verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кампањата „Избори 2016“ почна

on 11 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: Пациентите најзадоволни во Крушево, Кичево и во Македонски Брод]

 

Анкетите се силна алатка за истражување на јавното мислење, но тие можат да бидат и начин за моделирање на јавното мнение. Се вели дека анкетите претставуваат многу корисно орудие во политиката, меѓутоа, исто така, можат да бидат и исклучително манипулативна алатка.

На ова второто, мириса и овој новинарски текст, особено поради тоа што во него нема суштински, од независен извор, одговори на неколку клучни прашања кога станува збор за новинарски извештај за резултатите од една анкета: Зошто е правена анкетата, кој ја направил, дали е запазен принципот на загарантирана анонимност и врз основа на која формула е направен репрезентативниот примерок на испитаницвите и дали нивниот профил целосно ја оддава вистинската демогарфска слика (пол, социјален статус, географска распространетост, етничка припадност, образование…) соодветно на вкупната целна група од која се очекуваат одговорите.

Тој што спроведува анкета, може и не мора да се држи до овие суштински правила во спроведувањето анкети. Ако не се држи до овие принципи, тогаш таа анкета нема релевантност и не е вистински репрезент на јавното мислење за одредено прашање. Ако е тоа така, новинарите кои известуваат за вакви анкети, едноставно, не можат, а да не ја доведат таа анкета во прашање.

06102015-Kurir-TodoroFFAnkeЛинк до оригиналниот напис: Пациентите најзадоволни во Крушево, Кичево и во Македонски Брод

Датум и време на објавување: 04.06.2015, 14:01

Датум на рецензирање: 10.06.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Во случајот на новинарскиот текст што го рецензираме тука, ниту нарачателот на анкетата соопштува одговори на клучните прашања кога се работи за релевантноста на една анкета ниту, пак, новинарот ги поставил тие клучни прашања за да ја контекстуализира вредноста на таа анкета.

Новинарот, во овој случај, бил само трансмисија на настапот на министерот за здравство, кој презентираше резултати од анкетата. Таа анкета е направена од истата институција која ја презентираше анкетата. Значи надлежното министерство, спровело анкета за квалитетот на здравствените услуги во своите институции.

Тоа веднаш ја доведува во прашање релевантноста на анкетата зашто вака таа е изложена на опасност од пристрасност. Освен тоа, од наведените резултати, доминираат оние кои се поволни, контекстуализирани се негативните мислења и наведени екстремните резултати – добри или лоши, а во анкетите многу одговори на многу битни прашања лежат меѓу овие две крајности.

Новинарот, очигледно, не ги поставил клучните прашања и публиката, вусшност, е ставена во позиција да ја прифати манипулацијата во насловот дека пациентите се задолни од здравствениот систем.

Но, дали некој сѐ уште верува во тоа. И, зошто некако се наметнува чувството дека кампањата за изборите во април 2016 е веќе почната?


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови