Рецензии

Текст во транс отвори војна со новинарските стандарди

на 6. 04. 2015 | | en
 

[Рецензија: Чарлс Гарет отвори војна со половина милион гласачи на ВМРО-ДПМНЕ]

  Деновиве бевме сведоци како во еден текст објавен во дневниот печат, два, можеби клучни, во секој случај непознати факти за просечниот читател за разбирање на кризата кај нас, по објавување на „бомбите на Заев“, се заплеткуваат во дидактичкиот стил на авторите, кои, место да ги осветлат новините – како класичен новинарски рефлекс – се обидуваат со тие

Бистрење политика преку тривијален текст

на 6. 04. 2015 | | sq
  [Рецензија: ФОТО: Шилегов бистри политика од Грција]   Тривијален текст, замајување на јавноста со споредни работи, воопшто небитни во процесот на барање решение на политичката криза, освен можеби за партиските кујни, чии готвачи како да се вмешале во „затестувањето“ на ова медиумско препечено „лепче“, од кое публиката побргу ќе си ги скрши забите, отколку што реално ќе се информира. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Шилегов бистри политика од Грција

Срамота: Анонимен текст поставува психијатриски дијагнози

на 5. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Ангелов: Со УЧК и командант Валтери ќе одам против власта]

  Ова е текст кој покажува како една изјава може да се злоупотреби, да се извади од контекст и потоа да ѝ се измени нејзиниот првичен изглед и намена, а притоа спинот да стане и наслов. Во овој напис има класична злоупотреба и девалвација на личноста. Со спинот се сака да се деградира генералот Стојанче Ангелов, па дури

Овој материјал немал намера објективно да информира

на 5. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Итно враќање на опозицијата во Собрание и прекинување со објавување на телефонските разговори]

  Во текстот што го рецензираме е подметната една дезинформација, дека европратениците, наводно, побарале „итно враќање на опозицијата во Собрание и прекинување со објавување на телефонските разговори“, а истата поента е извелечена и во спинерскиот  наслов. На ваков начин  јавноста погрешно се информира за ставот на Брисел за првата средба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ,

Рецензија: ФОТО Се женат со муслиманки на еден час за да имаат „безгрешен секс“ со нив

на 1. 04. 2015 | |
  Она што е спорно во овој текст е насловот, кој е тенденциозен и етикетирачки. Што се однесува до самиот текст, пак, тој е напишан според новинарските стандарди, односно во него има линкувани извори и веста го задоволува минималното ниво на сеопфатност. Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО Се женат со муслиманки на еден час за да имаат „безгрешен секс“ со нив Датум и време на објавување: 25.03.2015  Датум на рецензирање: 30.03.2015  Рецензент: Ана Анастасовска „25-годишната Арапка Фируза, која работи како проститутка во Велика Британија, станала позната, бидејќи на своите клиенти им нуди „безгрешен секс“,  со цел да ги заобиколат ригорозните шеријатски закони.“ Написот ја пренесува веста за една проститутка, муслиманка, од Велика Британија, која пред да има секс со

Исклучително опасно четиво, објавено во клучен момент од актуелната политичка криза

на 1. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Заев, радикални исламисти од Беса и Стојанче Ангелов со сценарио за граѓанска војна во Македонија]

  Имаме работа со исклучително опасно четиво. Текст што се појавува во клучен момент од актуелната политичка криза во земјата и во кој се зборува за меѓуетнички тензии и за насилство е сè само не случајност. Црни сценарија, смислени од нечија црна фантазија, вообличени низ медиумско гласило и пласирани како легитимен напис, информација. Класичен пример за подбуцнувачко новинарство.  Линк до оригиналниот напис: Заев, радикални исламисти од Беса и Стојанче Ангелов со сценарио за граѓанска војна во Македонија Датум и време на објавување: 26.03.2015 Датум на рецензирање: 29.03.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПРОИЗВОД НАВЕДУВАН ОД ЛАБОРАТОРИЈА СО ОПАСНИ МИСЛИ

 Конкретниот материјал многу ме потсетува

Рецензија: Таен документ од Виена открива дека Австроунгарија ги создала Албанците како нација

на 29. 03. 2015 | | sq
  Како и во слични текстови, не е презентирана вистина поткрепена со факти и со докази, туку површно толкување на еден дел од поновата историја на регионот. Текстот е пласиран како авторски, без потпис, а, всушност, се работи за превод на идентичен текст од српските медиуми „Курир“ („Аустроугарска створила Албанце“) и „Веб трибуне“, („Ово се крије од Срба…“), без притоа да се нагласи изворот или да се даде линк кон оригиналната верзија, со што се прекршени стандардите на професијата и се изманипулирани читателите. Целиот проект е направен непромислено зашто пренесување на еден таков текст може сериозно да ги наруши меѓуетничките односи во државата. Линк до оригиналниот напис: Таен документ од Виена открива дека Австроунгарија ги создала Албанците како нација Датум

Важен и комплексен историски процес со пропагандистички пристап

на 29. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Еве како НАТО ја бомбардираше Србија и убиваше деца! (ФОТО + ВИДЕО)]

  Датумите зад кои стои одреден настан од особено значење во историјата, се добар повод за новинарска реминисценција. Временската дистанца овозможува студен, рационален пристап, без премногу емоции, иако не мора да бидат сосема исклучени, а професионалната дистанца и непристрасност на авторот му дава комодитет да напише сеопфатен новинарски текст. Ако успее да открие уште некоја нова нијанса во тоа, дотолку подобро. Линк до оригиналниот напис: Еве како НАТО ја бомбардираше Србија и убиваше деца! (ФОТО + ВИДЕО) Датум и време на објавување: 24.03.2015, 14:16 Датум на рецензирање: 26.03.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски За жал, во однос на текстот што го рецензираме, напишан по повод денот кога пред

Странски служби на сите страни – најмногу таму кај што ги нема

на 29. 03. 2015 | |
 

[Рецензија: Заев јавно ја прифаќа можноста дека странска служба прислушувала]

  Крајно неточен материјал во кој селективноста ја игра главната ролја во, филмски кажано, дело чиј режисер треба да се бара надвор од една новинарска редакција. Недозволиво политичко спинување и извлекување изјави од контекст, а сето тоа спакувано во наводно легитимно медиумско четиво. Ама не секогаш и секаде важи изјавата на главниот пропагандист од темните 1930-ти дека „илјада пати повторена лага станува вистина“. Линк до оригиналниот напис: Заев јавно ја прифаќа можноста дека странска служба прислушувала Датум и време на објавување: 24.03.2015, 13:13 Датум на рецензирање: 26.03.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ТЕКСТ КРОЕН НАДВОР ОД НОВИНАРСКА РЕДАКЦИЈА, ПО КООРДИНИРАНА ШНИТ-МУСТРА

Само површен поглед на насловот и на првиот пасус

Цела Македонија да гласа за ГТЦ? Како што цела Македонија гласаше за „Скопје 2014“?

на 29. 03. 2015 | |
 

[Рецензија: Цела Македонија плаќала за ГТЦ, само Центар ќе одлучува]

  Во написот што е предмет на рецензија, испоровоциран од идејата на градоначалникот на Центар за спроведување референдум околу изгледот на ГТЦ, не се гледа кој е изворот на информациите за тоа како се собирале средства за ГТЦ и кои се тие субјекти што го изградиле. Постои ли некаков напис од тоа време, документи или слично? Или некој кажал нешто. Ама кој? Можеби е тоа запишано на некоја плоча, која е составен дел од објектот? Вториот проблем со овој текст е што постои јасен обид уште во насловот во име на „сопствениците“ (кои поголем дел веќе не постојат, се „фалименто“, ако се тие) да се продолжи со промената на