Рецензии

Рецензија: Алфа екслузивно ви го претставува новиот изглед на Плаошник

на 24. 06. 2014 | |
Прилогот за комплетниот изглед на идниот верски центар на охридски Плаошник веднаш по прикажувањето наиде на голем одзив во стручната јавност. Преку него се доби еден подетален преглед со кој пред јавноста се претставува, како што се вели „едно од најголемите духовни и интелектуални светилиштa…кое станува културен и научен центар“. За ова имаше одгласи и од архитекти и од стручни лица загрижени за чување на културното наследство, што, за жал, помина без било каква регистрација во посочениот прилог, со што јавноста, која има право да знае сѐ што е релеватно за тој „светиклиментов центар“ останува скусена за битните сегменти од многустраните поместувања на проектните и градежни опстојности на проектот. Линк до оригиналниот напис: Алфа екслузивно ви го претставува новиот изглед

Рецензија: Само власт за СДСМ е слобода

на 24. 06. 2014 | |
Нова новинарско-политичка „манџа“ преку проверен рецепт: многу опозиција, малку извори, секако во форма на „упатени познавачи“, многу коментари, малку аргументи, многу критики на сметка на опозициското делување, ич опсервација-осврт кон актуелните политики на оние кои 8 години ја водат земјата и конечно малку професионално новинарство, а многу агитпропство. Линк до оригиналниот напис: Само власт за СДСМ е слобода Датум и време на објавување: 19.06.2014, 09:31 Датум на рецензирање: 21.06.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

„ОСВОЈУВАЊЕ НА СЛОБОДАТА“ НЕ ЗНАЧИ „ВРАЌАЊЕ НА ВЛАСТ“

Дури и трибините во најава, организирани од опозицијата, станаа вест за одредени медиуми. Поточно, таквите информации, се користат за своевиден „новинарски влез“ во приказната чија натамошна разврска и епилог немаат речиси никаква врска со иницијалната вест. Така оваа,

Рецензија: После шлаканицата од Брисел, СДСМ ќе води дијалог

на 23. 06. 2014 | | sq
Станува збор за целосно едностран и некоректен текст. Тенденциозноста се забележува уште од насловот со кој е озаглавен овој материјал: „После шлаканицата од Брисел, СДСМ ќе води дијалог“.  Фактички, ова е еден од серијата написи кои ја туркаат тезата дека европските дипломати вршат притисок исклучиво на опозицијата. И колку и да делува нелогично, власта е фина, политички коректна, со голем демократски капацитет и нема никаква вина за политичката криза во земјата! Линк до оригиналниот напис: После шлаканицата од Брисел, СДСМ ќе води дијалог Датум и време на објавување: 20.06.2014, 09:41 Датум на рецензирање: 21.06.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ШЛАКАНИЦИ САМО ЗА ОПОЗИЦИЈАТА!

Текстот се повикува на последната средба (05.06.2014) на врвот на СДСМ со еврокомесарот за проширување Штефан Филе,

Инфективно новинарство: Ширење зараза и интригантство без извори

на 20. 06. 2014 | |

[Рецензија: Зошто Заев оди пеш за Грција наместо со автомобилот од 80.000 евра?]

Има еден вид новинарство за кое нема да најдете лекции во учебниците, ниту, пак, во теориите за  медиумските жанрови и формати. Се вика инфективно новинарство, или инфективни новинарски текстови. Тоа се оние текстови што се интересни и интригантни, но во нив нема елементи кои можат да ја потврдат нивната вистинитост, најчесто се без извори, или во најдобар

Рецензија: И лани СДСМ бараше техничка Влада, условите на Заев исти како на Црвенковски

на 20. 06. 2014 | | sq
Од далеку е видлива тенденциозноста  и пристрасноста на текстот насловен: СДСМ и лани бараше техничка Влада, условите на Заев исти како на Црвенковски. Мотивите за пишување на овој материјал, кој толку нагласено се труди да ја дискредитира опозицијата и да ја претстави  како губитничка, не би можеле да се наречат новинарски. Тие се целосно политички обоени. Линк до оригиналниот напис:  И лани СДСМ бараше техничка Влада, условите на Заев исти како на Црвенковски Датум и време на објавување: 18.06.2014, 13:48 Датум на рецензирање: 19.06.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ЛИКУВАЊЕ И НЕВКУС

