Читателот треба да верува на „жими мајка“
Објавено во Рецензии
on 11 - 05 - 2015 Автор: Љубомир Костовски[Рецензија: Убиецот на Мартин Нешковски e осуден на 14 години затвор. СДСМ го убива по втор пат!]
Примитивизмот во новинарството секогаш има почетни траги во жанровското талкање на медиумите. Појавата на категоријата вест-коментар секако е еден од тие феномени и речиси е наша особеност. Последната (29.) „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во медиумот на кој се однесува текстот што го рецензираме, не сака да објави речиси ништо за содржината на таа прес-конференција. Но, затоа уште во наднасловот имаме серија недолични „крстења“ – примитивизам, некрофилија и други дијагнози за отворањето на случајот за покојниот Мартин Нешковски! Потоа следува насловот (СДСМ убива по втор пат), кој е комплетно нејасен и граматички и како најава на содржината. И, конечно, имаме производ кој де факто е коментар: се оцрнува политичкиот противник без да се објасни што тоа тој направил! А коментарите, да не забораваме и на тоа правило, барем се потпишуваат!
Линк до оригиналниот напис: Убиецот на Мартин Нешковски e осуден на 14 години затвор. СДСМ го убива по втор пат!
Време на објавување: 05.05,2015, 16: 14
Датум на рецензирање: 06.05.2015
Рецензент: Љубомир Костовски
„Денес можевме да видиме до кое дно е подготвен СДСМ да оди за своите политички и партиски профити. Објавија телефонски разговори на полициското раководство и премиерот по загинувањето на Мартин Нешковски со коментар дека Владата сакала да го сокрие виновникот за смртта на Нешковски, иако во телефонските разговори кои се објавени нема ниту еден доказ за тоа.“
Ако во редакцијата „можеле да видат дека нема ниту еден доказ“, не можеле тоа да видат ни читателите на весникот, бидејќи не им се дава ниту еден ред можност да ѕирнат во содржината на разговорите. Да замислиме дека читателот нема никаков друг извор за информации и тоа значи дека треба да верува на „жими мајка“.
Текстот е толку злобен што низ наднасловот користи недозволив вокабулар, а со насловот, како што споменавме, дава алузија дека СДСМ двапати го убил Нешковски. Или тоа го сторил симболички само вториот пат? Ама, пишувачот тоа, секако, требалo да го разглоби (не навлегуваме секако во суштината, туку во самата форма). Граматиката е слаба страна на медиумот, бидејќи вака долг наслов за дневен весник е само резултат дека не можел да се најде вистинскиот. А, згора, наслов со две реченици секако е посебна приказна. Да се обидеме да дешифрираме – тоа е наслов кој продолжува во поднаслов?
Овој текст е дел од комплетната замена на теза која ја прави власта – убиецот е казнет од судот, ама судот заклучил дека не било битно дали на местото на злосторот актуелниот затвореник бил службено или приватно. Е, тука лежи зајакот, се разбира, бидејќи судот го затворил својот дел од работата така што ја отсекол можноста да постои командна одговорност, која сега со право се бара. Ова стои во документите од прес-конференцијата, изјавените и поделените и ним. Дури и кога се прави, условно, коментар, мора на тоа да се внимава. Бидејќи , без мотив или повод, на хартијата остануваат само голи, „празни епитети“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
Го нема - „повикувањето на“, па не може да се одредат и изворите
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови