Рецензии

Рецензија: СДСМ за непризнатите гласови ќе добие 70.000 евра

на 5. 06. 2014 | | sq
Тенденциозноста и пристрасноста на новинарскиот текст што го рецензираме се препознава уште во насловот. Уште оттука се  дефинира аголот од кој се тргнало во пишувањето на текстот. Една обична, техничка информација, на тој начин добива една изразито политичка димензија. Некој ќе рече, што има спорно во тоа? Уредувачката политика на медиумот му ја дава слободата да врами една вест на начин на кој смета дека треба да се врами. Така е, вели теоријата и новинарската пракса, но таа постапка мора да има аргументи и сериозни прични зошто една вест би се бојосала на тој начин. Да провериме, низ една објективна и мерлива методолошка постапка за утврдување на фактите од медиумскиот текст, дали тој има такви аргументи. Линк до оригиналниот напис: 

Рецензија: Пратениците од СДСМ бараат гаранција и за следните избори

на 4. 06. 2014 | |
Рецензираме новинарски производ, кој претставува нејасна и недоречена информација, а пораката која се упатува до граѓаните замаглена. „Пратениците од СДСМ кои добија доверба на граѓаните на предвремени парламентарни избори бараат од раководството на партијата да им гарантира пратеничко место на наредните избори“. Притоа е направена манипулација да се симулира настан, а учесниците во него да се претстават како личности кои се побуниле против политиката на партијата. „Пратеници посочиле дека вложиле многу труд и енергија и дале ветување пред членствотоимало и такви кои предочиле дека на државата со неодстапување од деструктивна политика и повлекување од парламент може да и се случи губење на кандидатски стаус“… Линк до оригиналниот напис: Пратениците од СДСМ бараат гаранција и за следните избори Датум

Рецензија: Голем инцидент во СДСМ Ѓорче Петров

на 4. 06. 2014 | |
Ова е уште еден од серијалот написи кои се занимаваат со состојбите во опозицискиот двор и тоа со нагласена доза на тенденциозност, гледани само од еден агол и со отсуство на минимум објективност.  Па, во еден таков манир со неизбежана драматика на јавноста ѝ се сервираат „пикантерии“ за наводни караници, скандали, расколи, инциденти… Изворите на информации секогаш се неименувани, но, „доверливи и сигурни“! Токму во таков стил е и материјалот што е предмет на оваа рецензија, а кој е целосно непрофесионален, неетички  и некоректен. Дотолку повеќе, бидејќи во конкретниот случај се валка угледот на колешка – новинарка. Што е во спротивнсот и со амандманот 16 од новинарскиот Кодекс , каде е прецизно наведено дека: „Новинарот ќе ги чува угледот и

Рецензија: Случај „Монструм“: „Пукаме на Величетврток за да ви биде крвав Велигден“

на 4. 06. 2014 | | sq
Текстот што го рецензираме е уште еден од оние кои си го обезбеди своето место на новинарскиот „ѕид на срамот“. Од неколку причини. Како прво, насловот на текстот е  крајно некоректен, злонамерен и застрашувачки. Изведен од завршните зборови на обвинителството во случајот „Монструм“ и вака поставен излегува дека е изјава на обвинетите. Тоа е тенденциозен непрофесионализам кој оди во прилог на поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост во услови кога нашата земја е под постојана тензија и провокации во однос на мултиетничкиот амбиент. Линк до оригиналниот напис: Случај „Монструм“: „Пукаме на Величетврток за да ви биде крвав Велигден“ Датум и време на објавување: 30.05.2014, 13:57 Датум на рецензирање: 30.05.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Целиот текст, од кој произлегува и овој ептен несоодветен и

Рецензија: Дали ги знаете правата? Ако 3 пати ви се расипе телевизорот под гаранција мора да ви дадат нов

на 3. 06. 2014 | |
Кога новинари од 10 различни редакции ќе отидат на иста прес-конференција, ќе слушнат информации што се горе-долу исти. Во таква ситуација, она што ќе ги разликува објавените медиумски производи е информацијата што ќе се одбере за насловот, односно за почетокот на текстот (лидот). Пред нас се наоѓа текст во кој лидот е умешен и одбрана е вистинската информација која ќе ги едуцира читателите и ќе ги запознае со нивните права. Линк до оригиналниот напис: Дали ги знаете правата? Ако 3 пати ви се расипе телевизорот под гаранција мора да ви дадат нов Датум и време на објавување: 30.05.2014;11:50 Датум на рецензирање: 31.05.2014 Рецензент:Мирослава Бурнс Аголот на приказната е она што прави овој навидум обичен извештај да содржи едукативен елемент. Читателот

Рецензија: Героски провоцира и лечи комплекси на ФБ: Старата преамбула ги фаворизираше Македонците, кој ве е*е за Ѓорче

на 3. 06. 2014 | |
Рецензираме уште еден прилог во антологијата на текстови во кои новинарите се занимаваат со новинари, при што предмет на опсервација овојпат е новинарот Бранко Героски и неговите текстови објавени во медиумите за кои пишува, меѓутоа и неговата активност на приватниот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Уште со самиот наслов е јасно дека поентата на текстот не се самите колумни на Героски, туку обид тој да се претстави ем како провокатор кој користи говор на омраза, анти-Македонец, ем, сосема контрадикторно на претходново – како разгорувач на националистичките страсти во текот на нередите што се случуваа по убиството на младото момче во скопската населба Ѓорче Петров. Една од клучните поенти за негативниот став кон Героски изнесен во написот е дека тој „

Рецензија: Тито Петковски најгласен за оставки, повторно одработува за туѓи интереси

на 3. 06. 2014 | | sq
Повторно четиво за потребите на „патриотите“. Пак, материјал со поделби на подобни и неподобни. Пак, медиумско бележење на „предавниците“. Пак, напис со силна политичка, а преслаба новинарска мотивација. Пак, најверојатно, нарачка.  Линк до оригиналниот напис: Тито Петковски најгласен за оставки, повторно одработува за туѓи интереси Датум и време на објавување: 28.05.2014, 13:13 Датум на рецензирање: 29.05.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ОТВОРЕНА СЕЗОНА ЗА МЕДИУМСКИ ЛОВ НА „БЕЛОКОСИ“ ПОЛИТИЧАРИ

Ако мислевме дека партиската пресметка, најчесто наметнувана од власта, за прашањето за името е актуелна само за време на предизборието, тогаш овој текст ни покажува дека се лажеме. Дебатата за оваа тема продолжува и во периодот по завршувањето на изборниот процес и „големата“ победа на ново-старата владејачка партија. Ако преку спорот со

Рецензии: Дојдов да го оставам пушењето, може ли да запалам?

на 3. 06. 2014 | | sq
Репортажата е потиснат жанр во нашите медиуми, особено што се смета дека најлесно ја губи битката со телевизијата и сличните електронски ширења на информации, особено на планот на уверливоста. Она што во одредени случаи го прави жанрот привлечен и дури ненадминлив е, секако, непосредноста и хуморот, кои пак не можат да се местат така лесно ако новинарот им става камери и микрофони на лицата со кои разговара, во било каква прилика. Непосредноста е креатор на духовните реплики, а сето друго е глума и сцена за која се подготвени само професионалците. Ова го докажува и посетата на новинарка на една групна – да ја наречеме така- терапија која е организирана за оние кои решиле од порокот на пушењето да се откажат

Рецензија: Заев го лаже членството на СДСМ дека за шест месеци ќе има избори

на 3. 06. 2014 | |
Прилогот со навредлива интонација во насловот: Заев го лаже членството на СДСМ дека за шест месеци ќе има избори, не посочува прецизни извори, нема факти и аргументација, меѓутоа има виртуелни експерти кои дошле до спектакуларно откритие дека СДСМ подготвува заговорничко сценарио против власта! Овој шпекулативен материјал нагласено се труди да ѝ наштети на најголемата опозициска партија, притоа обвинувајќи ги социјалдемократите дека наводно, лобирале кај дипломатите „Македонија да ја изгуби препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ“. Но, фактички, ваквата трагикомична конструкција е во функција на создавање алиби  и подготвување на терен да се амнестира власта од одговорност, доколку навистина ја изгубиме препораката за почеток на преговорите. Линк до оригиналниот напис: Заев го лаже членството на СДСМ дека за

Рецензија: Одлуката на СДСМ и Заев – „Грчка национална гордост“

на 2. 06. 2014 | |
Уште од насловот, па до крајот на текстот се гледа дека нешто не е во ред. Tексот уште од самиот наслов, кој е целосно тенденциозен , покажува што можеме да очекуваме. Инаку, иако се нудат извори, кои се блогови каде се изнесуваат лични ставови, во ниту еден момент не се труди да пренесе барем некоја официјална информација од Атина. Целиот текст се базира на два блога, кои се непознати за македонската јавност и кои не ја отсликуваат политиката на Грција, но според насловот и текстот тие „се најрелевантните“ извори од високата грчка политика. На крајот се нуди коментар кој секако влече корени од манипулацијата со насловот, па така и се завршува текстот: Дел од експертската јавност во Македонија во континуитет