Рецензии

Сѐ е дозволено додека има цел

на 12. 05. 2015 | | sq

[Рецензија: Адвокатот на убиецот на Нешковски, го брани Заев во „Пуч“]

  Што прават адвокатите освен да пружаат правна помош, односно да ги нудат своите стручни знаења кога некој од нив ќе го побара тоа или кога тоа од нив ќе биде услуга по службена должност? Кога некој адвокат го прави тоа, тој врши сосема вообичаена – адвокатска работа. Таквата работа по ништо не е нешто што отскокнува од нивната вообичаена професионална дејност и поради тоа нема зошто да биде од медиумски интерес. Одредени исклучоци можат да се направата кога адвокатите се бранители на познати личности или на контроверзни случаи за кои јавноста покажува особен интерес. Но, дури и тогаш, адвокатот врши работи кои се строго определени од законски регулативи,

Критизерски напис со пресметан политички спин

на 12. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ со денешните протести и сврте грб на полицијата]

  Ова е уште еден од серијата критизерски написи насочен против  СДСМ, кој во конкретниот случај се обвинува дека ѝ свртел грб на  полицијата – поента која е извлечена и во тенденциозниот наслов. Текстот се појавува во исклучително деликатен момент, кога во Куманово има вооружени инциденти, а во јавноста пристигнуваат неофицијални информации за загинати и за повредени полицајци и цивили. И, во една таква чувствителна атмосфера, написот преку пресметан политички спин, ја претставува опозицијата како непријател на македонските полицајци! Линк до оригиналниот напис: СДСМ со денешните протести и сврте грб на полицијата Датум и време на објавување: 09.05.2015, 18:26 Датум на рецензирање: 10.05.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

КЛЕВЕТНИЧКИ ТЕКСТ

Вестите бараат потпирање на повеќе извори

на 11. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Путин: Русија е подготвена да го финансира гасоводот во Грција]

  Веста е дека Русија е подготвена да ѝ помогне на Грција така што кај неа ќе го изгради делот од гасоводот „Турски тек“. Прва ја објави „Република“, а потоа ја презедоа речиси сите други медиуми и таа, секако, има своја актуелност и за нас. По пропаста на проектот „Јужен тек“, за нас проектот за гасификација остана без реален извор на суровина! И, секако, ова би требало да биде една скромна порција „оптимизам“ во ова темно секојдневие. Тука имаме едно „ама“, кое бара истите вести да се одмеруваат од повеќе страни. Резултат: голема грешка во датумирање на крајот на проектот! Линк до оригиналниот напис: Путин: Русија е подготвена

Ова воопшто не може да се нарече новинарски текст. А, што е? Никој не знае

на 11. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Мегафоните на СДСМ и на СОРОС ги подготвуваат граѓаните за насилни протести?!]

  Ова е уште еден спин од серијата последниве денови, на кои не им се знае бројот. И една и едниствена цел има – да ги оцрни медиумите кои критички ја опсервираат власта и, секако, секогаш „виновната“ Фондација „Отворено општество Македонија“ (дел од мрежата Сорос-фондации). Инаку, целиот текст нема ама баш никаква врска со вистината. Линк до оригиналниот напис: Мегафоните на СДСМ и на СОРОС ги подготвуваат граѓаните за насилни протести?! Датум и време на објавување: 07.05.2015, 10:58 Датум на рецензирање: 08.05.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СПИН КОЈ СЕ ГЛЕДА ОД АВИОН

„Организаторите на протестите во Скопје, СДСМ и Сорос, подготвуваат поголемо и покрваво сценарио. Тоа

Ако нема верификација, има пристрасност

на 11. 05. 2015 | | sq

[Рецензија: ШОКАНТНО ВИДЕО: Вандалите на СДСМ напднаа автобус на ЈСП и недолжни патници]

  Кој верификува настани и активности за кои треба да известуваат новинарите? Самите новинари, доколку се на лице место, организатори и учесниците на тие настани и овластените лица кои, соодветно на природата на настанот, се во некаква врска со нив, портпаролите или другите задолжени за комуникација со медиумите и со јавноста во полицијата, болниците, пожарните служби, центрите за менаџирање кризни ситуации… Линк до оригиналниот напис: ШОКАНТНО ВИДЕО: Вандалите на СДСМ напднаа автобус на ЈСП и недолжни патници Датум и време на објавување: 07.05.2015, 00:14 Датум на рецензирање: 08.04.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски Ниту еден од наведените начини за верификација на настани, дејства, луѓе… за кои известуваат новинарите, во

Со свеќа да бараш, не можеш да најдеш „закани со насилни протести“

на 11. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Сценариото се исполнува: Заев се закани со насилни протести, како што на Скајп збореше Верушевски!]

  Ова е еден крајно спинерски и манипулативен текст, кој има цел да ја убеди јавноста дека лидерот на опозицијата, Зоран Заев, подготвува некакво си сценарио за граѓанска војна. Во текстот се забележува речникот и тонот на владејачката политичка партија, а анонимниот автор е ставен во улога на нејзин портпарол, а не на новинар кој на јавноста треба да ѝ презентира факти и докази. Линкуван наслов на анализираниот напис: Сценариото се исполнува: Заев се закани со насилни протести, како што на Скајп збореше Верушевски! Датум и време на објавување: 28.04.2015 Датум на рецензирање: 08.05.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Имено, опозицискиот лидер се закани дека

ПР-материјал како средство за загрозување на слободата на медиумите

на 11. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ ја загрозува слободата на медиумите – новинарите на тапет]

  Како тоа еден обичен, банален производ на стратегија за односи со јавноста стана средство за загрозување на слободата на медиумите? Читателите ќе се обидат да дознаат читајќи го написов, кој е предмет на рецензијава. Но, залудно. Откако ќе го исчитаат и последниот ред, тие ќе останат покуси за „вистината“ која се обидуваат да им ја пласираат – како тоа една опозициска партија ја загрозува слободата на медиумите во една правно регулирана држава, со помош на „тајното оружје“ наречено – прес-клипинг. Прес-клипингот или медиа мониторинг сервисот им обезбедува на клиентите копии од медиумски содржини од конкретен интерес за нив, вклучително и коментари, уреднички анализи и слични материјали (извор:

Читателот треба да верува на „жими мајка“

на 11. 05. 2015 | |

[Рецензија: Убиецот на Мартин Нешковски e осуден на 14 години затвор. СДСМ го убива по втор пат!]

  Примитивизмот во новинарството секогаш има почетни траги во жанровското талкање на медиумите. Појавата на категоријата вест-коментар секако е еден од тие феномени и речиси е наша особеност. Последната (29.) „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во медиумот на кој се однесува текстот што го рецензираме, не сака да објави речиси ништо за содржината на таа прес-конференција. Но, затоа уште во наднасловот имаме серија недолични „крстења“ – примитивизам, некрофилија и други дијагнози за отворањето на случајот за покојниот Мартин Нешковски! Потоа следува насловот (СДСМ убива по втор пат), кој е комплетно нејасен и граматички и како најава на содржината. И, конечно, имаме

Прашања од историјата во актуелна политичка криза и тоа за туѓ уредник

на 8. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Монодрамата на Црвенковски и ќутењето на Лупевска]

  Текстов има намера да биде уредник на медиумот за кој се пишува. Си зел за право да посочи 10 прашања кои новинарката Снежана Лупевска требало да му ги постави на гостинот Бранко Црвенковски. И како во вицот како мали Ѓокица замислува, така и прашањата како да се диктирани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Линк до оригиналниот напис: Монодрамата на Црвенковски и ќутењето на Лупевска Датум и време на објавување: 04. 05. 2015, 22:27 Датум на рецензирање: 06.05.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕРЕАЛНИ ПРАШАЊА

Веднаш за текстот се поставува прашањето зошто Лупевска да мора да ги постави тие прашања. Секој медиум си има уредувачка политика и постапува по неа. Какви, пак, прашања

Без амбиција да се пренесе точна, непристрасна информација

на 8. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ и СОРОС ја нападнаа полицијата со шипки и камења – таа ги растера!]

  Материјалот што е пред нас е необјективен, тенденциозен и уште со насловот ја дезинформира јавноста дека „СДСМ и СОРОС ја нападнале полицијата со шипки и камења“. И за ваквите тврдења, според веќе востановената практика, не се нудат никакви аргументи. Туку, веста е скроена во познатиот клеветнички манир дека зад секој проблем во државата стојат опозицијата и Фондацијата „Отворено општество Македонија“ (Сорос). Па, излегува дека тие се креатори на незадоволството и подбуцнувачи на тензиите во земјата, а инаку, сѐ е во најдобар ред! Линк до оригиналниот напис: СДСМ и СОРОС ја нападнаа полицијата со шипки и камења – таа ги растера! Датум и