verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Критиките од САД ги нема, ама алибито за Груевски е тука

on 2 - 07 - 2015       

Извештајот-на-Стејт-Департментот-има-критики-за-сите-земји-crop-resize

 

[Рецензија: Извештајот на Стејт Департментот има критики за сите земји, неговата цел е да издејствува подобрување]

 

Уште од самиот наслов се гледа дека ова е политички пристрасен текст, кој има цел да ја „испере“ Владата поради лошите оцени во редовниот извештај на Стејт департментот за човековите права во светот.

Извештајот на Стејт Департментот има критики за сите земји  неговата цел е да издејствува подобрувањеЛинкуван наслов на анализираниот напис: Извештајот на Стејт Департментот има критики за сите земји, неговата цел е да издејствува подобрување

Датум и време на објавување: 26.06.2015

Датум на рецензирање: 29.06.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Американскиот Стејт Департмент вчера го објави Годишниот извештај за почитување на човековите права во светот во 2014 година. Извештајот кон сите земји е генерално остар. Тоа е и целта на Стејт Департментот, да ги критикува состојбите во земјите со цел да иницира нивно подобрување. Овој Годишен извештај претежно ги бара слабите страни во сите држави и на тоа го поставува својот фокус. Ако истиот прецизно се погледне, ќе се забележат критиките за најголемиот дел од земјите.“

На самиот почеток од текстот, авторот се задржува на тоа што во извештајот има критики за сите држави и на тој начин сака да ги ублажи тие што се упатени на адреса на Македонија, односно на Владата и на премиерот Никола Груевски. Но, во текстот на ниту едно место не може да се прочита ништо за тоа што во извештајот е напишано за нашата држава, кои се слабостите на нашиот систем. Затоа, пак, читателот може детално да се запознае со проблемите во другите европски држави.

„Овој извештај опозициските медиуми го искористија за да ја критикуваат македонската Влада и презентираат текстови во кои пишуваат дека Америка ја критикува Македонија. Сепак вистината е дека извештајот е критички настроен кон сите земји се со цел подобрување на состојбите во државите.“

Во овој дел од текстот е спинот и манипулацијата со јавноста, дека опозицијата е виновна за лошиот извештај, односно дека опозицијата преку своите медиуми по секоја цена го напаѓа Груевски, а тој не бил единствениот премиер обвинет за „корупција , автоцензура, избори, говор на омраза, мигранти, физичко насилство врз Роми и слично“.

Инаку, извештајот на Стејт департментот, кој го објави „Гласот на Америка“, е сличен како тој на Европската комисија, подготвен од експертскиот тим предводен од пензионираниот директор во Комисијата, Рајнхард Прибе, и изобилува со многу критики за власта во повеќе области. Критиките, пред сè, се однесуваат на корупцијата и на владиното непочитување на владеењето на правото.

Авторот на овој напис, наместо да се потруди да го прочита извештајот и да ги запознае читателите со него, ја префрлил вината на опозициските медиуми што го објавиле. Според неговата логика, извештајот воопшто не требало да се објави, туку медиумите требало да молчат за тоа, бидејќи, нели, целта на Стејт департментот е да „криткикува со цел посочените слабости во иднина да се подобрат“.

Тоа е посочено и најдолу во текстот, преку изјавата на владинот портпарол, кој тврди дека Македонија и САД имаат одлични односи во сите полиња.

„Извештајот на Стејт департментот го гледаме како дел од нашата соработка со Соединетите Американски Држави кои се наш стратешки партнер во реализација на нашите цели за евроатлантски интеграции, истиот секогаш сме го почитувале и врз основа на него сме правеле многу реформи…“

Авторот на овој напис го прекршил основното новинарско правило од Кодексот на новинарите кое гласи: „Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со членот 16 од Уставот на Република Македонија“. Наместо информација, читателот пред него добил политички пристрасен и пропагандистички текст. Која е логиката да не објавуваш нешто, а за истото да бараш оправдувања? Очигледно, тоа му е јасно само на авторот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови