Рецензии

Рецензија: АЛАРМАНТНО: Мистериозна материја се заканува дека ќе ја разнесе земјата?

на 14. 05. 2014 | | sq
Текст обвиткан со мистерија, со крајот на светот, со метеори кои ќе не испржат на земјата… Текст со наслов за полудување, кој е предзнак дека ни нема веќе спас… Се шегувам. Ништо од ова не е точно. Ниту, пак, текстот е вистинит. Сето ова е фарса или, што би се рекло, сеење магла. Затоа, не се грижете и бидете сигурни дека и утре ќе се разбудите. Линк до оригиналниот напис: АЛАРМАНТНО: Мистериозна материја се заканува дека ќе ја разнесе земјата?
Датум и време на објавување: 06.05.2014, 10:08 Датум на рецензирање: 09.05.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕЕТИЧКИ ТЕКСТ

Ако „некои физичари“ и „некои научници“ се сигурни извори и значат вистина тогаш, да, овој текст е цела вистина. Засолнете се во некој

Рецензија: Лекови за сите болести биле во Библијата?!

на 14. 05. 2014 | | sq
Широк е списокот и дијапазонот на начини на кои надрилекари, волшебници, таротмани, гатачи и самоповикани алтернативци можат да им наштетат на болните, а уште е поголем списокот на написи, кои, во трка по сензација и зголемување на тиражот на сметка на болните, во тоа им помагаат.  Со таква симбиоза, сите заедно прават голема штета: економска, психолошка и социјална… Текстот што го рецензираме, за жал, кај оние кои не го познаваат и не чуле за него, направил голема штета и на репутацијата на д-р Ричард Шулц. А, може да им направи и на читателите, доколку  четивото го примат „здраво за готово“ и почнат самите да се лекуваат, применувајќи ги рецептите што се понудени. Рецензираме евтин, тривијален медиумски производ кој е прилагоден

Рецензија: ФОТО: Ова е познатиот доктор кој го уапси полицијата

на 9. 05. 2014 | | sq
„Новинарското известување не смее да биде начин за општествено казнување на осомничените и нивно ставање на столбот на срамот“ Токму оваа сугестија од Прирачникот за етиката во новинарството, не е испочитувана во материјалот што го рецензираме. Имено, иако станува збор за куса вест од само неколку реда, сепак, таа е прилично проблематична од етички апсект. И тоа, најмногу поради фотографијата и насловот: „ФОТО: Ова е познатиот доктор кој го уапси полицијата“ Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Ова е познатиот доктор кој го уапси полицијата Датум и време на објавување: 06.05.2014, 16:21 Датум на рецензирање: 07.05.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

НЕЕТИЧКО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Веста нема проблеми со вистинитоста, ниту со изворите, а го задоволува и минималното ниво на сеопфатност. Проблемот е во начинот

Рецензија: Жерновски му го врти грбот на Заев?

на 8. 05. 2014 | | sq
Предмет на рецензијата е типичен политички спин-напис базиран на шпекулација која ја пласирал друг медиум, а таа шпекулација потоа магично ја добива тежината на факт, со кој на читателите им се креира непостоечка сторија за раздор во таборот на опозицијата. Веќе наредниот ден по објавувањето на оваа непотврдена и неточна информација, настаните ја демантираат. Но, по сѐ изгледа, целта и не било точно и навремено информирање на читателите за случувањата во таборот на опозицијата, туку токму спротивното – матење на водата, пласирање невистини, извртување на вистината со што јавноста треба да стекне впечаток дека опозициониот фронт е разединет и се распаѓа, како и дека конкретни политички личности се виновници за тој распад. Прашалникот на крајот од насловот е слабо алиби

Рецензија: Скопјани можат мирно да спијат – МВР затвори познат убиец

на 8. 05. 2014 | | sq
Со само една реченица, еден граѓанин, без никаква основа, е етикетиран како „познат“ убиец, а тоа дека бил уапсен од полицијата, значело дека скопјани сега можат мирно да спијат. Ништо во таа реченица на го потврдува тврдењето во насловот дека се работи за „познат“ убиец, ниту, пак, дека заради него во градот владеела несоница од страв. Ептен неодговорна новинарска постапка која произлегува од немањето свест дека дури и осудените лица не се лишени од сите права и дека одговорноста кон тие нивни права останува и понатаму обврска за сите, па и за новинарите. Линк до оригиналниот напис: Скопјани можат мирно да спијат – МВР затвори познат убиец Датум и време на објавување: 05. 05. 2014, 12:52 Датум на рецензирање: 07.

Рецензија: Почна ловењето на гласови за и против Заев

на 8. 05. 2014 | | sq
Дневниот весник со веројатно најголема концентрација за она што се случува во кампот на опозицијата последните години – „Дневник“, деновиве објави текст со кој го најавува следниот Конгрес на СДСМ на 11 мај. Датумот е секако најнеспорен „детал“ од текстот, бидејќи може да се провери и на официјалниот сајт на партијата за која се однесува содржината. Но, сето останато, да речеме, како по традиција, кога се работи за „Дневник“ и авторката која ги потпишува текстовите за социјал-демократите, се информации добиени од анонимни извори, кои, за да биде уверливоста наводно поголема, се цитираат во форма на директно пренесен говор (мислење, сознание). Линк до оригиналниот напис: Почна ловењето на гласови за и против Заев Датум и време на објавување: 03.05.2014, 14:56 Датум

Рецензија: СДСМ се фати на грчкото оро – расте притсокот кон Заев за оставка

на 7. 05. 2014 | | sq
„Најпрво самиот утврди ги фактите, а потоа можеш колку сакаш да ги изместуваш“ – Марк Твен. Реченицата на славниот писател во еден сериозен дел го опишува текстот кој се рецензира. Во овој случај фактите донекаде се утврдени, а потоа и дефинитивно се изместени. Како поинаку да се смета „новинарскиот потег“ да се пласира теза во насловната конструкција, како глава на веста, која не само што не е аргументирана во содржината на написот, туку воопшто и не е спомената. Чудно? Не! Погрешно! Линк до оригиналниот напис: СДСМ се фати на грчкото оро – расте притсокот кон Заев за оставка Датум и време на објавување: 04.05.2014, 16:21 Датум на рецензирање: 05.04.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ОД ТОЧКА А ДО ТОЧКА Б, А

Рецензија: Героски и Костова не ги оправдаа парите од Сорос, ќе понесат ли одговорност?

на 7. 05. 2014 | |
Ако во рецензијата би се спустиле на нивото на објавениот текст, тогаш таа би била полна со навреди, стигматизација, етикетирање. Тоа не ни е целта, туку со аргументи да укажеме на непочитување на основните принципи на новинарската професија и повреда на домашните и меѓународните кодекси на новинарите. Пред  тоа, ќе цитираме само една реченица од воведниот дел на Кодексот на новинарите на Македонија, кој вели  дека новинарите: „Следејќи ја својата улога во градење на демократијата и цивилното општество, ќе ја бранат, слободата, слобода на  медиумите која е неприкосновено право и ќе го почитуваат плурализмот на  идеите и ставовите…“ Да не зборуваме за чесност, објективност…
Непотпишаниот автор на ова писание, кое не може да се нарече новинарски производ, не само

Рецензија: Се самоуби татко на три деца

на 7. 05. 2014 | | sq
Дека дно, во смисла на почитување на новинарските критериуми и стандарди, најверојатно не постои, потврдува овој текст. Ако сметате дека сум преостар, видете ја темата – самоубиство, а потоа видете ја фотографијата. Линк до оригиналниот напис: Се самоуби татко на три деца Датум и време на објавување: 01.05.2014, 08:28 Датум на рецензирање: 02.05.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ФОТОГРАФИЈА ЗА „НОВИНАРСКО САМОУБИСТВО“ 

Ова е написот за кој зборуваме: „Таткото на три деца М.С: (52) од Сапна, во близина на Тузла се самоуби во семејната куќа, пукајќи си со пиштол во глава. Наводно бил болен и секојдневно трпел силни болки кои во последно време му се интезивирале. Смртаа на М.С. ја констатирал дежурен лекар. Увид е направен од страна на босанските полицајци е

Рецензија: Quo Vadis, Зоран Заев

на 6. 05. 2014 | | sq
Ова е текст со многу прашања, а со ниту еден одговор. Текстот нафрла тези, кои никако не можат да се спојат една со друга. Нема никакви допирни точки ниту со можните одговори ако ги има. Значи кармакаша од текст, кој нема никаво оправдување. Линк до оригиналниот напис: Quo Vadis, Зоран Заев
Датум и време на објавување: 03.05.2014, 14:10 Датум на рецензирање: 05.05.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ЗАНАЕТСКА УТКА ОД ТЕКСТ

Не се ни трудиме да бараме вистина во текстот затоа што ниту тој има намера да ја прикаже. Тука рецензираме еден текст, кој е школски пример дека не е новинарски, туку некој друг жанр, затоа што не се обрнало внимание на занаетските правила. Нема извори на информација, туку целиот текст