Рецензии

Поткревање меѓуетнички тензии, потпалување омраза и опасно играње со сериозни обвиненија

на 15. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Откако го одбија граѓаните, Заев поттикнува верски џихад на улица]

  Написов веќе на прв поглед, се чини, содржи сѐ, буквално сѐ: ковање заговори, џихад и исламски екстремисти, бомби, протести, државни тајни и антидржавни елементи, па и елементи на говор на омраза насочени кон конкретна личност и политички субјект. Има бомбастичен (добро, и малку нелогичен) наслов, кој го задржува вниманието, збунувачки наднаслов и провокативна монтажа како илустрација која би требало да биде духовита, со еден збор, гарантирана му е читаноста, што впрочем го покажува и бројката од 5.256 читања на веб-страницата на медиумот. Но, овие елементи не се доволни овој текст да биде сфатен сериозно, како што очигледно била интенцијата. Колку и да е богат со „возбудливи“ факти,

Што е чудно на фотографијата на Борис Трајковски и на Владимир Путин? Ништо!

на 15. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ФОТО: Што е чудно на фотографијата на Борис Трајковски и Владимир Путин?]

  Кога ќе се прочита ваков текст, во првиот момент останувате занемени затоа што не знаете како да реагирате. Дека е глупост, се гледа од авион, башка што нема посоодветен збор за ваков текст. Ако тргнеме, пак, да го рецензираме според методологијата на „Сервис за проверка на факти“, повторно ќе се фатиме во стапица. Овој текст е надвор од сите стандарди и не може да се рецензира според зададената методологија. Од ова може да се заклучи само дека ова, кое не може да се нарече текст, не смеело да се објави во медиум. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Што е чудно на фотографијата на Борис Трајковски

Продолжува фабрикацијата на измислени вести кај случаjот „Пуч“

на 15. 04. 2015 | | sq
 

Рецензија: Адвокатот на Случај „Пуч“: Верушевски не го негира, туку го призна делото

  Една од вестите што покажуваат колку страшна може да биде фабрикацијата на невистината во земјава се однесува на наводното признавање на Зоран Верушевски на делото за кое е осомничен, во рамките на аферата „Пуч“. Оваа вест, доколку би била точна, секако би ја помрднала оваа афера од мртвата точка, бидејќи се покажа дека по најавувањето на овoј случај од страна на премиерот (31 јануари годинава), предметот што го достави МВР до истражните органи стои во место. Од неодамна се зголеми времето што осомничените шестмина го минуваат во канацелариите на истражните органи, ама, сеедно, дали постоеше основ да се тврди дека првообвинетиот Верушевски го признал делото?

За фурнаџиските аргументи во новинарството

на 11. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Зоран Заев е “фурнаџиска лопата”!]

  Познати се искуствата во новинарството, особено во она политичкото, кога медиумските содржини се употребуваат за да извалкаат некои политичари. Во таквите текстови тоа се прави според принципот ad hominem, а на според ad argumentum. Односно, не се битни аргументите на некој што застапува одредени полититки или политички ставови и затоа медиумскиот фокус треба да биде насочен кон обезвреднување на неговата личност. Ајде да видиме дали медиумската содржина што е предмет на рецензија тука, има допирни точки со ваквото новинарство. Текстот што го рецензираме тргнал од тоа да се формира од мислења. Избрани се двајца „паранормалци“, односно личности што имаат одредени паранормални способности, ама и одредени политички склоности, бидејќи мислењата што

За Велигден нема абортуси, ама затоа има отворена сезона за лов на наивни читатели

на 11. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: За Велигден гинеколозите нема да вршат абортуси]

  Сензационализам на „кило“. Накусо тоа би било сижето за овој текст, кој себеси најмногу се продава со насловот. Искористена е реална ситуација, апсолутно не домашна, на која со несоодветната насловна конструкција, од аспект на локација, ѝ е дадена сосема поинаква конотација. Примарната заблуда, иако не единствена, е дека настанот е во Романија, а не можеби во Македонија, како што на прв поглед би се помислило. Линк до оригиналниот напис: За Велигден гинеколозите нема да вршат абортуси Датум и време на објавување: 07.04.2015, 23:40 Датум на рецензирање: 09.04.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

СПИН-НАСЛОВ И ДОМАШНА ФОТОГРАФИЈА ЗА ВСУШНОСТ РОМАНСКА СИТУАЦИЈА

 Овој медиумски пакет во целост има еден единствен проблем, а тоа

Лажно информирање за лажно пријавување

на 11. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Заев против граѓаните – ги потцени и навреди!]

  Ова е текст кој, да не е насловот, би бил коректен. Се работи за прераскажан и за парафразиран текст преземен од „А1 он“ (без линк, само е наведен изворот) во кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека има можност да ги тужи граѓаните кои потпишуват петиција со која бараат државата да го прогласи за велепредавник. Проблемот кој сака да го истакне текстот, а што е, всушност, спин, е тоа што се тврди дека наводно Заев им се заканил на граѓаните. Со тоа написот сака да го омаловажи претседателот на СДСМ, што е и единствената цел на ова четиво. Линк до оригиналниот напис: Заев против граѓаните- ги потцени и

Пристрасен, наменски скроен материјал во функција на политичка пресметка

на 11. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Аналитичари: СДСМ продолжува со намерите за дестабилизација]

  Станува збор за материјал во кој намерно се изместува тежиштето на проблемот, вистината се извитоперува, а приказната се моделира според проекциите на владејачката партија. Па, во една таква искривена перцепција, опозицијата, која веќе два месеца објавува аудиоснимки, кои, пак, наводно сведочат за „криминалот и коруптивното однесување на врвот на владејачката партија, како и за непринципиелни договарања со владиниот коалициски партнер – ДУИ“,  се обвинува  дека креира сценарио за дестабилизација на државата. Линк до оригиналниот напис: Аналитичари: СДСМ продолжува со намерите за дестабилизација Датум и време на објавување: 06.04.2015, 17:54 Датум на рецензирање: 08.04.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

Директен повод за овој прилог е 18. „бомба“ (6 април 2015 година), во

Цела судска „манџа“ зготвена во еден текст – недостига само пресудата

на 11. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: До крајот на мај можна пресуда за Заев и за Верушевски?]

  Повикувајќи се на неофицијални извори на истрагата, написот, кој е предмет на оваа рецензија, на јавноста ѝ соопштува по кој редослед ќе тече постапката против лидерот на опозицијата Заев и осомничениот поранешен висок полициски службеник Врушевски. Се работи за аферата „Пуч“, односно за две тешки кривични дела: против Заев (насилство врз највисоките претставници на државата власт, со уцената врз премиерот Никола Груевски и за оддавање државна тајна со објавувањето снимки од безбедносни структури за набавка за опрема на МВР). Текстот објавува кога ќе има обвинение до надлежниот суд и кога ќе почне и кога ќе заврши судењето, сето тоа вметнато во доста ексклузивни рокови, барем на

Информирањето потклекнато пред трката по „предавници“

на 11. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Граѓаните масовно се потпишуваат на иницијативата Заев да биде прогласен за велепредавник (видео)]

  За што известува и раскажува оваа „новинарска“ сторија? За да не погрешиме, еве ја „главата“ на оваа вест: „Вечерва во Автокоманда се отвора граѓанска иницијатива за поведување на постапка за одговорност за велепредавство на Зоран Заев. Граѓаните во редици чекаат да го стават својот потпис на оваа иницијатива.“ Оваа реченица јасно опишува од кој настан е оваа информација и за што станува збор. Она што го отвора како дилема оваа информација е, ако на организаторот на овоj настан не му е јасно во што ги вовлекува граѓаните, дали медиумите немаат обврска да го разјаснат контекстот во кој е ставена оваа иницијатива и дали граѓаните

Убедување на јавноста во однапред смислена приказна е пропаганда, не новинарство

на 11. 04. 2015 | |

[Рецензија: „Вечер“: 24.12.2012- СДСМ во фајтинг, Заев во шопинг во Грција]

  Ова е еден крајно спинерски и манипулативен текст, кој од почеток до крај креира сценарио дека лидерот на опозицијата, Зоран Заев, е „предавник“, а притоа користи непроверени информации. Написот е полн со коментаторски елементи и има цел – дискредитација на Заев и „перење“ на премиерот Никола Груевски. Линкуван наслов на анализираниот напис: „Вечер“: 24.12.2012- СДСМ во фајтинг, Заев во шопинг во Грција Датум и време на објавување: 06.04.2015 Датум на рецензирање: 08.04.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Заев се пазарел за вилата во Грција додека неговите сопартијци иницираа инциденти во македонското Собрание. Додека СДСМ глумеа жртви на полициско насиство на 24 декември 2012 година, Зоран Заев на големо го привршувал