Рецензии

Рецензија: ВИДЕО: Поларниот студ во САД наменет бил за Србија, нешто тргнало наопаку?!

на 14. 01. 2014 | |
Лажна вест од српски хумористичен сајт nasapatka.rs,  која медиум ја пренесува како вистинска, најверојатно како резултат на невнимание и брзоплетост, осамна на неколку домашни сериозни информативни портали и генерираше доста негативни коментари. Веста за тоа дека, наводно, американскиот систем ХААРП, кој влијае на атмосферските прилики на планетава, наместо Србија, по грешка ги замрзнал САД, се појави, се разбира намерно, токму во време кога беа актуелни информациите во светските медиуми за огромните студови кои го зафатија поголемиот дел од САД и неа ја објавија неколку домашни медиуми. Тие паднаа во стапицата на кромид-новинарството и го објавија текстот во рубриката СВЕТ, која донесува сериозни содржини, за разлика од другите, кои или подоцна го повлекоа или, пак, го сместија во рубриките ХУМОР, ЗАНИМЛИВОСТИ 

Рецензија: Странските инвеститори со меморандум за соработка ќе ја подобруваат бизнис климата во земјата

на 14. 01. 2014 | |
Написот насловен како „Странските инвеститори со меморандум за соработка ќе ја подобруваат бизнис климата во земјата“, всушност, претставува еден екстензивен извештај од протоколарен настан во Стопанската комора. Основниот проблем  со текстот е што е фокусиран само на протоколот и воопшто не ја пренесува  главната поента од настанот: „Агенцијата за странски инвестиции ќе иницира изработка на нов извештај од независна ревизорска куќа, бидејќи се незадоволни од укажувањата во извештајот направен од страна на Државнииот завод за ревизија“  Што, пак, можеше да се види во дел од медиумите, а во некои тоа беше вест број еден во дневникот. Линк до оригиналниот напис: Странските инвеститори со меморандум за соработка ќе ја подобруваат бизнис климата во земјата Датум и време на објавување:

Рецензија: Стоилов на Фејсбук: Се моли маглата да не ја прави циганската, некои имаат меч утре!

на 13. 01. 2014 | |
Една можна небрежност, од една навидум едноставна новинарска постапка, создаде ситуација во која на површина излезе нагласување на еден стереотип, односно структурна дискриминација. За да бидеме веднаш конкретни и појасни, посегаме по анализата на проф. д-р Мирјана Најчевска под наслов „Структурна дискриминација – кога државата е на погрешната страна (1 и 2)“, во која е дадена прилично јасна претстава за тоа што претставува таа дискриминација: „Кога индивидуа или институција постапува согласно со прифатените норми на одредена заедница во однос на конкретни групи (етнички, религиозни, возрасни, родови) со негативни последици за членовите на овие групи, може да претпоставиме дека станува збор за структурна дискриминација.“ Во случајот на новинарската содржина што ја рецензираме, заклучуваме дека таа многу точно се вклопува во

Рецензија: Ѓорчев со трето дете, Јанакиески и Георгиев со второ, на Тушева прво

на 13. 01. 2014 | |
Редок пример на текст кој се ставил во функција да „остварува“ владина агенда, прикажувајќи ги резултатите на сите што „оствариле“ во 2013 година на полето на „бејби-бумот“ или се вклучиле во кампањата за трето дете. Намерно или не, авторот и медиумот, броејќи ги успесите на владините функционери и јавни личности, уште во самиот наслов прави лоша споредба, дискриминирајќи ја на највулгрен начин пратеничката на опозицијата, која има само едно дете, наспроти три или две колку што имале нејзините колеги –мажи од власта! Ако медиумот одел по принципот од најмногу кон најмалку деца, очекувано било да ги потенцира и пратениците и министрите кои немаат сѐ уште „остварено“ ниту едно дете, па така да ја  оправда негативната конотација од насловот, но тоа

Рецензија: Три години по смртта на храбриот Мухамед државата заборави на семејството

на 13. 01. 2014 | |
Во членот 1 од Кодексот на новинарите се вели: „Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи“ Во примерот што го анализираме, главната забелешка е непроверувањето на фактите, што во случајот е лесно изводливо и не би требало да претставува никаков напор ниту проблем за новинарот, туку негова основна задача. Користењето на извори и проверката на она што се изнесува се правила кои важат вообичаено и без исклучок во новинарството, но во ситуација како оваа, каде има починат и каде се известува за случај што привлекол огромно внимание на јавноста, тие методи стануваат уште посуштествени. Линк до оригиналниот напис: Три години по смртта на храбриот Мухамед државата заборави на семејството Датум

Рецензија: Општина Охрид: Лажната грижа е лицемерие на СДСМ, партија која ја дезинтегрираше општината

на 13. 01. 2014 | |
Медиумот не направил јасна дистинкција на тоа што го пренесува: дали станува збор за соопштение, авторски текст или компилација од реакции на претходно објавен текст, па од тој аспект објавениов текст е проблематичен по неколку основи. Во насловот се потенцира „Општина Охрид“ од што читателот би требало да заклучи дека станува збор за соопштение на Општината, но во текстот, на ниту едно место не е потенцирано дека станува збор за соопштение, реакција на Општината на некаква изјава, обвинување кон неа или реакцијата е за некаква активност или настан организирана од СДСМ, за да може да се види контекстот и целта на ова писание. Напротив, во текстот на неколку места се наведува „велат од Општина Охрид“ што му дава авторство на

Рецензија: Едно лице повредено во сообраќајка кај Карпош

на 13. 01. 2014 | |
„Новинарската фотографија е посебна област во журналистиката. Таа не тежи само кон пренесување на актуелната информација, туку, пред сѐ, да покаже целосна слика на стварноста, при што нејзиното значење се однесува на реалните елементи“ – вели Збигњев Вошчински, теоретичар на медиуми. Токму во овој сегмент оваа вест не  успева да го постигне основното ниво на професионалност, бидејќи наместо приказ од местото на настанот, ни нуди фотографија не само од друга локација, туку од сосема друга ситуација која за жал е една од најголемите сообраќајни трагедии во последните децении во земјава. Со тоа не само што се дезинформира публиката, туку можеби и се игра со чувствата на оние кои многу загубиле во страотната сообраќајка пред три месеци. Линк до оригиналниот напис:

Рецензија: Проблемот со Бугарија е потежок од оној со Грција

на 13. 01. 2014 | |
Повеќе пати сме објасниле дека насловот е реклама за текстот и  ја „продава“ веста. Тоа е точно, но овој наслов ни продал ,,мачка во вреќа“. Затоа што е директен, впечатлив, а со ништо не е оправдан во содржината на текстот. Насловот е срж, суштина на главната информација.
Во овој случај авторот како да заборавил што најавил во насловот и во информацијата не напишал ни збор со кој би ја оправдал најавата. Читателите останале измамени и сиромашни за најавената соджина. Затоа заслужува аргументирана негативна рецензија. Линк до оригиналниот напис: Проблемот со Бугарија е потежок од оној со Грција Датум и време на објавување: 10.01.2014, 14:34 Датум на рецензирање: 12.01.2014 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Во текстот, кој има аналитички претензии и користи

Рецензија: Холандската амбасада финансира опозиција и создавање парадржавни системи во Македонија

на 13. 01. 2014 | | sq, en
Пред нас е текст во кој се суспендирани сите етички и професионални новинарски стандарди. Овој шпекулативен редакциски материјал не посочува извори, нема факти и аргументација, туку тежи од обвинувања кон амбасaдата на Кралството Холандија. За неа се тврди, дека, наводно, со грант од 80.000 евра ќе финансира опозициски настроени медиуми и ќе работи против Владата и интересите на државата! „За намерата на холандската амбасада да работи против актуелната владејачка гарнитура и против Република Македонија говори и фактот дека еден од финансираните проекти е сајт на кој ќе се објавуваат податоците за сите медиуми во Република Македонија: кои се нивните основачи, колку пари вложиле, кои им се уредниците, колку новинари работат за нив, колку приходи и расходи оствариле во текот на

Рецензија: Риболовството извор на егзистенција за многумина велешани

на 13. 01. 2014 | |
Рецензираме новинарски производ, кој, според содржината, може да се дефинира како репортажа. Актуелна репортажа, која излегува од стереотипите кога е во прашање избор на настаните што заслужуваат новинарско внимание. Во време кога новинарите информациите што ги пренесуваат до читателите ги базираат главно на кабинетски матерјали, кои се само малку уреднички дотерани, авторот на овој текст излегол на терен, меѓу обичните луѓе и се соживеал со нивните егзистенцијални проблеми. Отворил тема која е сосема легитимна и од јавен интерес: „Како, и дали може во време на економска криза, невработеност, и беспарица да се преживее и од хоби, во овој случај од спортски риболов“.
Со сите недостатоци кои ги има како репортажа, таа заслужува позитивна рецензија, меѓу другото, и затоа