verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Една четвртина од СДСМ контра Стево Пендаровски

on 6 - 03 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

stevo-pendarovski-kongres-CROP-RESIZE

Ако по утрото се познава денот така и по насловот се познава текстот. Ова е текст кој уште од насловот покажува дека нешто не е во ред, односно уште од старт сака да го изврти целиот настан. Текст во кој се прекршени повеќе членови од Кодексот на новинари, а меѓу нив и Членот 13 кој утврдува дека новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Тука, пак, со фасцинантна упорност е направен сплет од коментирање, желба, намера, тенденција за нешто што е лесно проверливо и подложи на факти. „Една четвртина од СДСМ контра Стево Пендаровски“ е толку дециден наслов што ако се следи само еден медиум човек лесно може да се фати во замката веднаш да одлучи дека информацијата е точна. Иако тенденцијата е позната и има намера да се наруши угледот на една политичка опција, сепак, една базична работа е пропуштена. Да се каже дека тоа се делегати на Конгрес.

stevo pendarovski kongres.jpgЛинк до оригиналниот напис: Една четвртина од СДСМ контра Стево Пендаровски

Датум и време на објавување: 05.03.2014, 00.22

Датум на рецензирање: 05.03.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ СЕ БАЗИРА ВРЗ ЛУЃЕ ФАНТОМИ…

Нема веродостојни податоци низ целиот текст. Од насловот, па со првиот и заклучно со последниот пасус, направена е груба манипулација со вистината. Уште во првиот пасус се вели:

Повеќе од 130 членови на највисокото тело на опозиционата СДСМ не гласаа за единствениот кандидат за претседател на најголемата опозиционата партија на партискиот конгрес на кој се бираше кандидат за претседател.

Вистина е дека повеќето медиуми известија дека на Конгресот учествувале помалку кандидати од поканетите. Но тоа не значи дека 130 членови на највисокото тело не гласале. Коректно би било, ако е така, да се напише дека 130 делегати не дошле на Конгресот, што е спротивно од тезата дека не гласаа.

Секој пасус е приказна за себе. Меѓу кои и овие два:

Дел од оние што одбија да присустуваат на конгресот атмосферата ја оценуваат како понижувачка.

Со последниот 16 ти конгрес СДСМ стана една од ретките партии во Европа каде што партиски конгрес завршил без повеќе кандидати и без контра гласови, дури и без воздржани.

Целиот текст, како и во овие пасуси, се базира на луѓе фантоми, непознати, без иницијали, или не дај Боже, со цело име и презиме. Изобилува со наводно факти „една од ретките партии во Европа каде што партиски конгрес завршил без повеќе кандидати“ за кој не се дадени ниту линкови, ниту податоци за тоа каде и кога.

 

…КАКО И ШПЕКУЛАЦИИ, НЕПОТВРДЕНИ ИНФОРМАЦИИ И СПИНУВАЊА НА ВИСТИНАТА

Сите извори, ако ги има, се неофицијални, анонимни од типот дел од разочараните, дел од членовите… Целиот текст се базира на шпекулации. Многу малку или воопшто нема за тоа што беше целта на настанот, во овој случај Конгресот, туку 90 отсто од текстот е базиран на шпекулации, непотврдени информации и спинувања на вистината.

Во голема мера се извртува вистината. Станува збор за политичко-навивачки текст, во кој се злоупотребауваат одредени факти да се наштети на политичката опција. Има коментирање кое е интегрирано со шпекулациите изнесени од „одредени кругови“, кои се само алиби за намерата да се наруши угледот на посочената страна.

Насловот целосно дезинформира и е тенденциозен, иако е сензационален и привлекува внимание. Фотографијата, пак, е соодветна на содржината, но не е потпишана ниту од медиумот, ниту од некој поединец. Таа е, можеби, единственото вистинито нешто во текстот, затоа што е направена од самиот настан, без да шири шекулации и да дезинформира.

Најверојатно ова се текстови какви што ќе се изначитаме во предизборниот период. Врз база на шпекулации, без потврдени информации, набрзина срочени, само за одредеан цел. Текстот си ја постигнал целта – за таа за која бил наменет. Но, сепак, тој е само еден од оние во групата кои го трујат новинарскиот простор и го заматуваат погледот на читателот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, аноними

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови