечија политика кај нас е толкава што може да се случи некоја вест место за настанот или за мотивот за известување, веднаш да почне да коментира и да не дознаете ама баш ништо за она што е предмет на текстот. Таков е и овој пример. Линкуван наслов на анализираниот напис: За ЗНМ не е проблем што се прислушкувале новинари, ако е за потребите на СДСМ Датум и време на објавување: 26.02.2015, 14:20 Датум на рецензирање: 01.93.2015 Рецензент: Љубомир Костовски „Кога е за потребите на СДСМ, за новинарското здружение на СОРОС и опозицијата нема проблем да се прислушуваат новинари. Претседателот на ЗНМ во оваа скандалозна изјава вели дека доколку новинарите не направиле криминал, нема потреба

Рецензија: Заев ја објави четвртата „бомба“

на 3. 03. 2015 | |
  Материјалот што е пред нас нема цел објективно да ја информира јавноста за четвртата „бомба“ што ја обелодени претседателот на СДСМ, според кого, УБК прсислушувала повеќе од сто новинари. Во овој прилог воопшто не се пренесуваат главните поенти од прес-конференцијата на СДСМ, на која беа презентирани  аудиоснимки, кои, според лидерот на опозицијата, „ја разобличуваат спрегата премиер – УБК – медиуми и сведочат како биле уредувани вестите во дел од мдеиумите“. Линк до оригиналниот напис: Заев ја објави четвртата „бомба“ Датум и време на објавување: 25.02.2015, 18:14 Датум на рецензирање: 27.02.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ОСАКАТЕН ИЗВЕШТАЈ

Прилогот само бегло соопштува дека се „прислушувани над сто новинари “, пуштено е едно тонско парче од Заев, и толку. „Ова е силен удар

Рецензија: Дојдов од провинција, еве како Скопје ми го уништи животот!

на 3. 03. 2015 | |
  Бесрамен плагијат. Кражба на авторски текст без срам и перде. Читањето на овој и на оригиналниот напис е своевиден резил-сокак на домашното „новинарство“. „Ме уби туѓ срам“!!! Линк до оригиналниот напис: Дојдов од провинција, еве како Скопје ми го уништи животот! Датум и време на објавување: 25.02.2015, 13:52 Датум на рецензирање: 27.02.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПРОФЕСИОНАЛЕН ЗЛОСТОР ОД НАЈСТРАШЕН ВИД

За целосно разобличување на овој новинарски криминал, најдобро е да се споредат двете четива: Оригинал: „Veliki gradovi kao da imaju ličnost – neverovatno utiču na čoveka, baš kao i čovek na čoveka. Umeju da nam promene ličnost, ukus, stav, shvatanje, da nas namame i pomame, kazne i nagrade. Beograd vas iscedi, umori, iskoristi, pa ako ste previše meki

ТВ-новинари се исплашија од камера?

на 3. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ ги снима новинарите]

  Нејасна информација која не одговара на прашањето зошто е ова е важно? Уште повеќе изненадува фактот што ТВ-камера насочена кон лица кои се вработени во телевизија предивикува вознемиреност.  Наслов на анализираниот напис: СДСМ ги снима новинарите Датум и време на објавување: 15.2.2015 Датум на рецензирање: 19.2.2015 Рецензент: Александар Пешев Па што? Ова е клучно прашање кое треба да се постави пред која било објава, бидејки основна функција на новинарството е да понуди информации што се од јавен интерес, поточно вести кои би биле корисни за аудиториумот. Во случајов, имаме новинари кои се жалат дека биле снимани. Зошто е тоа релевантно за публиката, не се знае.  

БОРБА ЗА ОБЈАВУВАЊЕ

Снимањето прес-конференции од организаторите