Рецензија: Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!
Објавено во Рецензии
on 13 - 11 - 2014 Автор: Оливера ВојновскаСторијата „Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!“, третира актуелна тема солидно обработена од сите аспекти. Фактички, на читателската публика ѝ е претставено истражување за загадувањето, поткрепено со стручни мислења, табели и со графикони. Материјалот е обемен, но е читлив, има добар приод и содржина и заслужува позитивна оценка бидејќи јавноста има право да ја знае вистината за овој долгогодишен проблем и за тоа какви се последиците по здравјето на населението.
„Дури две третини од годината сме изложени на загадување, а се проценува дека една третина од смртните случаи се од аерозагадување.“
„Најголем број заболени од канцер во последните четири години се регистрирани во Скопје, каде само во општината Центар лани има 800 новозаболени во споредба со преклани. Од другите општини, на врв на табелата е Струмица, а потоа следуваат Битола, Велес, Куманово и Тетово.“
Линк до оригиналниот напис: Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!
Датум и време на објавување: 09.10.2014
Датум на рецензирање: 11.11.2014
Рецензент: Оливера Војновска
ПОЧИТУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА
Станува збор за сторија која не буди прашалници за нејзината веродостојност. Во неа се коректно нотирани изворите на информации и целосно е испочитувана вистината. Пренесени се сведоштва на жители од скопската населба Железара, експертски мислења (од Институтот за јавно здравје и од Клиниката за онкологија), изјави од Министерството за здравство, како и од невладината „Фронт 21/42“. Покрај тоа, презентирани се податоци од Светска банка и посочено е на законската регулатива која ја третира оваа проблематика.
Со консултирање компетентни соговорници, авторката преку една фина нарација (во која, меѓу другото, потсетува и на ветувања и изјави од Министерството за животна средина и просторно планирање), успеала да ѝ даде целовитост на темата и да го презентира проблемот од сите агли.
ОДГОВОРЕН НОВИНАРСКИ ТЕКСТ
Коментаторските елементи се одмерено употребени, повеќе како констатации при пренесување на изјавите на стручните лица, од чии искази, пак, јасно се гледа какви алармантни димензии добива проблемот.
„Концентрациите на аерозагадувaњето во текот на годината се во огромен процент над дозволените лимити….Фактички, само 20 или 30 отсто од годината имаме концентрации под тие 50 микрограми на честички ПМ 10. Тоа се огромни концентрации… Тоа е страшна пресија на живеење. .. Само во Скопје од околу 5000 смртни случаи кои годишно се регистрираат, 1200 се претпоставува дека се од аерозагадување.“ Драган Ѓорѓев, експерт по здравствена екологија од Институтот за јавно здравје
„…секоја година во државава се регистрираат 4.500 новозаболени од канцер. Од година во година се зголемува бројот на заболени од рак на бели дробови, а како главни причини се пушењето и загадувањето“, д-р Милан Ристески во Директорот на Клиниката за онкологија
Написот е добро осмислен и технички среден. Имаме содржински богат материјал, разбиен со меѓунаслови и со рамки, а посебен квалитет на текстот му дваат графиконите и табелите за:
„бројот на заболени од неоплазма (канцер) по општини“
„моменталната состојба на квалитетот на воздухот“
„најчетите загадувачки супстанци“
Ваквото графичко прикажување на податоците добиени од релевантни институции, на читателите им дава можност да добијат пообјективна слика за состојбата со аерозагадувањето. Така што, несомнено, оваа истражувачка сторија документирана со многу конкретни факти, претставува автентичен пример за еден одговорен новинарски текст што се чита во еден здив.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови