verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Рецензија: ВИДЕО: Кабинетскиот елитист Пендаровски во наместен телефонски разговор?

на 11. 03. 2014 | |
Вакви текстови навистина понекогаш е и тешко да се рецензираат зашто последните денови се појавија на куп. Мора многу да се внимава за да не се навлезе во круг на повторување, затоа што понекогаш се случува и цели пасуси да се копи-пејстирани од други „слични“ текстови. Затоа е потребно „големо“ познавање на логиката на ваков тип текстови за да не се фатите во замката која ја нудат. Инаку, уште од насловот „ВИДЕО: Кабинетскиот елитист Пендаровски во наместен телефонски разговор?“ се гледа омаловажување на посочениот лик во приказната. Потоа, текстот нуди препознатлива шема на коментирање, а единствената вистина е дека имало телефонски разговор. Тоа, всушност, се гледа и од видеото постирано на социјалната мрежа Јутјуб. Но, никаде не се наведува

Рецензија: Мелита и Ријана со шапки со црна мрежа на лицето

на 10. 03. 2014 | |
Вакви текстови сѐ повеќе можат да се прочитаат во т.н. забавни медиуми. И, не е проблемот во тоа што се прави некоја споредба, туку проблемот е кога споредбата е „неспоредлива“. Вакви текстови, обично се прават по „нарачка“. Тој што сака да излезе во медиум се јавува кај уредникот и се договара со што ќе „удрат“ неделава. Сепак, кога, како во овој случај, се споредуваат Ријана и Мелита Ракичевиќ, човек не може, а да не остане зачуден или во полош случај „навреден“ од „интелигентниот“ текст. Линк до оригиналниот напис: Мелита и Ријана со шапки со црна мрежа на лицето Датум и време на објавување: 04.03.2014, 11:11 Датум на рецензирање: 07.03.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КОЊОТ СЕ ОТПУШТИЛ ОД УЗДИТЕ

Па, можеби и

Рецензија: „Аурора“ доби награда за најдобар спа и ресорт хотел на Балканот

на 9. 03. 2014 | |
Пред нас е текст, кој според анализите е целосно невистинит. Притоа, не се знае дали текстот е подготвен по пристигнато соопштение или авторот „стигнал“ до информацијата на своја рака. За да се провери овој текст потребно е повеќе време, затоа што во него е спомената организација која во својот делокруг на дејствување важи за една од најдобрите и најпрестижните во светот. Тие имаат и свој веб сајт на кој точно може да се провери и за тоа кој бил номиниран и кој добил награда, па затоа во најмала рака е чудно, ако не и тенденциозно, зошто бил напревен овој „лапсус“. Или ако веста имала намера да биде прикриен платен рекламен текст, морало да се напомене дека се работи за ЕПП.

Зошто младите не читаат политички и бизнис вести?

на 7. 03. 2014 | | sq
 

Бизнис моделот на продавање на весници се потпираше на својата локална улица, секој дом, секое семејство да дознае што е ново во светот. И подоцна, за време на ручек, да се дебатира. А, кога се дебатира, сакале или не, освен родителите разговорот го слушаат и децата. Денеска нема дебата, ниту на ручек. Дури се поставува и прашањето дали семејствата и заедно ручаат, а не, пак, да се развие дискусија

Рецензија: Иванов по градови и села, Пендаровски во елитен ресторан

на 7. 03. 2014 | |
Уште со самиот влез во текстот се гледа во кој правец ќе носи приказната и како ќе се развива, ако може за тоа да стане збор. Причината е едноставна: текстот се состои само од два моменти за кои се имало желба да се нагласат. И тоа дека едниот кандидат е елитист и не е близок со народот, а другиот секојдневно црпи информации од граѓаните, а вториот момент е тоа кој како е избран за кандидат за претседател. Уште од самиот наслов се гледа интенцијата и намерата, а така нѐ води и целиот текст. Линк до оригиналниот напис: Иванов по градови и села, Пендаровски во елитен ресторан
Датум и време на објавување: 05.03.2014, 23:31 Датум на рецензирање: 06.03.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев

Рецензија: Една четвртина од СДСМ контра Стево Пендаровски

на 6. 03. 2014 | | sq
Ако по утрото се познава денот така и по насловот се познава текстот. Ова е текст кој уште од насловот покажува дека нешто не е во ред, односно уште од старт сака да го изврти целиот настан. Текст во кој се прекршени повеќе членови од Кодексот на новинари, а меѓу нив и Членот 13 кој утврдува дека новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Тука, пак, со фасцинантна упорност е направен сплет од коментирање, желба, намера, тенденција за нешто што е лесно проверливо и подложи на факти. „Една четвртина од СДСМ контра Стево Пендаровски“ е толку дециден наслов што ако се следи само еден медиум човек лесно може да се фати во

Рецензија: Грчки печат: Речиси е сигурно дека ВМРО- ДПМНЕ ќе победи на предвремените парламентарни избори

на 5. 03. 2014 | |
Текстот добро почнува и буди надеж дека така добро и ќе заврши. Како и секоја вест што пренесува реакции, се очекува да заврши со изворот или цитат од напис во некој медиум. Но кога, како и во случјов, се работи за вест поврзана за Грција, посебно за грчки медиуми, тоа се прави поинаку. Како по некое правило, одредени медиуми во вакви вести, како оваа што ја рецензираме денеска, имаат навика на крајот да стават „сопствен“ печат и да ја закашкаат веста која можела да биде солидна. И веста не би се нашла тука доколку не би постоел овој последен пасус: Иако грчките медиуми типуваат на ВМРО ДПМНЕ, се чини дека сепак навиваат за СДСМ и коалициските партнери, со оглед на

Рецензија: Немирите во Украина се почеток на Трета светска војна – што предвидел Нострадамус?

на 4. 03. 2014 | | sq
Овој текст кој уште од првата реченица шири страв и се занимава со, во најмала рака, обично озборување. Кризата на Крим може да прерасне во општ конфликт, за кој со години предупредувал Нострадамус. Почнува ударно, со констатација како нешто веќе да се случило или, пак, како сигурно да ќе се случи. Притоа, како муабет во кафеана, текстот се занимава со „рекла-кажала“ информации и тези непоткрепени со ништо. Дури нема ниту цитати од пишаните моменти на Нострадамус, а обработува и некои наводно пророци кои се малку или воопшто не се познати во јавноста. И додека текстот изобилува со „што би било кога би било“ вистината е сосема поразлична од онаа која авторот сака да ја прикаже. Сето ова и би можело