Рецензии

Рецензија: Граѓаните го препознаа мрачното сценарио на Зоран Заев

на 23. 03. 2015 | |
  Текстот што го рецензираме, и покрај најдобрата волја и толеранција, тешко би можел да се именува како објективен, одговорен, вистинит и критички. Може да се протолкува единствено како спин да се измамат граѓаните, а медиумот што повеќе да ѝ се умилкува на власта. Со ширум затворени очи, дава пресек на состојбата во опозициската партија и на политичката сцена во државата. Притоа, го перцепира само она што може да го види во медиумскиот мрак, па без и еден аргумент констатира дека по активирање на серија „бомби“ во СДСМ владее вистинска катаклизма, партијата ја загубила и онака слабата доверба кај граѓаните, а и домашната и меѓународната јавност апсолутно не се заинтересирани за она што го прави опозицијата со „бомбата“. Дали е

Рецензија: Заев „испука“ уште една, 12-та „бомба“ за избор на судии

на 23. 03. 2015 | | sq
  Површен текст во кој, претпоставувам намерно, се претрчува преку суштината на настанот што се обработува. Исклучително важна тема, покриена е „наврат-нанос“, со запазување само на формата, а не и на содржината. Отсуство на мноштво неопходни новинарски елемнти, несоодветни компарации и, конечно, пласирани невистини. Линк до оригиналниот напис: Заев „испука“ уште една, 12-та „бомба“ за избор на судии Датум и време на објавување: 19.03.2015, 20:59 Датум на рецензирање: 21.03.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

СЕЛЕКТИВНОСТ, ПОВРШНОСТ, НЕВИСТИНИТОСТ, ОПТОВАРЕНОСТ СО ПРИСТРАСНОСТ 

Впечатокот по читањето на овој кус напис е дека е објавен само за да се брои дека конкретната телевизија ги пренесува прес-конференциите на опозицијата на кои се објавуваат материјали за аферата „Прислушување“. Оттука и претходно споменатиот заклучок за форма пред содржина.

Рецензија: Народот го поддржа Груевски, расте нервозата во СДСМ

на 23. 03. 2015 | |
  Максимално едностран напис, кој не се ни труди да ја прикрие својата наклонетост кон власта. Четиво кое изобилува со „ударнички“ пароли и со пораки за т.н. „народна поддршка“ за премиерот. Со мали модификации и промени на имињата, материјалот објавен во 2015 година, лесно би можел да помине како текст пласиран во, на пример, 1947 година, во некое од гласилата на „Партијата“. Линк до оригиналниот напис: Народот го поддржа Груевски, расте нервозата во СДСМ Датум и време на објавување: 17.03.2015, 16:05 Датум на рецензирање: 20.03.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПАРТИСКО ВЕЛИЧЕЊЕ СО МЕДИУМСКО РЕЦИКЛИРАЊЕ

Не знам колку би било умно да навлегуваме во новинарско расчленување на текстот зашто идејата зад неговото создавање, судејќи од финалниот продукт, воопшто и не е

Рецензија: „Дивата алтернатива“ се обиде да го прошверцува Стојанче Ангелов на Радио 103-ка!

на 23. 03. 2015 | | sq
„Дон Кихотот“ на македонската политика, полицискиот генерал Стојанче Ангелов, постојано е деновиве присутен со своите обиди да анимира интерес кај граѓаните за работата на Владата, Обвинителството, МРТВ… Поканата да гостува во една емисија во живо на „Канал 103“ предизвика скандал поради „проширувањето на ингеренциите“ на обезбедувањето на зградата, чиј претставник направи упад во програмата, што беше снимено без екипата таму тоа и да го посакува. Овој прилог покажува дека еден прилично голем текст не треба да ја содржи другата страна во целиот тој случај, а згора пласира тези кои се многу сериозни без да има каков било извор. Линкуван наслов на анализираниот напис: „Дивата алтернатива“ се обиде да го прошверцува Стојанче Ангелов на Радио 103-ка! Датум и време на објавување:

Рецензија: Што има Заев за Лазаревиќ, Димитров и Димшоски за тие да се однесуваат вака?

на 19. 03. 2015 | | sq
  Што има овој текст од принципите на професионалното новинарство и од Кодексот на новинарите? Ништо! Зошто? Еве зошто! Но, прво да кажеме дека оваа медиумска валканица има цел да нападне личности, а не аргменти, да извалка карактери, а не да анализира ставови. Линк до оригиналниот напис: Што има Заев за Лазаревиќ, Димитров и Димшоски за тие да се однесуваат вака? Датум и време на објавување: 09.03.2015, 09:41 Датум на рецензирање: 18.03.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски Ајде да тргнеме од вистинитоста во рецензијата на овој текст. Дали има вистина во една вака конструирана реченица: „Јавноста е згрозена од однесувањето на Никола Димитров, Владимир Лазаревик и Перо Димшоски и нивните испади, но прашањето е какви компромитирачки материјали има шпионскиот уценувач и прислушувач

Рецензија: Заев ќе ја брка Шекеринска од СДСМ!?

на 19. 03. 2015 | |
  Ова е класичен политички пристрасен и манипулативен текст, кој не содржи никакви извори, факти или докази и кој лесно може да се оцени како чиста измислица. На тоа, всушност, наведува и самиот наслов, односно фактот што и самиот автор на текстот се прашува дали тоа што го пишува е навистина така. Линкуван наслов на анализираниот напис: Заев ќе ја брка Шекеринска од СДСМ!? Датум и време на објавување: 12.03.2015 Датум на рецензирање: 18.03.2015 Рецензент: Ана Анастасовска На почетокот од текстот, авторот тврди дека лидерот на СДСМ поседува некакви си докази за соработка на Шекеринска со ВМРО-ДПМНЕ. Потврда за таквите докази нема, ниту од Заев, ниту, пак, од владеjачката партија или од некоја друга страна. Целта очигледно е да се

Рецензија: Граѓаните му порачаа на Заев дека стојат зад реформите на власта

на 19. 03. 2015 | | sq
  Ова е еден од серијата агитпроповски текстови (објавени на истиот медиум) посветени на настапот на премиерот на партискиот собир во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ (15 март 2015 година). Прилогот, без  никаква критичка дистанца, го величи лидерот на владејачката партија, при што наликува како материјал од некое партиско гласило. Линк до оригиналниот напис: Граѓаните му порачаа на Заев дека стојат зад реформите на власта Датум и време на објавување: 16.03.2015 Датум на рецензирање:  17.03.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРЕЏВАКУВАЊЕ

Материјалот е објавен еден ден по партиската трибина и во него, всушност,  само се „преџвакани“ некои поенти од говорот на премиерот. Впрочем, за настанот во салата „Борис Трајковски“ на 15 март, медиумот веќе опширно известуваше (во повеќе прилози), па во написот

Рецензија: Нови контрадикторни изјави на Заев околу случајот со поткупот од 200 000 евра

на 19. 03. 2015 | |
  Овој текст е невистинит и уште еден од низата пропагандни содржини кои имат цел да го деградираат претседателот на СДСМ. Притоа, една невистина е земена како мотив и појдовен момент за масакрирање на политичар. За сите тези кои текстот наводно ги обработува, Заев има давано и изјави, но ниту една не е пренесена во текстот. Така излегува дека ова е напис со кој те тепаат, ама не ти даваат да се браниш. Тоа е надвор од новинарските правила и стандарди. Линкуван наслов на анализираниот напис: Нови контрадикторни изјави на Заев околу случајот со поткупот од 200 000 евра Датум и време на објавување: 16.03.2015, 18:52 Датум на рецензирање: 17.03.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕВИСТИНИТИ ПАСУСИ

Во текстот се тврди:

Рецензија: Заев призна дека не прислушувал Груевски

на 18. 03. 2015 | |
  Малку текст, а многу проблеми. Во нецели 20 редови имаме целосно извртување тези, остри квалификации, обвинувања без аргументи, коментар. Да бидеме искрени, во овој напис имаме сè освен вест. Линк до оригиналниот напис: Заев призна дека не прислушувал Груевски Датум и време на објавување: 15.03.2015, 13:00 Датум на рецензирање: 17.03.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ИМА ПОГАЗУВАЊЕ, АМА НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ

Изјавата на британскиот медиумски магнат од крајот на 19 век, лорд Нортклиф, дека „Веста е нешто што некој сака да го потисне. Сето друго е само реклама“, навистина важи за овој конкретен напис. Чувството е дека некој многу се потрудил да ја потисне реалната информација и на сметка на тоа да ни пласира материјал, реклама, за властодршците во земјава.

Рецензија: Во автобуси – со закани и уцени на трибина на Груевски – присуството задолжително!

на 18. 03. 2015 | | sq
  Една техничка информација, поврзана со организирањето партиската трибина на ВМРO-ДПМНЕ, потклекнала на искушението да биде нешто повеќе, но тоа повеќе не е во согласност со професионалните новинарски стандарди и, од тој аспект, авторот и медиумот си направиле проблем. Во ерата на една целосна медиумска понуда, која, покрај традиционалните медиуми, е максимализирана со информациите што им стојат на располагање на корисниците на медиумските интернет-платформи во сите форми, изборот е навистина исклучително богат. Но, тоа не значи дека тој избор нема правила. Во лекцијата „Фејсбук не е простор за новинарско самопослужување“, колегата Саше Димовски, многу јасно става до знаење: „Медиумите можат да објават лични податоци или приватни фотографии на јавни личности само доколку докажат дека јавниот интерес преовладувал над приватниот. Секое