Рецензија: ФОТО Се женат со муслиманки на еден час за да имаат „безгрешен секс“ со нив
Објавено во Рецензии
on 1 - 04 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
Она што е спорно во овој текст е насловот, кој е тенденциозен и етикетирачки. Што се однесува до самиот текст, пак, тој е напишан според новинарските стандарди, односно во него има линкувани извори и веста го задоволува минималното ниво на сеопфатност.
Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО Се женат со муслиманки на еден час за да имаат „безгрешен секс“ со нив
Датум и време на објавување: 25.03.2015
Датум на рецензирање: 30.03.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
„25-годишната Арапка Фируза, која работи како проститутка во Велика Британија, станала позната, бидејќи на своите клиенти им нуди „безгрешен секс“, со цел да ги заобиколат ригорозните шеријатски закони.“
Написот ја пренесува веста за една проститутка, муслиманка, од Велика Британија, која пред да има секс со своите клиенти, стапува накратко во брак со нив и на тој начин им нуди „секс без грев“. Насловот на текстот, пак, оддава впечаток дека повеќето муслиманки го практикуваат ова. На тој начин се етикетираат женските припаднички на муслиманската вероисповед, што е непрофесионално.
Вака формулиран, насловот создава погрешна перцепција кај пошироката јавност дека секој еден што би посакал да стапи во интимни односи со некоја муслиманка, може лесно да го направи тоа така што ќе стапи во брак со неа на еден час. Тоа е спротивно на новинарските стандарди.
За да биде попрофесионален насловот, тој би требало, на пример, да вели: „Муслиманка се мажи со своите клиенти на еден час за да има безгрешен секс со нив“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
креативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови