Рецензија: Поранешниот известувач игнорира прашања на „Дневник“ за „Пуч“
Објавено во Рецензии
on 6 - 03 - 2015 Автор: Љубомир КостовскиФактот што еден од највлијателните европарламентарци, Ричард Ховит, се „осмелил“ да ја предупреди власта во Македонија да не помислува да го апси лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во некои кругови очигледно е земено за голем грев. Затоа, авторката на написот што е предмет на оваа рецензија, се обидувала од петни жили, како што таа вели, да стапи во контакт со овој британски политичар, чија адреса е, главно, бриселска. Обидот не бил успешен и покрај наводната упорност, што одново се товари на сметка на некомуникативноста на Ховит, чиј асистент, сепак, ѝ се јавил и, наводно, ѝ ветил одговор. Сè останало на тоа ветување.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Поранешниот известувач игнорира прашања на „Дневник“ за „Пуч“
Датум и време на објавување: 02.03.2015, 10:16
Датум на рецензирање: 03.03.2015
Рецензент: Љубомир Костовски
„Од тогаш односно од средата до денес (до неделата – н.з.) Ховит ги игнорира новите случувања во врска со аферата „Пуч“, првата судска пресуда и признанието на првиот прогласен за виновен, Звонко Костовски. ’Дневник’ секојдневно се обидува да добие коментар од некогашниот известувач за Македонија, во врска со новонастаната ситуација, но безуспешно.“
Најнапред треба да се каже дека успехот на новинарите, па и на највлијателните, оние со светско педигре, се темели на моќта да ги добијат посакуваните одговори од личностите, кои тие би ги дале во посакуван квалитет и формат, и дека ако се каже дека тие обиди се обично во сооднос 1:10 (на еден успешен повик, се добиваат десет неуспешни), не би претерале. Успехот во ваквите потфати (особено ако се работи за географска оддалеченост) зависи од две работи.
Првата е името на новинарот кој бара одговор од важната личност (тука и од несомнен европски формат). По што мисли авторката дека може да дострели до врвот на бриселскиот парламент? Што е тоа во нејзината биографија така значајно што Ховит треба да се „залепи“ за повикот? Или, можеби, се заборава дека група наши новинари влетаа пред неколку години на една конференција во Брисел, онака групно, топтан, и направија скандал во седиштето на Унијата!
Мисли ли некој дека тие работи не се запишани и дека за тоа нема кој да ги потсети повиканите политичари, кога треба да имаат работа со новинарски пера од овој дел на Балканот?
Втората работа, секако, е предметот заради кој Ховиот е повикан од редакцијата да даде коментар. Тоа да ти бил случајот со договорот меѓу еден службеник на МВР, кого го бранеа адвокатите на моќници на УДБА, да стане заштитен сведок, а да добие „само“ три години со ветено помилување, можеби, кога ќе му мине половината од казната. Од каде мисли новинарката дека тој случај или повод ќе му звучи познато на Ховит и ќе ги има сите елементи да одговори како што треба и доликува. И каква врска има тоа со политичката тежина на барањето од Ховит до македонската влада дадено директно на министерката Јанкулоска?
Потоа, како може да се очекува пресудата да ја имаат европарламентарци, да ја преведат и да ја толкуваат. Впрочем, кој би се залетал на коментирање пресуда за која навистина треба многу страници за правна расправа за нејзината валидност во услови кога истрагата за првобвинетите воопшто не е почната, а првообвинетиот се распашува за тоа дали имал легално пиштол дома или не? За ова може да се види поопширно овде, а што упатува на политичката невалидност на истата, која ја потвдува и поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски, кој, вели дека е нарушен принципот на контрадикторност во кривичната постапка, односно оцената на доказите и од двете страни.
И хипотетички, и да замислиме дека Ховит ја дознал, односно имал пресудата за Костовски, ќе требаше ли по телефон да води правни дуели или надмудрувања со нашата јавност!? Инаку, Ховит беше предмет на критики во истиот весник и следниот ден, по друга основа, што може да укаже на интенцијата на редакцијата да се обиде да го дискредитира во македонската средина.
Овој напис, инаку, изобилува и со други небулози, од насловот, сè до стилот и читливоста, ама тоа да им го оставиме на „дегустаторите“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
авторката и нема извори и затоа се жали
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови