Рецензии

Небото се смени? Да, поцрвене кога го виде овој текст!

на 5. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: „Луѓе, небото се смени! Нешто опасно се случува со нашата планета!“]

  Вакви вести сè почесто се појавуваат во македонските медиуми. Таму, пак, ниту им е место, ниту заслужуваат да бидат. Сепак, ете, реалноста е таква – ги има иако е за неверување. Овој текст тешко дека има врска со вистината и повеќе наликува на шега. Се гледа дека е преведен од некој странски медиум (има извор на

Убава плата, но дали е тоа вистина?

на 1. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Никој не сака да биде заварувач, а платата е 1500 евра]

  Насловот и најавата во овој текст се силни и добро го продаваат производот, но внатре е „мачка во вреќа“. На прв поглед мислите дека читате одлична вест и веќе се одлучувате за идно занимање – заварувач, бидејќи медиумот ви соопштува дека оваа професија заработува месечно 1.500 евра. Убава плата, но дали е тоа вистина? Линк до

Смислено пласирање невистини

на 1. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Додека Заев бара власт без избори, во СДСМ почнаа комбинаторики за нов лидер]

  Овој текст со денови ја турка истата манипулативна теза. И истото се прави во сите провладини медиуми. Инаку, тука имаме случај на спин со целосно извртување на вистината. Се прави обид да се протурка некоја теза, која во ниту еден момент не може да се потврди. Тука не станува збор за „ненамерно“, туку за смислено пласирање невистини. Линк до оригиналниот напис: Додека Заев бара власт без избори, во СДСМ почнаа комбинаторики за нов лидер Датум и време на објавување: 30.05.2015, 15:00 Датум на рецензирање: 31.05.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СПИН И НЕВИСТИНА

„Истите извори потврдуваат дека во СДСМ владее став дека покрај Заев треба

Невидена конструкција со спин како нејзин фундамент

на 1. 06. 2015 | |

[Рецензија: ФОТО: Овие грдотии од згради СДСМ ги заштитила, а ниту една не реконструирала]

  Чудовишен текст. Максимално искривување на реалната ситуација со употреба на „селски итроштини“ како начин за оправдување на желбата на властодршците, како што покажуваат објавените телефонски разговори, да „си прават што сакаат“ во едно од најубавите и сè уште преживеани стари скопски градски јадра на потегот Влада – Градски парк по Илинденска. Ептен сме

Каде е веста во овој текст? Каде се изгуби?

на 1. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Заев објави нови прислушувани телефонски разговори кои ги поседува]

  Материјалот што го рецензираме се однесува на 34. политичка „бомба“ што ја презентираше претседателот на СДСМ на 27 мај, но е премногу скуден. Иако со насловот информира: „Заев објави нови прислушувани телефонски разговори кои ги поседува“, сепак, од самиот извештај гледачите не можат да разберат што објавил опозицискиот лидер. Прилогот изгледа како да е правен во стилот: сакате да знаете, ама не ви кажувам! Линк до оригиналниот напис: Заев објави нови прислушувани телефонски разговори кои ги поседува Датум и време на објавување: 27.05.2015, 16:55 Датум на рецензирање: 29.05.2015 Рецензент: Оливера Војновска   ПРАЗЕН ПРИЛОГ Написот се повикува на официјален настан – прес-конференцијата на шефот на опозицијата (27 

Демони, духови, ѓаволот и „Евровизија“

на 31. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Не е до песната, во прашање е нешто друго: Еве зошто Шведска победи на Евросонг]

  Текстот нема никаква друга цел, освен со една горка пилула да ни ја расипе посластицата и убавото доживување од годинашната „Евровизија“ и победничката песма на Манса Зермерлев „Херои“. Непотпишаниот автор параноично, со конструкции и со измислици, во целата манифестација гледа некаков светски заговор на „декадентниот Запад“ против источното христијанство. И тоа, „срам да им е“, баш на Духовден (според Католичкиот календар). Се одлучува за тривијалност и за сензационализам како средство за манипулација со читателите. Линк до оригиналниот напис: Нее до песната, во прашање е нешто друго: Еве зошто Шведска победи на Евросонг (линкот не работи, текстот е повлечен) Датум и

Уличарски речник непримерен дури ни за пред „кооперација“

на 30. 05. 2015 | | sq
  [Рецензија: Зошто ,,црпнатиот“ од Муртино, осомничениот З.З. почна да се крие од истрагата за Пуч?]   Дека нема дно во опаѓачкиот тренд на елементарна култура во дел од домашните медиуми се докажува со овој материјал. Преку уличарски речник, непримерен дури ни во муабет со пиво пред „кооперација“, се пласира информација за сериозен настан. Нејасно е која била причината за таквиот пристап. Можеби само за да се омаловажува лидерот на опозицијата. Линк до оригиналниот напис: Зошто ,,црпнатиот“ од Муртино, осомничениот З.З. почна да се крие од истрагата за Пуч? Датум и време на објавување: 27.05.2015 Датум на рецензирање: 29.05.2015 Рецензент: Владимир Мирчески Впечатокот од читањето на овој текст е дека примарната цел била да се навредува претседателот на СДСМ, а

Сперма во вселената

на 30. 05. 2015 | | sq

 

[Рецензија: Ќе се истражува дали постои вонземски живот во стратосферата над Македонија]

  Во потрагата по атрактивна, ексклузивна сторија, понекогаш медиумите ги испуштаат од раце критриумите за тоа што е вредно да биде вест, дали нешто е од јавен интерес или не. Многу често се случува и тоа новинарот да биде повлечен од инерцијата на настаните што ги организираат лицата со јавни функции и, како по правило, да прават вести од секој настан, средба, состанок на градоначалникот, министерот, претседателот… На советниците за медиуми на овие јавни личности им е битно да наредат уште еден медиумски афирмиран настан на нивните шефови и тие помалку се грижат за релевантноста на тој настан. Но, дали новинарите треба да им подлегнат на настојчивите

Рецензија: Повторно на виделина исцелителните моќи на Лесновскиот манастир

на 30. 05. 2015 | | sq
  Вестите поврзани со натприродното и мистичното отсекогаш биле атрактивни, како за медиумите така и за нивната публика. Новинарите многу често објавуваат вакви и слични приказни за некакви чуда. Прашањето е дали новинарите имаат соодветна стручна подготвеност за ваквите прашања и дали токму нивното непознавање е причина за сензационализирањето на ваквите вести, а сè тоа за да се привлече што поголема читаност. Но, колку „чудата“ за кои се пишува се вистинити, никој не може да докаже. Линкуван наслов на анализираниот напис: Повторно на виделина исцелителните моќи на Лесновскиот манастир Датум и време на објавување: 25.05.2015 Датум на рецензирање: 27.05.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Таков е случајот и со овој прилог, кој е предлог на наш читател и кој вели: „Вакви

Целосен пораз на фактите во овој текст

на 30. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Целосен пораз на СДСМ на сите полиња]

  Овој текст е пишуван за по секоја цена да се нападне најголемата опозициска партија, што се гледа со самиот избор на насловот. И ваквата тенденција се препознава во секоја реченица од ова целосно необјективно, критизерско четиво. Материјалот е лошо новинарски спакуван и изгледа конфузно. Тој тргнува од митингот (контрамитингот) на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред Собранието и прави споредба со антивладиниот протест  на опозицијата и на граѓанскиот сектор пред Владата, па се префрла на вооружените инциденти во Куманово од 9 мај (2015). Написот најпрво користи виртуелни аналитичари, па се повикува на изјави од известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, и на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а завршува со