Рецензии

Рецензија: Дождовите ќе донесат рекорден род на пченицата

на 6. 05. 2014 | |
Ако според дефиницијата насловот го продава текстот, тогаш ни е продаден „рог за свеќа“. Најавата во насловот  дека: „Дождовите ќе донесат рекорден род на пченицата“, во текстот не само што со ништо не поткрепена, туку имаме спротивни констатции дека дождот може  да и наштети на пченицата и да го намали родот. Според тоа, информацијата не само што не е содржајна, туку не е ни точна, бидејќи нема ни еден факт со кој се потврдува она што е во насловот. Линк до оригиналниот напис: Дождовите ќе донесат рекорден род на пченицата  Датум и време на објавување: 30.04.2014, 13:23 Датум на рецензирање: 2.05.2014 Рецензент: Александар Писарев  

САМИОТ СЕ ДЕМАНТИРА

Да тргнеме повторно од насловот: „Дождовите ќе донесат рекорден род на

Рецензија: Откриен гробот на Александар Македонски?!

на 6. 05. 2014 | |
Првото прашање што се поставува е: зошто ваков текст? Дали има некоја смисла и поврзаност на текстот со времето, просторот, политиката и се она што деновиве се случува во Македонија. И најверојатно, има од сѐ по малку, затоа што социјалните мрежи се преплавија со коментари за овој текст, па затоа и беше потребата да се рецензира едно вакво писание. Мора да се напомене дека вакви текстови, за пронајден гроб на Александар Македонски, имало постојано како што имало и тврдења („научни“) за „точната“ локација на неговот вечно почивалиште. Но, новинарската работа не е само да се преземе текстот од некој блог (како што, всушност, и е сторено овде), туку и убаво да се осмисли дали има потреба од ваква информација. Линк

Рецензија: Какво млеко пиеме – Знаете ли што значат бројките на пакувањата?!

на 6. 05. 2014 | | sq
Новинарите не се експерти и познавачи. Тие се само собирачи на информации вредни да бидат вест кои за да бидат уверливи мора да бидат поткрепени со извори и коменатри, или мислења, на личности кои се стручни, кои се познавачи, а понекогаш и авторитети чие мислење се цени…. Ова за поткрепата на информациите што ги пласираат медиумите е особено важно кога се работи за теми кои се од посебен јавен интерес за публиката како што се здравјето, здравата храна и здравата околина, безбедноста… Оттаму, сосема несоодветно е за тема каква што обработува информацијата што ја рецензираме – квалитетот на млекото – да нема ниту едно стручно лице кое ќе ги потврди, порекне, односно, ќе го објасни тоа што го тврди авторот

Рецензија: Заушка за Заев и Геровски од САД и ЕУ

на 6. 05. 2014 | |
Станува збор за агнециска вест која содржи „надградба“, пред сѐ, во насловот и со кој на недозволив начин се навредуваат лидерот на една партија и глодурот на еден дневен весник и портал. Основот за таквиот непристоен јазик медиумот си го наоѓа во оценката на ОБСЕ/ОДИХР за тукушто заминатите претседателски и парламентарни избори, која се третира како поволна за власта, односно се толкува како неповолна за опозицијата, која не ги призна изборите како фер и демократски и ги смета за нелегитимни врз основа на нив да се формира идниот Парламент а со тоа и Владата. Насловот на текстот, кој е коментаторски по природа, сака да им пренесе на спомнатите дека од страна на западните демократии не добиле подршка за своите политички

Рецензија: Како лидерите на СДСМ поднесуваат пораз: Заев најкукавички, Бучковски најдржавнички

на 6. 05. 2014 | |
Текстот е политички памфлет, а не новинарски текст и може слободно да се смести во категоријата дискредитирачки написи за ликот и делото на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, со кои изобилува македонскиот медиумски простор во постизборниов период. Интересен по својата структура и според замислата – споредба помеѓу изјавите на лидерите на СДСМ дадени после секој од парламентарните избори во Република Македонија од 2006 година до годинешните. Секој од изборните циклуси во овој период Социјалдемократскиот сојуз ги помина со различна личност на чело на партијата и споредбата на нивните официјални изјави после секој изборен процес се чини интересна за анализа. Меѓутоа, мотивот за објавување на текстот воопшто не е некаква постизборна споредбена анализа и со тоа читателот е начисто веќе

Рецензија: ОБСЕ: Европа нема сретнато случај на непризнавање на резултатите

на 6. 05. 2014 | |
Текстот насловен: „ОБСЕ: Европа нема сретнато случај на непризнавање на резултатите “ има селективен пристап во прикажувањето на податоците и на читателската публика не ѝ дава објективна информација за прелиминарната оценка на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР и Парламентарното собрание на Советот на Европа  (ПССЕ),  за двојните  избори одржани на 27 април. Написот го акцентира  само ставот на мониторите за одлуката на опозицијата да не ги признае изборните резултати,  а ги премолучува  сериозните критики околу прдизборната кампања и начинот на известување на медиумите. Во него нема ниту збор за:  заплашувањето и притисокот  на гласачите, пристрасното медиумско известување, (не)точноста на избирачки список и злопупотребата на државните ресурси за партиски цели, кои, според набљудувачите, го засениле изборниот ден. Линк до оригиналниот напис:

Рецензија: Дипломати: СДСМ не треба да дејствува надвор од институциите

на 5. 05. 2014 | |
Според Кодексот на новинарите на Македонија, ако изворот на информации бара да остане анонимен, новинарот треба да го заштити. Во овој случај тоа е направено сосема коректно и легитимно, бидејќи се во прашање амбасадори.  Но, во текстот како да има премногу заштитени и не до крај прецизни извори, а ја нема ни втората страна, па веродостојноста на кажаното може да се доведе под знакот на прашање.   Линк до оригиналниот напис: Дипломати: СДСМ не треба да дејствува надвор од институциите Датум и време на објавување: 29.04.2014, 19:23 Датум на рецензирање: 29.04.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ЗАВИТКАНО ВО ОБЛАНДА

Спротивставувањето на  хипотетичката најава на опозицијата (на денот кога е пишуван и рецензиран текстот), нивните пратеници да го напуштат Парламентот, е завиткано во

„Само добар Албанец заслужува да биде Македонец, или во најмала рака – со потекло од Македонија“

на 4. 05. 2014 | | sq

[Рецензија: Ресторан на Македонец четврти пат прогласен за најдобар во светот]

Уредувачката политика на еден медиум не може да има двојни стандарди, не може да се однесува како флипер, па како ќе го чукнат, односно притиснат, така да тилтува, односно да пишува. Ако зборуваме за релевантна уредувачка политика која се потпира врз цврсти вредносни столбови, таа мора така и да се практицира: континуирано и јасно препознатливо од публиката. Особено кога станува збор за важните, темелни, етички прашања како што е известувањето за различностите во мултикултуирни средини, каква што, всушност, е и нашата. Многу е несериозно еден ден, во еден текст, еден ист медиум, да шири хомофобија, нетолеранција со говор на омраза, а веќе наредниот ден, во друг текст, во тој

Рецензија: Научниците потврдија: Хемотерапијата предизвикува бавна и болна смрт!

на 4. 05. 2014 | |
Во последно време се појавија многу приврзaници на некласични лекувања на болестите – од т.н. хомеопатски, преку методи кои ги нарекуваме „бабини деветини“, потоа користење на чаеви, сѐ до оние кои поаѓаат од тоа дека имунолошкиот систем сам ќе си најде начин да се бори со болеста ако се остави без интервенција на модерната медицина. Овој може да се вклучи во тој тренд – тој сугерира исклучување на хемотерапијата во третманот на болните од канцер и практично, како што се тврди, како подршка на таа теза, се пренесува една статија од угледен британски магазин (British Medical Journal) со наслов „Associations between palliative chemotherapy and adult cancer patients’ end of life care and place of death: prospective cohort study“. Линк до

Рецензија: Заев и Шекеринска во мртва трка-кој претседател на СДСМ доживеал најтежок пораз?

на 30. 04. 2014 | |
Рецензираме провиден, циничен, некоректен и одмазднички текст кој наликува на извештај од фудбалски натпревар  во кој се редат поразите на тимот кој треба да испадне од лигата. Конципиран без потпис на авторот  и без содржина која би можела да се нарече креативен и коректен новинарски производ. Линк до оригиналниот напис: Заев и Шекеринска во мртва трка-кој претседател на СДСМ доживеал најтежок пораз?
Датум и време на објавување: 28.04.2014, 10:03 Датум на рецензирање: 28.04.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ФУДБАЛСКИ ЖАРГОН

Единствената намера е со фубалски жаргон, непримерен  за политички текст, да се стави во негативна конотација и да се исмее опозцијата и нејзините први луѓе, претседателот Зоран Заев и потпретседателката Радмила Шекеринска: „Мртва трка меѓу заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска