Рецензии

Рецензија: Народот одлучува какви дела остават зад себе Груевски и Заев

на 23. 04. 2014 | |
Текстот кој го рецензираме, покрај нарушување на многу одредби на домашните и меѓународните  кодекси и стандарди, не направил разграничување меѓу рекламирањето и новинарски текст со илустрација, што е спротивно на членот 6 од Кодексот на новинарите на Македонија. Линк до оригиналниот напис: Народот одлучува какви дела остават зад себе Груевски и Заев
Датум и време на објавување: 21.04.2014, 12:54 Датум на рецензирање: 22.04.2014 Рецензент: Александар Писарев  

САМОУКИНУВАЊЕ НА НОВИНАРСТВОТО

Ова е еклатантен пример и илустрација на сепоприсутна тенденција на самоукинување на новинарството во македонската  професионална пракса и поставување на медиумот исклучиво во  ПР функција на партискиот интерес. Така што, сите елелменти на овој текст предизвикуваат ефект  на „партиско гласило“. …„Зад Груевски стојат 550 милиони евра субвенции кои завршија кај

Минијатура на махерите на спинот

на 23. 04. 2014 | |
Во теоријата, најчеста дефиниција за спинот е дека тој е форма на пропаганда, која се постигнува преку обезбедување на интерпретација на одреден настан или кампања, за да го убеди јавното мислење во корист, или против, одредена организација или јавна личност. Имајки ја оваа дефиниција, ви нудиме, почитувани читатели, вие самите да определите дали има спин во насловите на овие две вести во еден ист медиум: Вест број 1: „Поевтинуваат бензините и дизелот„ (објавена на 13 јануари 2014 13:56) Вест број 2: „Одредени нови цени за бензините и дизелот“ (објавена на 22 Април 2014 12:26) Во првата вест фактичката ситуација е дека е постигната согласност за пониска цена на бензините и медиумот за да ја афирмира оваа информација во насловот го

Рецензија: Непризнавањето на изборните резултати значи талибанизација на државата

на 23. 04. 2014 | |
Следува рецензија на еден новинарски текст без видлива ознака дали се работи за мислење, коментар. Тоа е елементарното правило во опремувањето на новинарските текстови за да се издвои она е што е авторско мислење од анализа, која, колку и да е искусен новинарот, мора да се потпира на извори, изјави, референци… Тоа ја прави разликата меѓу мислењето и анализата. Текстот се повикува на наводно изречени или напишани мислења на новинари или аналитичари кои новинарката им ги припишува на партиски членови на СДСМ или на медиумски претставиници, но нема ниту една поткрепа со цитат или укажување кој, кога и каде најавил непризнавање или бојкот на изборните резултати. За волја на вистината, лидерот на најголемата опозициска партија во интервју за еден медиум

Рецензија: „Новото лице“ на опозициската бесмисленост

на 23. 04. 2014 | |
Ова е еден текст за чудење, кој, всушност, е солење памет. Ете ако сакаме во една реченица така би го оквалификувале ваквиот новинарски пристап. Текст кој не е ставен во рубрика анализа, туку во ударните вести во рубриката Македонија. Линк до оригиналниот напис: „Новото лице“ на опозициската бесмисленост Датум и време на објавување: 19.04.2014, 10:06 Датум на рецензирање: 22.04.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КАША ОД ТЕКСТ

Во оваа каша од текст не може да стане збор за вистина. Нема податоци, нема факти, нема докази, само нафрлени тези и омаловажување. Затоа и не се трудиме да бараме дали е нешто вистина затоа што нема да знаеме од каде да почнеме. Ако ова може да се смета за издржан пасус, тогаш не

Рецензија: Економските аналитичари за програмите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ

на 23. 04. 2014 | |
Затскривајќи се  зад плаштот  „економски аналитичари“, овој напис отворено ја величи изборната програма на владејачката партија.  Воспевањето на новите проекти кои ги најавува власта се прави толку многу нагласено што делува  невкусно. „64 илјади нови работни места, отворање нови фабрики, зголемување на платите и пензиите, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ со сериозна економска програма излегува на овие предвремени парламентарни избори. Се тврди дека ова е најдобрата, најобемната политичка програма кој досега била составена за избори…“ Линк до оригиналниот напис: Економските аналитичари за програмите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ Датум и време на објавување: 19.04.2014, 14:59 Датум на рецензирање: 21.04.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ПОРТОКАЛОВА СЛАВОПОЈКА

Прилогот се темели на  Програмата  насловена: „Проверено“  и нема зошто да се сомневаме дека податоците кои се

Рецензија: Македонец на Харвард

на 23. 04. 2014 | |
Една од клучните вести во празничниот „репертоар“ на МТВ, која не беше врзана за изборите е онаа за едно наше момче кое добило стипендија и ќе замине на Харвард. Иако се работи за телевизија, добивме визуелно статичен прилог во кој нема речиси никаков податок, па може да биде предаван на високите школи по новинарство како анти-вест. Иако се работи за телевизија, добивме визуелно статичен прилог во кој нема речиси никаков податок за материјата која е предмет на изветување, па веста може да биде предавана на високите школи по новинарство како типична анти-вест, односно како новост во која ги нема основните одговори на природната љубопитност за нешто што ќе се најде пред вас, макар и во еден продолжен празничен викенд. И

Рецензија: ВИДЕО: “Непатриотска„ агенда на ДУИ, „името„ единствена преокупација

на 22. 04. 2014 | |
Текст со малку или без никакви извори. Овој напис кој што е објавен како вест, ги исполнува условите за да биде солиден коментар од авторот. А сепак, во ниту еден слушај не ги исполнува условите за да биде вест и информација. Целата содржина, вклучувајќи го тука и „привлекувачкиот„ наслов, ја коментираат агендата на Демократската Унија за Интеграција, притоа не повикувајчи се на ниту еден извор. Некои факти кои се веќе познати, се сервирани ваму-таму, меѓутоа никаде не е пренесена некоја изјава со која би се поткрепиле наводите. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: “Непатриотска„ агенда на ДУИ, „името„ единствена преокупација Датум и време на објавување: 03.12.2013 Датум на рецензија: 03.12.2013 Рецензент: Гент Мехмети Веродостојност: Поради недостаток на извори, отежнат е

Рецензија: ЕУ повеќе загрижена за рускиот гас отколку за Украина

на 22. 04. 2014 | |
Во изминатиот период кризата во Украина беше тема на поголем број текстови во домашните медиуми. Забележливо беше дека дел од нив содржеа одредена навивачка компонента по различни основи: дали тоа било за украинската опозиција, дали за сега веќе соборениот претседател, дали за народот на улица, дали е оправдана таквата промена на власта, дали бил државен удар, дали сѐ е „масло“ на САД и сојзузниците, дали чекорите на Русија се легитимни, дали тоа требаше да му се случи на Крим, кој прв почнал во источна Украина. итн. Неспорно е дека има многу нејаснотии и „сиви“ елементи во целата исклучително комплексна ситуација, премногу глобални испреплетени интереси, високи политички цели. Затоа, барем според мене, во отсуство на проверени информации од кредибилни извори или

Прикриени информации за да помине невистината

на 22. 04. 2014 | |

[Рецензија: СОЦИЈАЛИСТИЧКА ИНТЕРНАЦИОНАЛА – СДСМ ѝ останува верен, Дачиќ ја напушта]

Ова е уште еден текст од оние за кои пред да почнат да се пишуваат се исцртуваат рамките и тезите кои треба да се поентираат. Доколку не е така, тогаш се работи за недозволива небрежност да се проверат фактите, бидејќи тие се сосема спротивни од она што го застапува овој текст. Како прво „застапувањето“ не е работа на новинарите, а како второ и во двата случаи, и да е однапред подготвена тезата, и ако се работи за небрежност, всушност зборуваме за непрофесионалност и за непочитување на новинарските стандарди. Линк до оригиналниот напис: СОЦИЈАЛИСТИЧКА ИНТЕРНАЦИОНАЛА – СДСМ ѝ останува верен, Дачиќ ја напушта Датум и време на објавување: 14.04.2014, 13.22

Рецензија: 400 вработувања во здравство, дали ќе има правично застапување

на 22. 04. 2014 | | sq
Се работи за напиц кои што директно се коси со точката тринаесет (13) од Кодексот на новинарите, која што вели: „Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот Во овој напис се приметува обид за претставување на предвидувањата и личните ставови како факти. Aвторот прави фама од 400 нови вработувања во Министерството за Здравство, меѓутоа во контекст на правичното застапување, кое што тој го доведува под знак прашалник поради личните проценки на ситуацијата. Ова е една негативна појава кој што не треба да се толерира при известувањето. Линк до оригиналниот напис: 400 вработувања во здравство, дали ќе има правично застапување Датум и време на објавување: 27.11.2013 Датум на рецензија: 02.12.2013 Рецензент: Гент Мехмети Веродостојност: