verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Рецензија: Крвнички до смрт избодено момче во Ѓорче Петров

на 22. 05. 2014 | |
Новинарот нема свесно да создава, ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка… Ова е член 10 од Кодексот на новинарите на Македонија. Но, тој често знае да се зборави, посебно во известување за вакви настани. Па, дека текстот го прекршил овој кодекс се гледа уште од насловот, а продолжува низ целиот текст. А, за веднаш да се „прекрши“ тука мечкина услуга направила првата реченица: Попладнево во Ѓорче Петров е избодено 19 годишно момче, идентификувано како Ангел П. од македонска националност. Линк до оригиналниот напис: Крвнички до смрт

Рецензија: Вмровците во Собрание можат да се пофалат со 13 направени деца, а Социјалдемократите со три

на 19. 05. 2014 | | sq
’Ова пратенициве, посебно од владејачкото мнозинство се навистина добри фраери. Што би рекле секое летенце-детенце. Овие од опозицијава некако се фригидни, а можеби и стерилни, па не ги бива за ништо. Не можат ниту едно дете да направат, а не пак држава. Затоа и не се на власт толку време и никогаш нема да дојдат.‘ Се извинувам за воведов, но сакав само да пробам како, всушност, се пишуваат вакви текстови. И навистина било лесно. Не ти е грижа што ќе напишеш. Згора на сѐ, не треба да се подготвуваш и да користиш Гугл, туку најверојатно на мејл ти стигнува темата, сосе имиња и презимиња и ти само треба да ја сплескаш. Овој текст навистина не знам за што е наменет.

Рецензија: АЛАРМАНТНО: Мистериозна материја се заканува дека ќе ја разнесе земјата?

на 14. 05. 2014 | | sq
Текст обвиткан со мистерија, со крајот на светот, со метеори кои ќе не испржат на земјата… Текст со наслов за полудување, кој е предзнак дека ни нема веќе спас… Се шегувам. Ништо од ова не е точно. Ниту, пак, текстот е вистинит. Сето ова е фарса или, што би се рекло, сеење магла. Затоа, не се грижете и бидете сигурни дека и утре ќе се разбудите. Линк до оригиналниот напис: АЛАРМАНТНО: Мистериозна материја се заканува дека ќе ја разнесе земјата?
Датум и време на објавување: 06.05.2014, 10:08 Датум на рецензирање: 09.05.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕЕТИЧКИ ТЕКСТ

Ако „некои физичари“ и „некои научници“ се сигурни извори и значат вистина тогаш, да, овој текст е цела вистина. Засолнете се во некој

Како политичарите ги посвоија новинарите?

на 8. 05. 2014 | |
 

Секој пат кога ќе забележите некоја приказна на телевизија или ќе го чуете гласот на политичарот на радио, можете да претпоставите (притоа во голем процент и да бидете во право) дека јавната личност нешто бара, очекува или во најмала рака се надева да добие.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Масовни медиуми е термин кој најчесто се користи за да се означи оној дел од медиумите кои допираат до многу

Рецензија: Quo Vadis, Зоран Заев

на 6. 05. 2014 | | sq
Ова е текст со многу прашања, а со ниту еден одговор. Текстот нафрла тези, кои никако не можат да се спојат една со друга. Нема никакви допирни точки ниту со можните одговори ако ги има. Значи кармакаша од текст, кој нема никаво оправдување. Линк до оригиналниот напис: Quo Vadis, Зоран Заев
Датум и време на објавување: 03.05.2014, 14:10 Датум на рецензирање: 05.05.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ЗАНАЕТСКА УТКА ОД ТЕКСТ

Не се ни трудиме да бараме вистина во текстот затоа што ниту тој има намера да ја прикаже. Тука рецензираме еден текст, кој е школски пример дека не е новинарски, туку некој друг жанр, затоа што не се обрнало внимание на занаетските правила. Нема извори на информација, туку целиот текст

Рецензија: Откриен гробот на Александар Македонски?!

на 6. 05. 2014 | |
Првото прашање што се поставува е: зошто ваков текст? Дали има некоја смисла и поврзаност на текстот со времето, просторот, политиката и се она што деновиве се случува во Македонија. И најверојатно, има од сѐ по малку, затоа што социјалните мрежи се преплавија со коментари за овој текст, па затоа и беше потребата да се рецензира едно вакво писание. Мора да се напомене дека вакви текстови, за пронајден гроб на Александар Македонски, имало постојано како што имало и тврдења („научни“) за „точната“ локација на неговот вечно почивалиште. Но, новинарската работа не е само да се преземе текстот од некој блог (како што, всушност, и е сторено овде), туку и убаво да се осмисли дали има потреба од ваква информација. Линк

Рецензија: „Новото лице“ на опозициската бесмисленост

на 23. 04. 2014 | |
Ова е еден текст за чудење, кој, всушност, е солење памет. Ете ако сакаме во една реченица така би го оквалификувале ваквиот новинарски пристап. Текст кој не е ставен во рубрика анализа, туку во ударните вести во рубриката Македонија. Линк до оригиналниот напис: „Новото лице“ на опозициската бесмисленост Датум и време на објавување: 19.04.2014, 10:06 Датум на рецензирање: 22.04.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КАША ОД ТЕКСТ

Во оваа каша од текст не може да стане збор за вистина. Нема податоци, нема факти, нема докази, само нафрлени тези и омаловажување. Затоа и не се трудиме да бараме дали е нешто вистина затоа што нема да знаеме од каде да почнеме. Ако ова може да се смета за издржан пасус, тогаш не

Рецензија: Ставрески: Децата со инвалидитет и нивните семејства ја имаат нашата поддршка (ФОТО)

на 21. 04. 2014 | |
Денеска имаме текст кој е класична информација за посета на политичар на деца со попреченост. И текстот во политичка смисла (освен ако не сакаме да навлеземе во дебата за мешањето на јавната и политичката функција) е коректен. Сепак боде очи формулацијата со која е опфатена ова група која е носител на приказната. Имено, текстот ги ословува како „децата со инвалидитет“ што е во спротивност со модерната терминологија. Тоа е објаснето и во анализата на м-р Жарко Трајановски: „Зошто медиумите го игнорираат проблемот на лицата со попреченост?“ Почитувањето на човековото достоинство и на човековите права на сите луѓе, вклучително и на припадниците на маргинализираните групи, е обврска на новинар(к)ите. Новинар(к)ите треба да бидат особено внимателни при употребата на термините за означување

Рецензија: И сдсмовските експерти веќе не можат да го бранат Заев – сите се свртеа против СДСМ!

на 21. 04. 2014 | |
Пред нас, всушност, имаме школски пример за спин. Значи, текст кој уште од влезот ја извртува вистината.  Првиот пасус е целосно коментаторска констатција на авторот, а понатаму продолжува со делови (секако извадени од контекст) од некои изјави на новинари и политички експерти. Причините за катастрофалните изборни резултати кои што веќе неколку изборни циклуси ја следат најголемата опозициона партија СДСМ очигледно и понатаму не допираат до тамошните челни луѓе Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, кои наместо одговорноста да ја превземат на свој грб со немањето на квалитетни и издражни проекти тие и понатаму во стилот на Бранко Црвенковски продолжуваат да ја омаловажуваат интелегенцијата на народот, велејќи дека тој се уште не ја покажал својата волја и дека допрва се очекува да

Рецензија: ВМРО ДПМНЕ убедливо гази СДСМ плаче кај судиите

на 17. 04. 2014 | |
Ова е текст кој не би можеле да го смислат ниту ПР стратезите од партијата за која е наменет. „На прва“ се чини дека оваа „анализа“ е платен политички маркетинг на една политичка партија. Но, барајќи ознака дека тоа е така, или барем дека стои логото на партијата, се заклучува дека, сепак, е новинарски производ. Текстот да беше означен како ЕПП ќе беше во ред. Вакви политички памфлети имало секогаш, посебно за време на избори. Но, ваков текст кој дури ниту раководството на партијата не може да го осмисли, досега немало. Ова е чудо од новинарски производ кој е новитет во Македонија, да не зборуваме, пак, за во светот. Вакво нешто досега не се случило во медиум за ниту едни