Рецензија: Повторно на виделина исцелителните моќи на Лесновскиот манастир
Објавено во Рецензии
on 30 - 05 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
Вестите поврзани со натприродното и мистичното отсекогаш биле атрактивни, како за медиумите така и за нивната публика. Новинарите многу често објавуваат вакви и слични приказни за некакви чуда. Прашањето е дали новинарите имаат соодветна стручна подготвеност за ваквите прашања и дали токму нивното непознавање е причина за сензационализирањето на ваквите вести, а сè тоа за да се привлече што поголема читаност. Но, колку „чудата“ за кои се пишува се вистинити, никој не може да докаже.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Повторно на виделина исцелителните моќи на Лесновскиот манастир
Датум и време на објавување: 25.05.2015
Датум на рецензирање: 27.05.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
Таков е случајот и со овој прилог, кој е предлог на наш читател и кој вели: „Вакви прилози се користат за манипулирање и давање лажна надеж на луѓе кои обично немаат пристап до соодветни медицински услуги“.
„Шестгодишно девојче прозборело, а пред само еден месец девојче од Кочани цврсто застанало на нозе, откако заедно со своите родители го посетиле Лесновскиот манастир. Ова се само дел од приказните кои низ цела Европа се прераскажуваат за силата и моќта кои ја имаат македонските манастири.“
Токму така. Ова се само приказни кои се прераскажуваат, а во кои некој верува или не верува. Кога човекот има некоја мака, во состојба е сè да направи, особено кога станува збор за најблиските. Секој има право да верува во што сака, сепак, вербата е индивидуално и интимно право на секој поединец. Но, ваквите приказни не се докажани и кога се пренесуваат како факти, можат и тоа како да се искористат за манипулирање и за давање лажна надеж.
Во прилогот никаде нема изјава од луѓето што ги почувствувале овие чуда на своја кожа, а нема ниту изјава од лекари кои би ги докажале исцелителните својства на манастирот. Давањето лажна надеж е непрофесионално однесување на новинарот, кој и тоа како може да ги изманипулира граѓаните, особено оние кои имаат медицински проблем, а кои не можат соодветно да се лекуваат. Таквите работи истовремено се и играње со огaн, бидејќи можат да предизвикаат дополнителни компликации. Поради тоа, новинарите не смеат да ја убедуваат јавноста во нешто што не е поткрепено со факти и со докази.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови