Рецензии

Рецензија: Крвнички до смрт избодено момче во Ѓорче Петров

на 22. 05. 2014 | |
Новинарот нема свесно да создава, ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка… Ова е член 10 од Кодексот на новинарите на Македонија. Но, тој често знае да се зборави, посебно во известување за вакви настани. Па, дека текстот го прекршил овој кодекс се гледа уште од насловот, а продолжува низ целиот текст. А, за веднаш да се „прекрши“ тука мечкина услуга направила првата реченица: Попладнево во Ѓорче Петров е избодено 19 годишно момче, идентификувано како Ангел П. од македонска националност. Линк до оригиналниот напис: Крвнички до смрт

Рецензија: Избори 2004: Полнење кутии, заплашувања, ова за СДСМ беа фер избори

на 20. 05. 2014 | |
Со задоцнување од десет години, ставајќи се во позиција на владеjачката партија, написот ја обвинува опозцијата дека тогаш кога била на власт во 2004 година направила изборен фалсификат и ги прогласила изборите за фер и демокртаски. Сега кога: „според сите оценки на меѓународните фактори и набљудувачите на ОБСЕ имаше мирен изборен ден и ефективно спроведени избори без никави инциденти,… кога СДСМ губи резултатите не се признаваат“.
Крајно навивачка,  еднострана и амбивалентна анализа во која се заборавени серија лошо оценети избори во организација на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во перидот од 2006 до 2014 година, како и фактот дека и тогашната опозиција, а сега владејачката партија, не ги призна резултатите на изборите во 2004 година со кои СДСМ победи и донесе одлука според

Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ не се плаши, СДСМ нема да се оправи!

на 19. 05. 2014 | | sq
Од наднасловот (Нема консолидација), до последниот параграф, со неиздвоен коментар во новинарски извештај, („За да биде целата ситуација уште потрагична…“), овој текст е врамен во рамка од едностраност и коментирање кои не се автентични особености на еден новинарски извештај. Напротив, вака структуриран текст е ништо друго освен пристрасен новинарски производ кој вклучува мислења аргументи. Линк до оригиналниот напис: ВМРО-ДПМНЕ не се плаши, СДСМ нема да се оправи! Датум и време на објавување: 11.05.2014 Датум на рецензирање: 12.05.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Никако не оди една ваква новинарска постапка да се идентификува со податокот во глвата на овој медиум кој укажува дека тој постои цели 40 години. Едноставно е неможно медиум што истакнува дека е одамна во сферата

Рецензија: Вмровците во Собрание можат да се пофалат со 13 направени деца, а Социјалдемократите со три

на 19. 05. 2014 | | sq
’Ова пратенициве, посебно од владејачкото мнозинство се навистина добри фраери. Што би рекле секое летенце-детенце. Овие од опозицијава некако се фригидни, а можеби и стерилни, па не ги бива за ништо. Не можат ниту едно дете да направат, а не пак држава. Затоа и не се на власт толку време и никогаш нема да дојдат.‘ Се извинувам за воведов, но сакав само да пробам како, всушност, се пишуваат вакви текстови. И навистина било лесно. Не ти е грижа што ќе напишеш. Згора на сѐ, не треба да се подготвуваш и да користиш Гугл, туку најверојатно на мејл ти стигнува темата, сосе имиња и презимиња и ти само треба да ја сплескаш. Овој текст навистина не знам за што е наменет.

Рецензија: Божјо предупредување? Крвави реки низ целата планета, научниците немаат објаснување!

на 19. 05. 2014 | |
Веќе со самиот наслов читателите се измамени. Текстот под него само ја продлабочува измамата. Предмет на рецензијава е текст кој прераскажува фото-сторија „позајмена“ од друг, странски портал, сосе „библиското“ толкување на настаните, кои навистина се случувале и се случуваат низ светот, а изгледаат навистина шокантно – реки и други водени површини буквално преку ноќ добиле како крв црвена боја на водата. Како и примарниот извор, и текстот кој го рецензираме ја застапува тезата дека за овие феномени нема објаснување. Демек, владите и научниците биле „во целост збунети од овие случувања“, додека „луѓето сѐ повеќе зборуваат дека станува збор за јасни знаци од Ивановата книга на Откровението“. Па, уште се додава дека „луѓето поради својата ароганција никогаш нема

Рецензија: Жерновски направи геноцид на дрвјата во Дебар Маало, Паркобраните во глувчешка дупка

на 19. 05. 2014 | |
Обвинувањата кон актуелната власт дека направила „дрвоцид“ во земјата, а особено во главниот град, посебно откако градоначалник е Коце Трајановски, преку текст објавен во неколку портали во еден ден предизвика некаква „контра“, која отприлика треба да значи дека и градоначалникот на Центар Андреј Жерновски исекол дрва во својот ареал неодамна а немало реакција од еколошките здруженија. Посебно се става акцент на групата Паркобрани, од која се очекувало дека ќе ги брани дрвата и на улицата „Ѓорѓи Пешков“. Зошто се посочува една личност како „дежурен чувар“ на стеблата во градот? Зошто истиот активист не е прашан за став, а се користи неговото име? Како се тврди дека не може да се добие објаснување од Општината Центар кога тоа беше јавно достапна

Рецензија: Проект за описменување на невестите од Албанија во Општина Новаци

на 19. 05. 2014 | | sq
Основниот проблем со прилогот насловен: „Проект за описменување на невестите од Албанија во Општина Новаци“ е во несоодветната употреба на терминот „описменување“. И тоа, како во насловот, така и во втората реченица од текстот, која истовремено е и поднаслов: „Во описменувањето на Албанките кои се мајки, главно, на деца од предучилишна возраст, учествуваа четири едукатори“. Сепак, од самиот текст  се гледа дека не станува збор за описменување , туку за Проект за изучување на македонскиот јазик, во кој биле вклучени дваесетина Албанки кои засновале семејства во неколку битолски села (Општина Новаци). Фактички, овие жени го владеат албанскиот – нивниот мајчин јазик, но, веројатно имаат проблем во комуникацијата на македонски, па токму затоа  се организирани и едукативните курсеви. Линк до оригиналниот

Рецензија: Исчезна Радмила Шекеринска

на 19. 05. 2014 | | sq
Пред нас се наоѓа четиво обременето од проблемот што за неговото објавување нема повод. Токму тоа што во него нема новост, ниту одговор на петте новинарски прашања, прави да не може да го сместите во новинарскиот жанр „вест“. А ако нема вест, ниту аналитичко новинарство, тогаш се поставува прашањето зошто овој текст заслужил да го добие медиумскиот простор што му е определен? Кога ќе се навлезе во анализа на дискурсот, одговорот се наѕира меѓу следните две точки: пристрасност и безидејност. Линк до оригиналниот напис: Исчезна Радмила Шекеринска Датум и време на објавување: 07.05.2014 Датум на рецензирање: 10.05.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Во заемна релација се доведуваат изборните резултати со интензитетот на јавни настапи на функционер и притоа тие две работи се

Рецензија: Џабир Дерала со комични тврдења две недели по завршувањето на изборите

на 19. 05. 2014 | |
В рака држиме текст кој, од аспект на стандардите на професијата, нема речиси никаква новинарска вредност. Имаме коментар „кобајаги“ камуфлиран во вест, без извори, без особена содржинска тежина, силно политички обоен… Она што кај него најмногу привлекува внимание е огромната доза навреди, дисквалификации, омаловажувања кои всушност се вообличени во своевиден постизборен медиумски „лов на вештерки“. А, да, не треба да се заборави и силното присуство на формулации кои се на самата граница на говор на омраза. Линк до оригиналниот напис: Џабир Дерала со комични тврдења две недели по завршувањето на изборите Датум и време на објавување: 08.05.2014, 15:56 Датум на рецензирање:  12.05.2014 Рецензент:  Владимир Мирчески  

ЕТИКЕТИРАЊЕ И СТИГМАТИЗИРАЊЕ НАМЕСТО ИНФОРМИРАЊЕ

Текст кој требалo да биде некакво си исмејување на една

Рецензија: Петар и Иван ќе стапат во брак

на 16. 05. 2014 | |
На предлог на читател, рецензираме репортажа која во моменталната констелација на случувањата во Македонија и однос на општеството кон ЛГБТИ заедницата може да се означи како новинарска храброст,  да се разбијат некои стереотипи и предрасуди, и во медиумите да се отвори табу тема за истополови бракови и дефинција на брачната заедница.  … „Граѓански активист и актер Петар Стојковиќ ќе стапи во брак со својот партнер Иван Ивановиќ…  нивниот брак ќе биде признаен во сите земји … но не и во Македонија.“ Линк до оригиналниот напис: Петар и Иван ќе стапат во брак Датум и време на објавување: 07.05.2014, 13:40 Датум на рецензирање: 11.05.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ПРОТИВ СТЕРЕОТИПИ И ПРЕДРАСУДИ

Зошто е ова значајно и заслужува позитивна рецензија? Затоа