Рецензии

Заев е виновен и за Полска, Германија…

на 5. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Заев преку нереални барања бега од соочување со народот]

  Неуспешен обид за маскирање на коментаторските елементи со мислења на експерти кои не се споменуваат со име и со презиме. Се прават констатации за наводно очигледни работи во обид да се оправда спинот. Во новинарството нема „очигледно“. Има само „кој, каде, зошто, кога и како“. Линк до оригиналниот напис: Заев преку нереални барања бега од соочување со народот Датум и време на објавување: 29.06.2015 Датум на рецензирање: 30.06.2015 Рецензент: Александар Пешев Во случај да не сте знаеле, целата јавност е убедена во очигледната констатација дека Зоран Заев бега од избори. Штета ако веќе имате мислење кое не се совпаѓа со убедувањето на авторот на оваа објава која наликува

Текст објавен во јавно гласило треба да им робува на фактите

на 5. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Се откажуваат аранжманите за Грција]

  Текст – пример за народната „Прле пред магаре“. Грција уште небанкротирана, некој ја банкротирал. Да, вистина, финансиските проблеми на јужниот ни сосед се огромни, ама, сепак, дента кога е пишуван написот (28 јуни 2015 година) земјата сè уште не е банкротирана. Затоа ќе кажеме, четиво што треба да ја информира публиката не треба да се излетува со формулации кои, всушност, се шпекулации. Линк до оригиналниот напис: Се откажуваат аранжманите за Грција Датум и време на објавување: 28.06.2015, 22:23 Датум на рецензирање: 30.06.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   „ПРЛЕ ПРЕД МАГАРЕ“ – ТЕКСТ Вистинитоста и прецизноста не се јака страна на овој материјал. Веќе напоменавме, се тврди дека Грција банкротирала, но, еве, пак ќе повториме

Јавниот интерес не е во скршениот прст на градоначалникот

на 3. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Kоце Трајановски со скршен прст на велосипедско дефиле (ФОТО)]

  Рецензираме кратка вест од велосипедско дефиле, во која централната тема на настанот е градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Прашањето во рецензијата е: имало ли причина толкаво значење да му се придаде на скршениот прст на градоначалникот или во прашање е спинот за да се покаже колкава „жртва“ поднел тој за да се качи на велосипед и тоа со скршен прст, кој така гордо го покажува на граѓаните. Линк до оригиналниот напис: Kоце Трајановски со скршен прст на велосипедско дефиле (ФОТО) Датум и време на објавување: 28.06.2015, 12:55 Датум на рецензирање: 30.06.2015 Рецензент: Александар Писарев  

СПУШТЕНА ИЛИ КРЕНАТА РАКА ?

Ја разбираме повредата на градоначалникот, но, сепак, можел

Нешто се шушкало, ама не се дошушкало

на 2. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Македонска свадба без српскиот зет: Тамара се омажи, Тијана се разведува?]

  Ова е текст која е напишан на база на шпекулација. Притоа изгледа како муабет рекла-кажала, без поткрепа од никого. Нешто се шушкало, ама не се дошушкало и излегло вака како што го читаме. Текст кој нема врска со логиката, здравиот разум и со новинарската етика и стандарди. Линк до оригиналниот напис: Македонска свадба без српскиот зет: Тамара се омажи, Тијана се разведува? Датум на објавување: 29.06.2015, 13:02 Датум на рецензирање: 30.06.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Иако постојат луѓе што сакаат вакви четива, тоа не значи дека треба да ги среќаваме на секој чекор. Но, настрана тоа, тука зборуваме за текст кој не е објективен, не е содржаен,

Критиките од САД ги нема, ама алибито за Груевски е тука

на 2. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Извештајот на Стејт Департментот има критики за сите земји, неговата цел е да издејствува подобрување]

  Уште од самиот наслов се гледа дека ова е политички пристрасен текст, кој има цел да ја „испере“ Владата поради лошите оцени во редовниот извештај на Стејт департментот за човековите права во светот. Линкуван наслов на анализираниот напис: Извештајот на Стејт Департментот има критики за сите земји, неговата цел е да издејствува подобрување Датум и време на објавување: 26.06.2015 Датум на рецензирање: 29.06.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Американскиот Стејт Департмент вчера го објави Годишниот извештај за почитување на човековите права во светот во 2014 година. Извештајот кон сите земји е генерално остар. Тоа е и целта на Стејт Департментот, да ги критикува состојбите

Зошто Мишко Иванов да не ужива во „барокот“ во Белград?

на 2. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: На новинарот Иванов му се допаѓа барокот во Белград, што не му се допаѓа во Скопје?]

  Во експертската јавност што се занимава со етиката во новинарството во Македонија, но особено во постарите вакви тела во светот, веќе не постои никаква дилема дали социјалните мрежи, вклучувајќи ја и најпопуларната кај нас, „Фејсбук“, може да биде користена како релевантен извор на информации во даден момент. Но, исто така, не пости и никава дилема, кога треба да биде сторено тоа – само кога постои јавен интерес, а не интерес на јавноста. Така и треба да се третира објавената коментаторска вест за фотографијата на колегата Мишко Иванов и на неговата сопруга, при што нема сомневање дека станува збор за неетичко

Просто навредливо

на 1. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Боукица на шопинг во Париз]

  „Боукица“ е Боркица, а тоа дали некои луѓе се овци или не, оставете да пресуди јавноста. Функцијата на медиумот е да информира, а не да навредува, особено не со употреба на непотврдени информации и со крајна цел за лична одмазда кон ваши критичари. Линк до оригиналниот напис: Боукица на шопинг во Париз Датум на објавување: 26.06.2015, 17:35 Датум на рецензирање: 29.06.2015 Рецензент: Александар Пешев Пред нас имаме информација облеана со навреди и со лична дискредитација. Не е дефинирано дали станува збор за вест или коментар, но, во секој случај, упатени се навреди кон премиерот и кон неговата сопруга, повикувајќи се на неименувани извори. Од самиот вовед, авторката на текстот со навредливи зборови

Тешко сварлив пропаганден памфлет

на 30. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Сорос повторно ја фалсификува вистината]

  Тешко е да се каже што попрво не е во ред со овој текст: тргнувајќи од насловот кој дезинформира, преку изнесените невистини во него, манипулирањето со оние факти кои се општо познати, навредите и квалификациите упатени на погрешна адреса, погрешната илустрација. Грешките се аматерски, текстот е неструктуриран, стилот неновинарски, а патем и нелекториран, па она што останува на крајот e тешко сварлив пропаганден памфлет со провладина политичка конотација, на кој не би требало да му се најде место помеѓу новинарски творби. Линк до оригиналниот напис: Сорос повторно ја фалсификува вистината Датум и време на објавување: 24.06.2015, 14:55 Датум на рецензирање: 27.06.2015 Рецензент: Југослава Дуковска Главата на написот веднаш го соочува читателот со

Криење на изворот за предимензионирање на посетата на премиерот

на 30. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Македонија и Франција покажуваат интерес за продлабочување на економската соработка]

  Основиот проблем со овој материјал е што нема посочено извор за информациите кои ѝ се соопштуват на јавноста. А, таа, секако, има право да знае од каде потекнуваат. Линк до оригиналниот напис: Македонија и Франција покажуваат интерес за продлабочување на економската соработка Датум и време на објавување: 27.06.2015, 09:52 Датум на рецензирање: 28.06.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

А ИЗВОРИ?

Станува збор за куса информација за економската посета на премиерот Никола Груевски на Франција, во која се соопштува дека тој се сретнал со сенаторот Алаин Ричард, специјален претставник на француската влада за економски односи со земјите од Балканот. Притоа се вели: „Соговорниците се  согласија дека Македонија и Франција

Материјал со „вродена мана“ – создаван за вест, породен како коментар

на 30. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Карамарко: Изнесување тајни податоци од службите е нецивилизиран потег]

  Коректен почеток, ужасен крај. Ова накусо е сумарната оцена за четивото што го имаме в рака. Недвојбено, има наменски карактер, кој не е врзан само со потребите на пошироката публика, туку и со оние на потесен круг политичари од владејачката постава. Ако некој рече дека ваквата квалификација е преостра, мојата позиција ќе ја аргументирам со последниот пасус од конкретниот текст. Таму имаме класичен коментар, политички обоен, партиски застранет, што му дава сосема поинаков шмек на овој напис. Линк до оригиналниот напис: Карамарко: Изнесување тајни податоци од службите е нецивилизиран потег Датум и време на објавување: 25.06.2015, 13:49 Датум на рецензирање: 28.06.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

СОЗДАВАН ЗА ВЕСТ,