Рецензии

Рецензија: Оценувањето од Гемиус: Zhurnal.mk лидер за информирање на албански

на 21. 01. 2014 | | sq
Во ова статија се врши искривување на информации, пласирајќи една употребана вистина.  Иако во написот се служат со легитимни извори, јасен е неизабалансираниот пристап на авторот за го фаворизира положбата на порталот на кому и тој самиот му припаѓа. Во текстот се пласира информацијата дека според оценувањето на ALEXA, порталот Zhurnal.mk доминира како апсолутен лидер меѓу други албански портали. Ова  може да се забележи дека тоа не е точно по анализата на линковите дадени подолу, каде  се презентирани четири категории каде се мери популарноста на веб-сајтовите. Zhurnal.mk доминира само во две од нив, тоа во никој случај не го прави „апсолутен лидер“. Линк до оригиналниот напис: Оценувањето од Гемиус: Zhurnal.mk лидер за информирање на албански   Датум и време на објавување

Рецензија: Хрватска ја легализира марихуаната, Хрватите тргнуваат на туризам за Лазарат (видео)

на 21. 01. 2014 | | sq
Веста е основана врз едноставни коментари на веб страницата за размена на видео материјали, јутуб. Речиси сите информации кои се споменуваат како извори, не се ништо друго освен коментирања без кредибилност за да се основа една новинарска информација. Но, едно од главните прекршување во овај напис врз новинарските норми, се наоѓа токму на овој наслов, кој не само што ја дезориентира јавноста, но е и целосна фикција на авторот. Наводното тврдењето „Хрватска ја легализира марихуаната“, не само дека не може да се најде во текстот, но таква информација не е дадено во ниту еден од локалните и регионалните медиуми. Паѓа во вода остатокот на насловот, во која се наведува дека „Хрватите заминеле за Лазарат“. Ова, и покрај тенденцијата да се

Рецензија: ВО ТЕТОВСКО: Американец го истражува срушениот американски бомбардер

на 20. 01. 2014 | | sq
Репортажата за потрагата по остатоците од соборениот американски бомбардер од Втората Светска војна во тетовскиот крај и приказната поврзана со тој настан и луѓето кои учествувале во него, претставува вистинско освежување во инаку монотониот македонски медиумски простор. Освен што се работи за жанр на репортажа, кој мошне ретко осамнува на страниците на пишаните гласила, темата е одлично обработена. Репортажата е преполна со интересни податоци, изјави на упатени, ексклузивни фотографии, убаво заокружена и лесна за читање. Видлив е напорот на авторот, даден само со иницијали, темелно да ја истражи целата сторија, па конечниот производ јасно се издвојува од морето на безлични, жанровски нејасни и неоригинални новинарски производи, со кои сѐ почесто се полнат страниците на електронските и печатени гласила. Линк до

Рецензија: Професорка касапеше ученици, а нивните соученици уживаа во глетката

на 20. 01. 2014 | | sq
Во само што објавената новинарска лекција за фотографијата во медиумите, објаснивме дека новинска фотографијата може да предизвика силни емоции кај читателите. Сега рецензираме еден таков текст чија целосна содржина е, всушност, во фотографијата и видеото. Дали сме во право кога велиме дека вознемирува и предизвикува силни, па дури и страв и наеженост, погледнете сами. Што е најлошо, може да предизвика некого и сам да се обиде во ваков експеримент и да настрада, тој – или некој негов близок. Линк до оригиналниот напис: Професорка касапеше ученици, а нивните соученици уживаа во глетката
Датум и време на објавување: 14.01.2014,  19:15 Датум на рецензирање: 18.01.2014 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост:  Којзнае дали ова е вистина или не? Нема извор од каде веста и видеото

Рецензија: Досие-Милчин и Сорос ја создадоја новинарската проституција во Македонија

на 20. 01. 2014 | | sq
Има новинарски текстови кои кога ќе ги прочитате се прашувате: Зошто? Зошто е напишан овој новинарски текст? Дали открива нешто ново? Кого го засега? Може ли да предизвика некакви промени? Зошто? Можел ли авторот, наместо еден таков текст, да напише нешто што е вредно и достојно за вниманието на читателот? Внимателната рецензија на овој текст, според утврдената методологија на објективна евалуација, сугерира дека тој нема одговори на овие прашања. Рецензијата укажува дека овој текст е одговор на некои други прашања кои не се новинарски. Да видиме како го докажува тоа нашата постапка на деконструкција. Линк до оригиналниот напис: Досие-Милчин и СОРОС ја создадоја новинарската проституција во македонија Датум и време на објавување: 16.01.2014, 12:26 Датум на рецензирање: 17.01.2014 Рецензент: Зоран

Рецензија: Стечајците оптимисти дека овој пат ќе бидат обесштетени

на 20. 01. 2014 | | sq
Текстот што е пред нас уште со насловот „Стечајците оптимисти дека овој пат ќе бидат обесштетени“, сугерира дека сите стечајни работници во државата имаат надежи оти последниот владин предлог ќе стави крај на нивната долгогодишна голгота. Меѓотоа, материјалот што го рецензираме прикрива битни информации. Имено, во прилогот се дадени изјавите на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и на поранешниот претседател на Здружението на стечајните работници, Стојан Стојанов. Но, нема ниту збор за  кумановските и кочанските стечајци, кои не се задоволни од понуденото решение и се сомневаат дека се работи за предизборен трик. Нивната реакција ја пренесоа дел од медиумите и таа дава поинаква слика на приказната. Линк до оригиналниот напис: Стечајците оптимисти дека овој пат

Рецензија: Заеви во 2012 година тежеле речиси 12 милиони евра

на 20. 01. 2014 | |
„Речиси 12 милиони евра (или точно 733.898.440 денари) тежеле во 2012 година фирмите што ги поседуваат најблиски роднини и пријатели на лидерот на СДСМ и струмички градоначалник Зоран Заев. „Дневник“ дојде до документите што укажуваат на билансите со сметководствената вредност што овие фирми ги направиле на крајот од 2012 година. Притоа нето-добивката што ја оствариле таа година изнесувала 2 милиона евра. Заев, никаде не фигурира како сопственик на фирма или, пак, некое одговорно лице, но се работи за 20 фирми кои гласат на таткото, братот и на чичкото на Заев, потоа на неколку братучеди, зетот, како и на ортакот на Заеви во неколку фирми – Горан Kрстев и неговиот татко. Лидерот на СДСМ во интервју за МТВ процени дека богатството

Рецензија: Кредит од 5 милиони евра ќе подигне Град Скопје за подземната сообраќајница

на 17. 01. 2014 | |
Станува збор за опсежен, сеопфатен и коректен извештај од лице место за напорите на Град Скопје да изгради подземна сообраќајница во центарот на главниот град. Проблемот е само што е погрешно објаснет начинот на кој Градот има намера да дојде до почетниот капитал за овој проект. Оваа грешка е несреќно повторена и во насловот, што претставува значителен проблем зашто тука веќе се навлегува во дезинформирање од небрежност. Линк до оригиналниот напис: Кредит од 5 милиони евра ќе подигне Град Скопје за подземната сообраќајница Датум и време на објавување: 16.01.2014, 11:47 Датум на рецензирање: 17.01.2014 Рецензент: Владимир Петрески Вистинитост: Овде лежи главниот проблем со овој извештај. Еве го спорниот дел:   „Со вкупно 300 милиони денари, или 4,88 милиони евра, ќе

Рецензија: Што откриваат задолжителните превентивни прегледи?

на 17. 01. 2014 | |
Еден од гуруата на онлајн медиумите, кој многу се занимава со навиките на корисниците на интернет, Јакоб Нилсен , вели дека читателите веб содржините прво ги скенираат, па дури потоа ги читаат. Тоа значи дека погледот на корисниците на медиумските содржини пред компјутерире „шетаат“ со очите на насловите, поднасловите, издвоените поенти во антерфилеата, фотографиите и другите графички содржини, па дури потоа одлучуваат дали ќе го прочитаат целиот текст или ќе одат на друга интернет страница. Така вели и колегата Писарев во неговата лекција „Опрема на текст – наднаслов, наслов, поднаслов,“ каде што истакнува дека: „Читателите најчесто се задржуваат на оние вести и информации кои имаат добра опрема и кои најмногу им го привлекуваат вниманието. Некои текстови веројатно никогаш не ги

Рецензија: Сарачини: Трансферите од дијаспората да се конвертираат во конкретни инвестиции

на 17. 01. 2014 | |
Пред само нешто повеќе од еден месец, на истото ова место, рецензиравме вест од истиот медиум, кој го цитира истиот овој политичар како кажува целосно неточни податоци за познати економски показатели без момент пауза, иако погрешните податоци едноставно мораа да предизвикаат сомневања. Сега, само 6 недели подоцна, повторно се наоѓаме во сосема иста ситуација. Повторно истиот медиум го цитира истиот политичар, како повторно кажува исто неточни, но добро познати податоци за уште подобро и пошироко познати економски показатели, кои повторно не предизвикале ни момент пауза пред да се објават. Со оглед на фактот што и во двата случаи станува збор за вести објавени од страна на националната информативно-новинска агенција, и оваа вест, исто како и онаа пред шест недели, некритички