Рецензии

Рецензија: Пендаровски проговори за резилот на дебатата на МТВ: Не ми беше ќеф

на 14. 04. 2014 | |
Кодексот на новинарите во членот 14 утврдува дека кога се известува од изборите, тоа треба да се прави непристрасно. Ова не важи само на денот на изборите, туку во целиот предизборен период и се однесува на  сите настани кои директно или индиректно би можеле да повлијаат на изборниот резултат. Медиумите имаат уредувачка политика што ги дефинира нивните стојалишта кон општествените процеси, но за сметка на тие стојалишта читателот не смее да остане неинформиран или половично информиран за активностите на сите учесници во кампањата. Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. Во текстот што го рецензираме не е испочитуван овој постулат и изјавата не е пренесена

Транспарентност е да одговараш и кога не те прашуваат

на 14. 04. 2014 | | sq

[Рецензија на текст:

Ристовски најави многу позитивни работи за студентите и младите]

Непрофесионално е медиум да прави сензација од комуникација на министер од многу важен ресори со 273 фанови на ФБ и да го прикаже како транспарентен, зашто одговорил на поголем дел прашања. Каде е во цела оваа ФБ турлитава јавниот интерес? Ако ги погледнете прашањата кои му беа поставени на министерот, тие се однесуваат на лични и поединечни проблеми од типот, кога ќе се вработам, кога ќе стигнат стипендиите, ќе има ли партиципација за ова или она… Линк до оригиналниот напис: Ристовски најави многу позитивни работи за студентите и младите  Датум и време на објавување: 08.04.2014, 17:23  Датум на рецензирање: 09.04.2014  Рецензент: Александар Писарев

ПЕПЕЛ ВО ОЧИ

Јасно е,

Рецензија: Аналитичари: Ароганција на Пендаровски – навреда до гледачите

на 14. 04. 2014 | |
Речиси половина медиуми во земјава во вторникот излегоа со наслови во кои стои дека Пендаровски бил арогантен, во разни варијации. Овој прилог во таа алка се разликува по широчината на „опфатот“, иако, и покрај големата минутажа на ТВ прилогот, самиот наслов и поднасловот не се оправдани. Нема никаква множина од експерти кои би потврдиле дека Пендаровски е арогантен, текстот главно се базира врз цитати на поранешниот претседател Бранко Црвенковски (!) а „гревот“ на Пендаровски е што тој му бил советник. Во прилогот се користат прилики да се уфрлат и коментари на потписничката на прилогот (мешање на жанрови) и одново се вади еден веќе анализиран во Проверка на факти спин – дека кандидатот за претседател на опозицијата можеби би им го

Рецензија: Ароганција, навреди и потценување на сите кандидати – Се вади ли Пендаровски за катастрофалниот настап на дебатата?

на 14. 04. 2014 | |
Лошо – тоа без каква било грижа на совест може да се каже за овој текст. Слабата оценка, прашање е дали воопшто може така да се нарече, е заслужена поради неколку работи: спин, извртување ставови, отсуство на извори, пристрасност, слаба новинарска ангажираност, селективно вадење на изјави од „нафталин“, итн. Но, она што е главна одлика на понуденото е, пред сѐ, политичкиот „двознак“ – навивачки за власта, омаловажувачки за опозицијата. Дека станува збор за оркестрирана акција зборува и фактот дека написи слични на овој се појавија на низа други медиуми кои, сакале да признаат или не, важат и се блиски до владејачката партија. Линк до оригиналниот напис: Ароганција, навреди и потценување на сите кандидати – Се вади ли Пендаровски за катастрофалниот

Рецензија: Девојче со жилет го испиша името на Даниел на раката (ФОТО)

на 14. 04. 2014 | | sq
Доколку и овој медиумски прекршок на приватноста помине без реакција и последици, џабе ни се и Совет за честа на Здружението на новинарите и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и со алармантен знак треба да се објави дека е време за граѓански медиумски стражи. „Новинарскиот текст“ што го рецензираме, објавен на интернет портал прогласен за вебсајт на годината, освен што прекрши дури 4 членови од Кодексот на новинарите (членовите 7, 8, 9 и 17), насилно ја прекрши и Конвенцијата за правата на децата на Обединетите нации, како и општоприфатените стандарди кои наложуваат дека е строго забрането манипулирање со детските емоции, инсистирање на повторно преживување на траумата и објавување идентитетот на детето. Згора не сѐ, и последователно на

Рецензија: Јатрви со тегли и керамиди расчистувале сметки

на 10. 04. 2014 | |
Јатрви се степале, но медиумскиот сеир личи како да бил важна причина да не се пропушти регистрирањето на овој „исклучителен настан“. Значи: новинар, снимател, камера, автомобил, уредник и една национална телевизија се погрижиле овој „исклучителен настан“, оваа „медиумски вредна информација од посебен јавен интерес“ да биде соопштена во централните информативни емисии на телевизијата со национална концесија… Линк до оригиналниот напис: Јатрви со тегли и керамиди расчистувале сметки Датум и време на објавување: 06.04.2014, 14:15 Датум на рецензирање: 08.04.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Кога се во прашање вакви тривијализирани медиумски содржини за кои со право се прашуваме и ние и публиката каква вредност имаат како информација, секогаш сме во дилема дали Сервисот за проверка на фактите од медиумите треба да се занимава

Рецензија: Жена од Сараево тврди дека знае што се случило со исчезнатиот малезиски авион

на 10. 04. 2014 | | sq
Шпекулациите со малезискиот авион траат од дента кога тој исчезна. Секојдневно се појавуваат нови и нови продолженија од приказните за некакви заговори, чудни случувања и настани од „трето око“. Приказната со малезискиот авион, како ретко досега, предизвика шпекулации во сите земји од светот, а зачудувачки е интересот во балканските земји. Овојпат имаме за рецензија текст кој македонски медиум најверојатно го презел од некој босански, но не е наведено од кој. Една жена тврди дека авионот „е жив и здрав“. И тука почнува и во исто време завршува приказната. Информација која се објавила колку да има нешто за авионот и денеска, со мисла дека ќе предзвика читаност. Но, се гледа дека ваквите „закачки“ веќе не се интересни за читатлите. Линк до

Рецензија: Крајот на една Рејтинг агенција

на 10. 04. 2014 | |
Едно истражување на јавното мислење во пресрет на претседателските избори во Република Македонија минатата недела во голема мерка ја разбранува јавноста и генерираше жолчни реакции како кај владеачката ВМРО-ДПМНЕ, така и во медиумите кои ја поддржуваат. Беа извадени аргументи дека се работи за нестручно, партиски пристрасно истражување на јавното мислење, иако оваа агенција порано во повеќе наврати исправно ги прогнозираше изборните победи токму на ВМРО-ДПМНЕ. Типичен пример за тоа колкава провокација беа прогнозите на агенцијата Рејтинг е и написот кој е предмет на рецензијава, бидејќи е срочен со невообичаено голема доза за личен револт и анимозитет, кои провејуваат од првиот до последен напишан ред. Иако се работи за текст во кој не само што се анализира, туку и се коментира

Сериозна дебата претворена во текст „гранапче-муабет“

на 9. 04. 2014 | |

[Рецензија: Целосна доминација на Иванов во телевизиската дебата,

Пендаровски без контрареплики (ВИДЕО)]

Многу, многу „тенок“ текст, со целосно навивачки карактер, без каква било изграденост на тези и уште помалку нивна соодветна аргументираност. Имаме јасно отсуство на правилен „тек“ во раскажувањето на приказната без продлабочено и аналитично објаснување зошто толку „цврсто“ се тврди дека имало „целосна доминација на Иванов на на телевизиската дебата“. Сето тоа, пак, зачинето со „искасапено“ видео-парче од соочувањето на четворицата претседателски кандидати, недвосмислено укажува дека имаме работа со партиски материјал пуштен во „оптек“ исклучиво заради пропагандни цели.  Линк до оригиналниот напис: Целосна доминација на Иванов во телевизиската дебата, Пендаровски без контрареплики (ВИДЕО) Датум и време на објавување: 05.04.2014, 22:03 Датум на рецензирање: 07.04.2014 Рецензент: Владимир Мирчески

Рецензија: Скопје: За време на свадба младоженецот ја фатил невестата со кумот!

на 9. 04. 2014 | |
До моментот кога почнуваме да го рецензираме овој медиумски производ, вкупно 15.500 луѓе го прочитале овој сензационалистички, неверодостоен и дефинитивно не од јавен интерес – текст. Ако порано важеше дека хартијата трпи сѐ, сега интернет просторот остава слобода за буквално сѐ. Разликата меѓу медиумите на интернет и самиот интернет е во стандардите и во она што е вест-вредно. Дали е вест-вредно и од јавен интерес оваа информација, дури и да е вистинита? Се разбира дека не. Оваа информација не вклучува јавни личности, не објавува ненаменско трошење на јавни пари, злоупотреба на функција. Сепак, многумина би сакале да ја прочитаат и да ѕирнат во приватноста и во семејните драми на обичните луѓе. Работата на медиумот е да го направи балансот и