Текстот користи стара изјава на поранешниот лидер на СДСМ, (не е спорно дека е точно пренесена) само за да  стави знак на равенство меѓу политиката на актуелниот лидер и

Рецензија: Опозицијата без демократски капацитет, силниот притисок ја предомисли Буралиева

на 20. 06. 2014 | | sq
Ова е текст има измешано баби и жаби. Ја извртува вистината, лошо интерпретира изјави и напаѓа новинари. Затоа и денеска е тука. Затоа што според Кодекост на новинари: Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и имаат право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни. И: Член 16. Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различноста на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги; Линк до оригиналниот напис: Опозицијата без демократски капацитет, силниот притисок ја предомисли Буралиева Датум и време на објавување: 18.06.2014, 11:36 Датум на

Рецензија: Апанажата, моралот и етиката

на 20. 06. 2014 | |
Барањето на некогашни пратеници во Собранието на РМ да земаат апанажа во законски дозволениот рок, по завршувањето на нивниот мандат, со вонредните парламентарни избори стана актуелно заради тоа што на списокот ќе се најдат лица кои повикуваат на бојкот на Парламентот. За тоа проговорија познати лица од редовите на власта, па дури и премиерот најде повод да го искоментира тој чин. Телма посвети на оваa тема специјален прилог во кој од пристојна далечина од поединечните судбини и политички величини успеа, се чини, да направи непристрасна анализа, во која се вклучени сите димензии на случајот – и правните и етичките, пред сѐ.
Линк до оригиналниот напис: Апанажата, моралот и етиката Датум и време на објавување: 16.06.2014 Датум на рецензирање: 17.06.2014 Рецензент:

Рецензија: Половина милијарда евра од извоз на храна

на 19. 06. 2014 | |
Оваа вест има неколку големи проблеми: невозможни податоци, лоша структура и необјективен избор на податоците, кој не е сосема логичен и од кој не можат да се забележат вистинските трендови во надворешната трговија со храна на земјава. Линк до оригиналниот напис: Половина милијарда евра од извоз на храна Датум и време на објавување: 19.06.2014, 10:40 Датум на рецензирање: 19.06.2014 Рецензент: Владимир Петрески  

500 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ХРАНА? СЕКАКО!

Главниот проблем во однос на вистинитоста е во насловот и во првиот ред – односно тврдењето дека годинава ќе сме имале „Половина милијарда евра од извоз на храна“. Веста се повикува на службени податоци од Народната банка на РМ, но во нив никаде нема прогноза за извоз на

Рецензија: Жерновски навиваше во дрес со боите на Грција!?

на 19. 06. 2014 | |
Без оглед што станува збор за напис објавен од забавен портал, темата е повеќе од сериозна. Камуфлиран како бенигна информација поврзана со актуелен спортски натпревар, овој текст всушност е политички атак врз опозиционен политичар, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски. Во него без многу суптилност Жерновски е претставен како предавник на сопствената држава и нација бидејќи „Дојде да навива на трибините во Борис Трајковски облечен во  „Адидас“ маичка или дрес, што ли ќе беше, во сина боја со бели ленти,  кои се националните бои на нашиот вчерашен противник – Грција.“ За да се подвлече драматичноста на предавството на Жерновски, во текстот има и вакви искази: „Речиси сите беа облечени во боите на нацијата, освен тој…“ иако самите слики приложени како

Рецензија: Богатиот живот на водството на СДСМ во „диктатура“

на 19. 06. 2014 | |
Зошто рецензија на овој текст? – Затоа што има факти, ама извртени, затоа што вистинската слика за ситуацијата е претворена во нечија „виртуелна реалност“, затоа што има многу малку новинарска коректност и ангажираност, затоа што има премногу „наменска рециклажа“ на стари вести, затоа што има политичко „обландирање“ на постоечката состојба, затоа што има спин, затоа што има класична замена на тези. Ете затоа следи рецензија. Линк до оригиналниот напис: Богатиот живот на водството на СДСМ во „диктатура“ Датум и време на објавување: 13.06.2014, 12:23 Датум на рецензирање: 16.06.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПОЛИТИЧКО МЕШАЊЕ НА „БАБИ И ЖАБИ“

Овде станува збор за пример кој на најдобар начин покажува како вистинските факти, меѓусебно поврзани, надополнети со коментари и зачинети со бомбастичен