Рецензии

Рецензија: Испочитувани изборните рокови

на 9. 04. 2014 | |
„Измените на Изборниот законик од јануари претставуваат напор да се одговори на најголем дел од препораките. Сепак, голем број прашања што предизвикуваат загриженост остануваат неодговорени, вклучувајќи го и прашањето за нееднаквост на гласовите од гласањето во земјата и во странство, нееднаквост на мандатите на парламентарните избори во странство, и условот за обезбедување најмалку 40 отсто излезност во вториот круг на претседателските избори, оцени вчера набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во својот периодичен извештај од мониторирањето на изборниот процес“. Тоа е воведот и речиси крајот од веста за извештајот на оваа значајна набљудувачка мисија за изборите што ни претстојат. Веста има по една реченица за одделните забелешки, иако тие се многу подетално елаборирани и тоа со забелешки што одат и на сметка

Прикажување на младите како „инвалидизиран“ дел на општестовото

на 9. 04. 2014 | |

[Рецензија на напис/ТВ прилог:

107 евра повеќе годишно за секој пензионер во 2014]

Дали перспективата на Македонија е во пензионерите, или пензионерите се перспективни гласачи на актуелната власт и затоа треба да се потсетат што сé владата направила и ќе прави за нив. Притоа, отворено е маргинализирана младата генерација која според содржината на овој текст во иднина, наместо да го понесе товарот на општеството, својата перспектива треба да ја гледа во „паразитирање“ врз зголемените пензии на своите родители. Да не е тажно би било смешно. Линк до оригиналниот напис: 107 евра повеќе годишно за секој пензионер во 2014
Датум и време на објавување: 05.04.2014 Датум на рецензирање: 07.04.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ИНВАЛИДИЗИРАЊЕ НА МЛАДИТЕ

Основата на новинарството е објективноста,

Рецензија: ФОТО: Над 100.000 граѓани на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

на 8. 04. 2014 | |
Темата со масовноста на политичките митинзи, посебно во предизборна кампања, најверојатно е стара колку и политиката. Секогаш оваа појава, а зачудувачки премногу во Македонија, се експлоатира од политичките ривали, како да станува збор за тоа колку гласови добиле на избори, а не колку луѓе донеле со автобуси. Сите политички партии, посебно за митинзите во Скопје, товарат автобуси со членови и ги носат до самото место на митингување. Затоа тука се спорни два елементи. Првиот, дали е точна констатацијата (преточена во наслов), дека во Скопје митингувале 100.000 граѓани, или, пак, е пореално да се каже дека во Скопје дошле на митинг 100.000 граѓани од цела Македонија. И вториот проблем е навистина колку луѓе имало. Каков што, впрочем, имаме и во текстот

Рецензија: Анализа за реториката во досегашниот тек на претседателската кампања

на 8. 04. 2014 | |
Прилогот што го рецензираме има амбиција да се нарекува анализа, дури има и таков наслов: „ Анализа за реториката во досегашниот тек на претседателсската кампања“ . Па, во самиот старт ја  доведува во заблуда публиката, која во една новинарска анализа за изборите очекува да види објективен пресек на настапите, вокбуларот и пораките, кои од митинзите ги испраќаат учесниците во претсдателската изборна трка. Но, напсроти претензиите, овој материјал ни случајно не може да се оквалификува како анализа. Тој просто зрачи од тенденциозност и пристрасност. Линк до оригиналниот напис: Анализа за реториката во досегашниот тек на претседателската кампања Датум и време на објавување: 4.04.2014, 17:55 Датум на рецензирање: 5.04. 2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ВИРТУЕЛНИ ЕКСПЕРТИ

Оваа медиумска содржина, која се затскирва зад

Рецензија: ФОТО: Црвенковски идол и на други опозиционери

на 8. 04. 2014 | |
Личниот опис на спинот, онаков каков што е претставен во учебниците, овде е доведен до пар екселанс. Искористен најлесниот начин по шаблон да се спинува. Имаме фотографија за која не се знае од кога датира и по кој повод е снимена, која се презема и се претставува како „доказ“ за приврзаност кон одреден политичар. Се разбира дека единствената логична причина зошто тоа се прави сега, е за одреден центар на политичка моќ да добие поени во предизборието. Новинарските стандарди во овој текст се умрени и закопани. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Црвенковски идол и на други опозиционери Датум и време на објавување: 02.04.2014, 16:55 Датум на рецензирање: 05.04.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитоста не може да се утврдува таму кај што

Рецензија: По понизните молби до Тачи, Заев му се додворува на Ахмети

на 8. 04. 2014 | |
По низата текстови насочени против опозицискиот кандидат за претседател, нагло зачестија и написите кои го омаловажуваат раководството на најголемата опозициска партија, очигледно за да ѝ се наштети во претстојната трка. Значи, лесно е да се утврди „зошто“, а уште полесно е да се одговори „затоа што“ во ова четиво зад кое очигледно има повеќе политички, отколку новинарски мотив. Содржината, која е многу „тенка“, е силно проткаена со партиски „инспирирани“ коментари без некоја особена новинарска ангажираност и со јасно занемарување на професионалните стандарди. Линк до оригиналниот напис: По понизните молби до Тачи, Заев му се додворува на Ахмети Датум и време на објавување:  04.04.2014, 14:50 Датум на рецензирање:   05.04.2014   Рецензент:  Владимир Мирчески  

МНОГУ ШПЕКУЛАЦИИ И „РЕКЛА-КАЗАЛА“ ТЕЗИ 

Тешко е проверлива евентуалната

Рецензија: Повлекувањето на раководството на СДСМ од соочување го изреволтира членството

на 8. 04. 2014 | |
Рецензираме текст во кој има сé што не би требало да има. Отворено навивање и заземање страна на една политичка опција, сатанизација и дискредитација на политичкиот противник и насилничко наметнување став кој граѓаните треба да го следат при донесување одлука за кого да гласат. Линк до оригиналниот напис: Повлекувањето на раководството на СДСМ од соочување го изреволтира членството Датум и време на објавување: 1.04.2014, 18:24 Датум на рецензирање: 4.04.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ВИСТИНАТА ВО „КОРПА ЗА ОДПАТОЦИ“

Можеме едноставно да заклучиме дека информацијата, која им е упатена на граѓаните, не е објективна, а нејзината вистинитост е под сериозен знак на прашање. А вистинитоста и објективност се главни постулати на содржината на новинарскиот произвиод и на новинарската професија. Зошто вистинитоста

Газди и квази-новинарство: Дискредитирачки коментар маскиран во извештај

на 7. 04. 2014 | |

[Рецензија на напис: Кој му е газда на Пендаровски?]

Веќе самиот наслов го подготвува читателот за тоа што е намерата и каква е содржината на четивото кое му се нуди. Користејќи го исказот на Стево Пендаровски во својство на кандидат на СДСМ за претседател на државата, искажан на предизборен митинг, дека шефот на државата не смее да има газда над себе, насловот поставува прашање: кој му е газда на Пендаровски?

Рецензија: И членството не прифаќа одговорност за поразот на СДСМ

на 7. 04. 2014 | |
Како подзаборавени се избалансираноста и непристрасноста во известувањето за чинителите во изборниот процес. Овие стандарди не се посочени туку-така. Напротив, тие се од суштинско значење кога граѓаните треба да го донесат судот при одлучувањето зад параванот. Во случајов, пристрасноста се забележува уште во самиот наслов каде се инсинуира пораз на една политичка партија и покрај тоа што изборите уште не се одржани. Тоа е во директ ен судир со членот 14 од Кодексот на новинари каде пишува: Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. На ова се надоврзува и жанровската недефинираност на напишаното, со оглед на тоа што не содржи нови информации за да биде

Рецензија: Блокирани сметките на Актор, Европската комисија ги повика властите на истрага

на 7. 04. 2014 | | sq
Навистина ми се прави голем мерак кога по подолг период имам можност да прочитам квалитетно новинарско четиво како што е ова. Школски пример за добро одработен текст кој се занимава со исклучително важна тема – сериозни индиции за корупција на високо ниво. Написот добива на тежина и со самиот факт зашто открива нови, многу важни моменти од целиот случај инаку првично обелоденет од опозицијата. Значи, имаме голема вест, кредибилни извори, теренско истражување, што значи сите елементи за одлична новинарска сторија. Линк до оригиналниот напис: Блокирани сметките на Актор, Европската комисија ги повика властите на истрага Датум и време на објавување:  02.04.2014, 14:59 Датум на рецензирање:  03.04.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

„БОМБА-ИНФОРМАЦИЈА“ НОВИНАРСКИ ПОКРИЕНА ОД СИТЕ СТРАНИ

Темата која се обработува е