Рецензии

Тривијалности наместо информации

на 25. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Авганистанци и Пакистанци против Сирици – Македонија терен за пресметка меѓу групи мигранти]

  Сериозната состојба со приливот на мигрантите на македонска територија и заканата оваа состојба да прерасне во хуманитарна криза во земјава беше извор за изобилство теми и информации за домашните медиуми, но и добра можност да се покаже кој од медиумите колку знае и умее да следи, известува, истражува и да пласира содржини кои се однесуваат на една вака комплексна тема, со речиси секојдневен развој на настани и со промена на околности. Предмет на оваа рецензија е телевизиски прилог со текст пласиран на веб-страницата на една од националните телевизии, кој не успеа целосно да одговори на поставената задача – објективно, непристрасно, целосно и континуирано следење

Партискиот пред јавниот интерес

на 25. 06. 2015 | | sq

[Рецензија: Брисел бара да запрат вработувањата во државните служби]

  Како тоа од долгата серија препораки од извештајот на Рајнхард Прибе, авторот на медиумската содржина што ја рецензираме, ја избрал токму темата за вработувања во државната администрација. Не дека не е битно или дека е помалку битно, но начинот на кој е обработена оваа тема од долгата листа препораки во извештајот на експертската група на ЕК, отвора сериозни прашања за етичкиот пристап. Поради селективноста и поради наведените површни елаборации на темата во која доминира сеењето страв дека ќе пропаднат најавените вработувања и надежите на оние кои ги очекуваа. Линк до оригиналниот напис: Брисел бара да запрат вработувањата во државните служби Датум и време на објавување: 19.06.2015, 10:03 Датум на рецензирање:

Текст по принцип „кој поверува – поверува“

на 25. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ повторно се премисли, сега за нив важи договорот од 2-ри јуни]

  Уште една невистина е изнесена во овој текст, иако тезата можела многу лесно да се провери. Сепак, тоа не е сторено и е оставено на тоа „кој поверува – поверува“. Многупати досега и СДСМ и претседателот на партијата, Зоран Заев, соопштиле која е целата вистина, но во написот не се нашло за потребно да се пренесат мислењата и текстот да биде барем објективен, за разлика од овој кој е несодржаен, невистинит, необјективен, без новинарски стандарди направен производ, кој сака да биде третиран како новинарски. Линкуван наслов на анализираниот напис: СДСМ повторно се премисли, сега за нив важи договорот од 2-ри јуни Датум и време на

Намерно искривен прилог за извештајот на ЕК, без намера за објективност

на 23. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: ЕК го објави договорот ова се деталите]

  Тоа што го има во насловот на овој тенденциозен и манипулативен прилог, го нема во неговиот содржински дел. Деталите од извештајот на експертската група на Европската комисија, кои се најавуваат со насловната конструкција, не може да се пронајдат во написот. Но, затоа таму има „монтирани и сечени разговори“, како и „соросоиди во техничка влада“! Линк до оригиналниот

Текст во кој вистинитоста е во нокаут

на 23. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Заев признава дека ВМРО-ДПМНЕ води и е со поголема поддршка кај граѓаните]

  Имаме пристрасен производ, крајно неизбалансиран, со јасна навивачка нота, без желба и цел за придржување кон професионалните стандарди. Класично „клеветничко“ четиво со силна доза невистинитост и вонконтекстуални интервенции, кои сериозно го поткопуваат неговиот легитимитет како информативен материјал. За жал, ова повеќе наликува на нечие продолжување на политичката борба, ама преку медиумски средства. Линк до

Информативност слаба, содржајност слаба, пристрасност силна!

на 22. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Премиерот сподели видео на Фејсбук: погледнете какво моќно видео сподели премиерот на Фејсбук!]

  Зошто рецензија? Зашто е чиста и евтина пропагнада чие место е во партиските, а не во јавните гласила.   Рецензија: Премиерот сподели видео на Фејсбук: погледнете какво моќно видео сподели премиерот на Фејсбук! Датум и време на објавување: 19.06.2015 Датум на рецензирање: 20.06.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   НИ СРАМ, НИ ПЕРДЕ  Без многу

Препишано мени како новинарски текст?! Ви се верува ли?

на 22. 06. 2015 | | sq

[Рецензија: „35 денари кафе – 50 денари ракија: Погледнете ги цените во оваа кафеана во центарот на Скопје“]

  Авторот на оваа рецензија воопшто не е среќен што троши време на оваа медиумска содржина, но што да се прави. Едноставно – мора да се регистрира зошто ова не може да помине како новинарство. Заради угледот на професијата, заради јавноста, заради помладите колеги и заради констатирањето на еден феномен, на една

Информација има, новинарство нема

на 20. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Вработена во позната скопска слаткарница претепа дете пред сите гости]

  Во написов, кој е предмет на рецензија, информација има, но нема новинарство. Изворот на информацијата е статус објавен на фејсбук, но работата на новинарот сопрела тука. Линкуван наслов на анализираниот напис: Вработена во позната скопска слаткарница претепа дете пред сите гости Датум и време на објавување: 18.06.2015 Датум на рецензирање: 19.06.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Написот имa бомбастичен наслов и исто таков влез. „Вработена во позната скопска слаткарница претепа 6 годишно дете пред сите гости.“ И толку е веста. Подолу е пренесена слика од фејсбук-статус на некоја мајка објавен во групата „Женски домаќински муабети“. Од напишаното се разбира дека мајката била сведок на немил настан, во кој вработена

Успешна бегалска фоторепортажа

на 20. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Голгота: мајка со шестмесечно бебе трага по подобар живот]

  Нема сомнеж дека по изјавата на премиерот Груевски за бегалците („половината од тоа што е напишано да е точно…“) како да беше дадено зелено светло поголем дел од медиумите што ги крстиме „провладини“, да го сменат ставот кон овие страдалници. Наеднаш тие не беа само проблем за земјава, туку несреќници кои бараат спас. Ова, секако, не значеше веднаш дека е подигнат битно квалитетот на прилозите во медиумите во однос на оваа појава и на овие луѓе. Но, во сета таа „конфекциска“ поплава од текстови и од фотографии, секако веќе се дефинира некаков квалитет и тој треба да се посочи. Линк до оригиналниот напис: Голгота: мајка

Злоупотребено името на Жан-Клод Јункер

на 20. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Жан-Клод Јункер потврди дека стои зад комесарот за преговори и соседска политика, Јоханес Хан]

  Доволно e само да се отвори линкот и да се види што кажал Маргаритис Схинас, портпарол на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, па потоа тоа да се спореди со писанието што го рецензираме. Името на Жан-Клод Јункер е злоупотребено за да се направи манипулација и на читателите да им се сервирaат информации нарачани од власта, а спин-мајсторот тоа многу вешто и технички и во конструкција на речениците во првиот дел од текстот и на неговиот крај, го извел така за да се добие привид дека претседателот на ЕК „безрезервно“ ја подржува политиката на Владата и го „кара“ лидерот на опозицијата Зоран Заев