Рецензии

Рецензија: Додека полицајците спречува немири, новинарки легитимираа полицајци

на 1. 06. 2014 | |
Пред нас се наоѓа сериозна манипулација. Особено е нечесно, при известувањето од било кој настан, да се селектираат само одреден дел од информациите, а останатите, инаку важни и суштински, значајни за приказната, намерно или не, да се прикриваат. Со тоа се менува аголот, а на читателот му се пренесува нецелосна и извртена порака. Линк до оригиналниот напис: Додека полицајците спречува немири новинарки легитимираа полицајци Датум и време на објавување: 24.05.2014, 11:38 Датум на рецензирање: 27.05.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс  

ЦЕЛО Е КОГА ИМА СÈ

Ако се немало намера суштински да се изврти и да се спинува информацијата на која се реферира, остануваат неодговорени дилемите зошто се прикриваат податоци и зошто не се претставени двете страни во приказната? Вообичаено, изјавите од

Рецензија: Статистика: Македонските менаџери оптимисти дека ќе расте производството и ќе има нови работни места

на 1. 06. 2014 | | sq
Дури и но насловот на овој текст се сугерира дека во него ќе прочитаме статистички податоци, кои треба да го поткрепат тврдењето искажано во него дека „во наредниот период ќе расте производството и ќе има нови работни места“. И кога ќе тргнете да го гледате ТВ прилогот или да го читате текстот објавен на интернет порталот на медиумот, од статистиката – нема ништо. Статистичките податоци му служат на новинарот за да ги поткрепи своите, или анализите на експертите и засегнатите во нивните новинарски производи. Тие можат да бидат моќен аргумент за прогнози или за анализирање на трендови. Се разбира, само и само доколку не се злоупотребуваат и од страна на оние што ги пласираат и од страна на

Рецензија: ФОТО: Трајановски лично помага во најкритичните поплавени подрачја

на 1. 06. 2014 | |
Пред нас е фотовест, поточно  четири фотографии направени набрзо по невремето кое го зафати главниот град во неделата (25.05.2014),  во доцните вечерни часови. Но, основната идеја на овие фотографии не е да ја долови глетката по силниот дожд што ги потопи скопските улици, туку да направи своевиден медиумски спектакл од „подвигот“ на скопскиот градоначалник Коце Трајановски, во стилот на српскиот премиер Александар Вучиќ. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Трајановски лично помага во најкритичните поплавени подрачја Датум и време на објавување: 26.05.2014, 02:45 Датум на рецензирање: 27.05.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВО АКЦИЈА!

Материјалот што го рецензираме нема проблем со вистинитоста, изворите ниту со содржајноста. Проблемот е во (не)коректноста кон читателите и потценувањето на нивната интелигенција. Како  и во (не)искреноста

Рецензија: Потпалувачи

на 1. 06. 2014 | |
Ова е текст со напади. На тоа додуша сме навикнати, но тука станува збор за медиум против медиум, односно на кавга помеѓу колеги. Најчесто таа кавга завршува како на пазар, па кој видел-видел, кој не следниот пат. Сепак, треба да се рецензира овој текст баш поради неколегијалноста, настрана (а ги има многу) недореченостите, недоследностите, непрофесионалностите… Линк до оригиналниот напис: Потпалувачи Датум и време на објавување: 24.05. 2014, 23:09 Датум на рецензирање: 28.05.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПОИНАКВА РАБОТНА ЗАДАЧА

Текстот коментира настан што навистина се случил, но притоа ја извртува вистината. Манипулира со бројки и со искази, а споменува и луѓе, уредници кои можеби (иако не верувам) и не биле на работна задача тој момент. Информациите се земени од два

Рецензија: Плукај ја власта и кради колку сакаш, опозицијата те брани

на 1. 06. 2014 | |
  Читајќи го текстот многу лесно се губи впечатокот за каков „новинарски“ производ станува збор. „Лончињата“ ептен се измешани – нејасно е дали е вест, дали е извештај, дали е коментар? Па, потоа, само по себе, се наметнува прашањето да не е партиско соопштение кое по „грешка“ залутало како некаков си легитимен медиумски материјал. Но, по внимателно разгледување, можеби и повторно навраќање на содржината, сликата веќе станува појасна. В рака имаме своевидна пресуда, која, наместо на правни, се базира на политички основи и ја презема улогата и на обвинител, и на судија и, конечно, на порота. Линк до оригиналниот напис: Плукај ја власта и кради колку сакаш, опозицијата те брани Датум и време на објавување: 19.05.2014 Датум на рецензирање: 23.05.2014

Рецензија: Бранко Црвенковски повторно ги контролира Заев и Шеќеринска

на 30. 05. 2014 | | sq
Уште еден, по којзнае кој пат по ред, текст за ситуацијата во опозицијата опсервиран од окото на острите набљудувачи на СДСМ-овските состојби. По низата написи за судирот меѓу актуелниот и претходниот лидер и како дека тоа ќе доведе до поделби и пропаст на партијата, ненадејната средба меѓу двајцата политичари по партискиот конгрес натера цела „чета“ медиуми, вклучувајќи го и оној каде е објавен текстот кој е предмет на резензија, да го променат курсот во нивните „анализи“. Сега, пак, се тера „старата песна“ дека Б.Ц. го контролира З.З. Самиот факт дека по нивниот состанок веднаш „в строј“ се наредија речиси десетина телевизии, весници и портали доволно покажува дека станува збор за своевиден универзален костум кој има повеќе политички, отколку реален новинарски

Рецензија: „Солидарност за подобар живот“: СДСМ стои зад протестите пред Дрекслермаер

на 30. 05. 2014 | |
Преку наводното соопштение на Здружението на невработени „Солидарност за подобар живот“, без причина и без повикување на факти, отворена е  канонада против опозицијата и Фондацијата Сорос, дека се противници на Владината политика за привлекување на странски инвеститори и дека  со своите активности ги манипулираат вработените во фабриката „Дрекслермаер“ во Кавадарци, а се со цел: …„ директно да и нанесат штета на политиката на привлекување на странски инвестиции која креира нови работни места и се покажа како силен раздвижувач на економијата“...  Цитат кој стана стереотип во сите владини соопштенија и спинови на провладините медиуми. Изразувајќи оправдана сомнеж дека воопшто постои такво „соопштение“ , рецензираме напис за кој се тврди дека е „интегрален текст од соопштението на Здружение на невработени Солидарност

Рецензија: Мистериозна македонска народна песна ја опишува смртта на Александар Македонски

на 30. 05. 2014 | |
Основниот проблем на тесктот што го рецензираме е што не е јасно определен жанровски. Доколку претендира да биде новинарски текст, тој има еден од најсериозните недостатоци што еден новинарстки продукт треба да ги има: релеватнтни и стручни извори кои ќе ги поткрепат тезите во него или барем ќе изнeсат мислења поврзани со тврдењата застапени во него. Текстот не е ниту научна анализа, бидејќи некои од поконтроверзните тврдења во овој текст остануваат без неопходните методолошки референци за една научна статија. Тексот, се осмелуваме да кажеме, не е ниту публицистика, зашто заради тоа што не е ниту новинарство, ниту наука и со тоа не е ниту публицистика, зашто таквите дела се своевиден спој на журнализмот и науката. Да ги поткпрепиме овие наши

Рецензија: Го убиле со секири, копачи и ножеви поради велосипед – детали за убиството на тинејџерот во Скопје

на 30. 05. 2014 | |
Крв, секири, ножеви, лопати и убиен тинејџер. Веќе со насловот читателите се воведуваат во еден хорор-филм на полувистини и дезинформации околу убиството на 19-годишниот Ангел Петковски во скопската населба Ѓорче Петров. Се работи за една од првичните вести со кои јавноста беше информирана за трагичниот инцидент во кој животот го загуби младото момче, а кои потоа покренаа лавина на револт на граѓаните што ескалираше во немири со многу повредени и значителна материјална штета. Од неколкудневна временска дистанца може да се согледа дека тој револт на голема група граѓани, инициран од убиството на Петковски од страна на само една година постаро момче од албанска националност, бил подбуцнат, меѓу другото и со написи од ваков тип – полни со непроверени информации и

Рецензија: Непуштање народњаци е „грев“ од 20.000 евра

на 29. 05. 2014 | | sq
Казната од 20 илјади евра што ја доби ТВ Телма заради недоволна присутност на народната музика на нивната програма ја подигна и онака високата температура на релација власт – медиуми. Навистина, во т.н. провладини медиуми немаше реакција, како по обичај, кога се работи за потези на власта (поаѓаме од тоа дека и во Агенцијата за медиуми, нели, доминира таа „гласачка структура“) но одгласи имаше во оние независните. Исклучок од таа „шема“ е текстот во Нова Македонија, кој е правен постудиозно и заслужува респект заради приодот и користењето на повеќе извори. Тој е и добар пример за помладите колеги за структурното развивање на темата и за претворањето на нејасното и заплетканото во едноставно и лесно за лично проценување на целиот случај,