Рецензии

Вистинската ексклузивност во новинарството не е клиентелизам

на 15. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: ВИДЕО: Во тек преговорите во Брисел за излез од политичката криза]

  Невистинит и тенденциозен финиш на, инаку, во основа коректен материјал. Класичен пример за тоа како крајот, наместо да го краси, може делото да го гнаси. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Во тек преговорите во Брисел за излез од политичката криза Датум и време на објавување: 10.06.2015, 14:45 Датум на рецензирање: 11.06.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

Рецензија: Експерти: Стравот на Заев од избори ги урна преговорите

на 15. 06. 2015 | | sq
Овој текст просто натежнува од пристрасност и од тенденциозност. Тој остава впечаток како да е правен со однапред зацртана цел да го обвини лидерот на опозицијата дека ги „минирал“ разговорите во Брисел (10 јуни 2015 година), бидејќи, наводно, се плашел од  изборно соочување. Веројатно и изборот на двајцата аналитичари е направен за да ја потврдат ваквата теза, при што нивното мислење се предимензионира како да е во прашање став на

Рецензија: Заев ја турка државата во нова поголема криза

на 14. 06. 2015 | |
Рецензираме петнаесетина реда, нешто што не е потпишано и што не може да се дефинира дали е вест, информација, коментар, колумна. Уште полошо, тоа што е напишано не знаеме ни дали е точно ни на кого прецизно се однесува, дали на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој е обвинет за неуспехот на преговорите во Брисел, или на медиумите кои ја „креирале“ неговата позиција и кои се оквалификувани како негови и

Реферирање, пишманење, шпекулации

на 14. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Кај кого реферира Заев за да го потврди договореното?]

  Прашањата на партиската демократија се стара тема на која никогаш не е најден некаков одговор во секојдневната прагма. Не само кај нас, туку и на еден поширок план немаме никогаш извештаи како во Германија, на пример, големите партии се договараат за некој став, иако во политичкиот живот, секако, тие дејствуваат со некакви ставови – кога Ангела Меркел

Ниту „Н“ од новинарство

на 14. 06. 2015 | | sq

[Рецензија: Ефективни мерки за намалување на невработеноста]

  Оваа рецензија може да заврши веднаш по втората реченица. Во неа констатираме дека не е новинарство кога медиумските содржини, целосно исти од првата буква до последната точка, кои очигледно доаѓаат од еден дистрибутивен центар, се објавуваат во различни медиуми, па дури и ги потпишуваат различни новинари. Тое е „тејлор-мејд“ новинарство, или, на кирилица, тоа се написи креирани, лепени, сечени, прелепувани, скроени според

Кампањата „Избори 2016“ почна

на 11. 06. 2015 | | sq

[Рецензија: Пациентите најзадоволни во Крушево, Кичево и во Македонски Брод]

  Анкетите се силна алатка за истражување на јавното мислење, но тие можат да бидат и начин за моделирање на јавното мнение. Се вели дека анкетите претставуваат многу корисно орудие во политиката, меѓутоа, исто така, можат да бидат и исклучително манипулативна алатка. На ова второто, мириса и овој новинарски текст, особено поради тоа што во него нема суштински, од независен

Што му се импутира, а што навистина рекол Борут Пахор

на 11. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Иванов доби подршка од Хрватска и Словенија за старт на преговори со ЕУ]

  Прилогот што е пред нас пристрасно известува за Самитот на претседатели на „Процесот Брдо – Бриони“, кој  деновиве (7 – 8 јуни 2015 година) се одржа во Будва, Црна Гора. Од една страна, се нагласува учеството на македонскиот поретседател и се предимензионира неговата иницијатива „прашањето за името да биде последното поглавје од преговорите

Волчешки коментар во јангешка кожа

на 11. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Изборите се бомба од народот до за Заев]

  Како што јагнешката кожа волкот не го прави јагне, така и визурата на вест овој коментар не го прави вест. Имаме четиво пласирано како информација, а, всушност, е непотпишан став. Класична медиумска манипулација преку намерно „мешање“ новинарски жанрови. Читателите се доведуваат во заблуда мислејќи дека в раце имаат информација, а, всушност, читаат политичко-партиски памфлет, кој речиси и да нема

Бајачи и јасновидци повторно и повторно

на 10. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Што точно предвиде Баба Ванѓа за спас на Македонија!?]

  Текстови во кои има приказни за тоа што предвиделе бајачите и јасновидците низ историјата, се појавуваат речиси постојано во македонските медиуми. Тоа, најверојатно, покажува и до кое дереџе ни е дојдено новинарството, кога главните теми ни се баба Ванѓа, Нострадамус, Иван исцелителот, јасовитката Клеопатра… Инаку, овие текстови немаат никаква врска со вистината, објективноста, содржајноста и слично, туку се

Напис за „непроспан“ договор ја чува фотелјата на премиерот

на 8. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Нема да одиме на избори без преодна влада]

  Уште „непроспан“, договорот кај Хан се најде во весник во верзија на ВМРО-ДПМНЕ! Нецел ден по преговорите во вилата во Пржинo на ЕУ, меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, на кои се придружија и други заинтересирани страни, објавен е напис во кој се сугерира прекин на преговорите и тоа од СДСМ и тоа во наднасловот („СДСМ ќе го урива