Рецензии

Рецензија: Ова е најубавата вест за денеска

на 29. 04. 2014 | | sq
На една вообичаена, сосема регуларна сервисна информација која се однесува на временската прогноза ѝ се дава сосема невообичаен, претерувачки наслов кој не само што покажува став на авторот кон темата и е субјективен, туку и не соодветствува воопшто со содржината на текстот. Со други зборови, доколку едно нешто за некого е најубавата вест во денот, за друг тоа не е, а читателот самиот треба да донесе суд. Со датумот на објавување на текстот коинцидира и верскиот празник Велигден, па се наметнува и прашањето дали читателот од христијанска вероисповед нема да помисли дека станува збор за објава поврзана со Христовото Воскресение. Линк до оригиналниот напис:  Ова е најубавата вест за денеска Датум и време на објавување: 20.04.2014, 9:12 Датум на рецензирање:

Рецензија: Бездомни кучиња спасиле паднат човек на паркинг

на 29. 04. 2014 | | sq
Основната причина поради која се решивме да го рецензираме овој текст е аголот на приказната и нејзината необичност, а во исто време едноставност. Човечката димензија во новинарските текстови, особено кога се третираат теми од општествениот живот кои ретко се пишуваат надвор од шаблонот, веднаш паѓа во очи и им дава на сториите веродостојност. Човечката димензија ја прави оваа сторија интересна за читање и го моделира јавното мислење суптилно и аргументирано. Таа на „герилски“ начин влијае врз јавното мислење, при што се претставува агол и страна на приказната која ретко е застапена. Во секој случај, за пофалба. Линк до оригиналниот напис: Бездомни кучиња спасиле паднат човек на паркинг Датум и време на објавување: 14.04.2014 Датум на рецензирање: 18.04.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс

Рецензија:Скандал: Возрасна жена почина на влезот на „Зелено Пазарче“- повеќе од час никој не дојде да го земе безживотното тело

на 29. 04. 2014 | |
Фотографија на мртва жена покриена со чаршав, легната на плочник, бомбастичен наслов кој раскажува сѐ , куди и осудува, непотребна драматизација, пристрасно коментирање и некоректен однос кон засегнатите страни, сето ова е проблем во врска со текстот кој е предмет на рецензијава. Разголувањето на интимата на еден човек во моментот на неговата смрт, недостоинственоста на ситуацијата во која тој го завршил животот, болката на најблиските, кои треба да се соочат и со смртта на саканата личност, сето тоа е дополнето и со сеирџискиот сензационалистички пристап во известувањето во овој напис, кој е евидентен.   „Правото на јавноста да биде информирана не може да биде оправдување на потребата од сензација.“      „Кога известуваат за настани кои предизвикале лични трагедии, болка и шок

Текст со хушкачки елементи

на 28. 04. 2014 | | sq

[Рецензија: Која е невладината „Цивил“?]

Членот 10 од Кодексот на новинарите е јасен: „Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).“ „Новинарскиот“ текст што го рецензираме ги прекршил речиси сите точки на препораките на овој член од новинарскиот кодекс. Текстот узурпира човекови права и слободи зашто проблематизира дека некој, или некоја организација, се бави токму со тие прашања; текстот „говори“ со јазикот на омразата и дискриминацијата: и, во него има неточни и нецелосни податоци во поврзани со проектот што за Советот за радиодифузија (СРД) го

Рецензија: Заев бара да има избори во Македонија се додека СДСМ не победи?!

на 28. 04. 2014 | |
Станува збор за еден целосно необјективен напис кој просто тежи од тенденциозност уште од насловот: „Заев бара да има избори во Македонија се додека СДСМ не победи?!“  Во овој неизбалансиран и  политички некоректен текст, надвор од  востановените стандарди на етички исправното новинарство, во самиот старт е видлива намерата да се дискредитира  најголемата опозициска партија, пред сѐ, нејзиниот лидер. Притоа, не се избираат зборови за да се оцрни личноста на претседателот на СДСМ, а навредливиот тон се граничи со безобразие и примитивизам. Линк до оригиналниот напис: Заев бара да има избори во Македонија се додека СДСМ не победи?! Датум и време на објавување: 27.04.2014, 19:32 Датум на рецензирање: 27.04.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

СПИНЕРСКА КОНСТРУКЦИЈА

Текстот користи официјални и неофицијални извори при

Рецензија: Заев загубен во просторот и во времето

на 28. 04. 2014 | |
Тоа што е напишано во овој текст е премногу за кој било „читателски стомак“. Некои формулации, особено во првиот дел од написот, не се „варат“ ниту со силни лекови за подобра дигестија. Донекаде би било разбирливо, имајќи ја предвид политичката култура во земјава, таквите реченични конструкции да си најдат место во настап на некој политичар, но тоа да го стори еден медиум апсолутно  е неразбирливо. Изнесеното не само што е во спротивност со професионалните стандарди, туку е надвор и од критериумите за каков било вкус. Линк до оригиналниот напис: Заев загубен во просторот и во времето Датум и време на објавување:  27.04.2014 19:43 Датум на рецензирање:  27.04.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ОВА НЕ Е НОВИНАРСТВО 

Имаме исклучително проблематичен материјал по неколку

Рецензија: Оваа жена треба да ја уапсат! И се заканува казна од 3 години затвор

на 28. 04. 2014 | |
Професионално е и за пофалба да се известува за изборните нерегуларности. Улогата на новинарот на „куче-чувар“ на политичките процеси и коректор онаму каде што затајува правниот систем е од суштинско значење за демократијата. Меѓутоа, за ова има граници. Новинарот може да посочи што видел, да биде сведок и да помага органите на власта да го спроведуваат правото. Ама, не може да им кажува што „треба“, зашто новинарите не се судии. Во оваа рецензија не ја спориме вистинитоста на она што сведокот новинар го видел, туку стилот на пишувањето, зборовите кои се користат како и сугерирањето. Линк до оригиналниот напис: Оваа жена треба да ја уапсат! И се заканува казна од 3 години затвор Датум и време на објавување: 27.04.2014, 12:44

Рецензија: Постизборниот период – нова шанса за преговорите

на 27. 04. 2014 | | sq
За време на предизборниот молк на еден заобиколив начин се прекршува истиот, при што се пушта однапред подготвен прилог во вести, кој треба да оди во прилог на актуелната гарнитура – претседателот Иванов и Владата на РМ. Истиот може да се најде и на сајтот на националниот радиодифузер. Линк до оригиналниот напис: Постизборниот период – нова шанса за преговорите Датум и време на објавување: 26.04.2014 17:18 Датум на рецензирање: 27.04.2014 Рецензент: Љубомир Костовски Прилогот говори за успесите на нашата надворешна политика преку тезата – да не е блокада на Грција, ние би биле веќе во НАТО и ЕУ. „Иако ги исполни сите критериуми, сепак изостанува поканата за почеток на преговорите, а тоа е поради притисокот што го прави нашиот

Рецензија: Изборна манипулација со демографијата

на 27. 04. 2014 | | sq
На два дена пред изборниот молк објавена е оваа необична економска анализа во која преку доста компликувана и се чини не сосема разбирлива математика се настојува да се оспори – така да ја наречеме – „најпатриотската замерка“ која македонската јавност ја има кон оваа власт. Македонците кон ДПМНЕ а Албанците кон ДУИ – дека ни се иселуваат највредните делови од општеството, оние со чија помош земјата и единствено може да има иднина: високобразованите, од редот на дипломците од техничките и природни науки главно, со познавање на странски јазици Линк до оригиналниот напис: Изборна манипулација со демографијата Датум и време на објавување:23.04.19 22:44
Датум на рецензирање:26.04.2014 Рецензент: Љубомир Костовски Веќе неколку години се говори јавно и речиси и нема обиди да

Рецензија: Македонија гласа – изборното право го искористија затворениците болните и изнемоштените и раселените

на 27. 04. 2014 | |
Главниот проблем со прилогот што го рецензираме е во тоа што не ја пренесува целосно информацијата за гласањето на затворениците и раселените лица. Од материјалот насловен:  „Македонија гласа – изборното право го искористија затворениците болните и изнемоштените и раселените“, се добива впечаток дека немало никакви проблеми. Но, како што пренесоа дел од медиумите, не било баш така, туку имало проблеми и со списоците на затворениците и со списоците за раселените лица. Линк до оригиналниот напис: Македонија гласа – изборното право го искористија затворениците болните и изнемоштените и раселените Датум и време на објавување: 26.04.2014, 19:14 Датум на рецензирање: 27.04.2014, 19:14 Рецензент: Оливера Војновска   ПРЕМОЛЧЕНИ ИНФОРМАЦИИ Прилогот содржи  сервисни информации за начинот на гласањето, како и податоци за бројот на  домашните