Рецензија: Мелита и Ријана со шапки со црна мрежа на лицето
Објавено во Рецензии
on 10 - 03 - 2014 Автор: Владо ЃорчевВакви текстови сѐ повеќе можат да се прочитаат во т.н. забавни медиуми. И, не е проблемот во тоа што се прави некоја споредба, туку проблемот е кога споредбата е „неспоредлива“. Вакви текстови, обично се прават по „нарачка“. Тој што сака да излезе во медиум се јавува кај уредникот и се договара со што ќе „удрат“ неделава. Сепак, кога, како во овој случај, се споредуваат Ријана и Мелита Ракичевиќ, човек не може, а да не остане зачуден или во полош случај „навреден“ од „интелигентниот“ текст.
Линк до оригиналниот напис: Мелита и Ријана со шапки со црна мрежа на лицето
Датум и време на објавување: 04.03.2014, 11:11
Датум на рецензирање: 07.03.2014
Рецензент: Владо Ѓорчев
КОЊОТ СЕ ОТПУШТИЛ ОД УЗДИТЕ
Па, можеби и е вистина. Мелита, немајќи што да прави, да испробувала и да експериментирала со својот изглед. Ама, авторот сигурно имал што друго да прави. Јас ја разбирам желбата за сензационалност и за повеќе читања. Тоа секој новинар го влече речиси секојдневно. Но, во новинарството има едно правило кога мора да се каже СТОП, малку да се заузда коњот, за да може тој подоцна поубаво да ора. Овде коњот им се отпуштил од уздите и кастри сѐ пред себе.
Најверојатно се работи за фотографии од Фејсбук, затоа што предметот на обработка, е 24/7 активен на оваа социјална мрежа со своите „испади“ на мода. Овие текстови не бараат консултирање на енциклопедиска содржина. Во зависност од подготвеноста на авторот, се прават за 3-4 минути бруто, сосе опрема и пласирање во медиум. Не дека текстот е нешто опасен по околината, но ја навредува читателската публика, која, сепак, сака да чита нешто од забава, ама не во овој стил и не за некој кој не е ниту јавно познат, барем последниов период, ниту има нешто направено за „државата и за светот“. Како, на пример, да спаси некое кутро делфинче во Леденото море.
Нема пристрасност, освен гола промоција на некоја личност. И секако желбаат да се прочита текстот што е можно повеќе.
НАЈЛЕСНО ЗАРАБОТЕНИ НОВИНАРСКИ ПАРИ
Целиот текст е коментаторски. Всушност, овие текстови така и се прават. Кога нема податоци, освен една фотографија, целиот текст мора да се базира на коментирање. Тоа е најлесниот пат на новинарството и најлесно заработени новинарски пари. Не треба многу да се мисли, туку само да се пополнат редови.
Оргинал текст, оргинал како не треба да ти падне идеја за новинарски текст.
Кога ќе го прочитате насловот, ќе помислите дека Ријана и Мелита биле заедно на доделување на награди и поради своите идентични шапки предизивкале бурни рекации кај новинарите. И, секако, можеби Ријана и предизвикала бурни рекации со својот изглед, кога ваква се појавила во јавност, но не верувам дека тоа важи и за Мелита. Да, секако, освен што предизвикала реакции најверојатно на потсмев кај авторот.
Залепени две фотографии, на кои, за да биде уште потрагично, се забележува дека шапките им се различни како и политиките на Русија и Украина.
И што да се каже за ваков текст. Текстот сам по себе кажува сѐ. Не е опасно во овие медиуми да има и вакви текстови. Впрочем најголемиот број забавни медиуми тоа и го прават. Но, сепак, има една тенка граница која се вика добар вкус, кој вели дека текстот барем малку треба да му се допадне на читателот. Тука нема такво нешто. Просто, текстот нема добар вкус.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди точноста на наводите
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови